Според Манасиевски „децата“ од Ново Село биле „осудени насилници и трговци со дрога“


 

„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување на дрога и наркотични средства по член 215 од Кривичниот законик.

Христијан Ефтимов е внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, на кого му е поднесена кривична пријава врз основа на која е и осуден на година и пол условна казна затвор бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица. Ова е кривична пријава од 2024 година за којашто тој и Илија Стојанов се условно осудени на година и пол условна казна затвор.

Илија Стојанов, пак, освен што учествувал во тепањето на плоштадот заедно со внукот на Вице Заев, условно е и осуден за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик, а тоа е “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена опојна дрога.

Човекот до Филипче, организациониот секретар на СДС, Зоран Трифуновски, е лице кое, според јавно достапните информации, се гонело за обид за убиство и има богато досие за насилство и тепачки, а токму Филипче го постави на висока партиска позиција. Инаку, тој бил вработен во МВР, во обезбедувањето на Шеќеринска, и важи за близок човек на Зоран Заев, а претходно, во 2023 година, СДС го назначи за директор на МЖ Инфраструктура.

Вистината е дека Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, за да настрадаат недолжни луѓе и граѓани. Исто како што пушташе насилници и провокатори во Ташмаруништа.Вакви ликови како Трифуновски, или пак Ефтимов и Стојанов, на кои местото не им е во политиката, во името на СДС морализираат пред македонската јавност. Ова ли се децата на Македонија според Филипче?Не, токму ова е талогот на општеството“, оценува Манасиевски.