Нов сојуз на регионални сили: Турција, Пакистан и Саудиска Арабија ја зајакнуваат воената соработка


Саудиска Арабија, Турција и Пакистан денес потпишаа договор за колективна одбрана, објави пакистанското Министерство за надворешни работи, пишува АП, со оценка дека ова дополнително ја продлабочи соработката меѓу трите регионални сили во услови на растечки безбедносни предизвици.

Во заедничката изјава од трите земји се нагласува дека договорот има за цел да го зајакне колективното одвраќање од каква било форма на агресија.

Спогодбата предвидува дека секој вооружен напад врз една од трите земји ќе се смета за напад врз сите потписнички, како и подобрување на сите аспекти на одбранбената соработка меѓу Саудиска Арабија, Турција и Пакистан.

Според Ал Џезира, во соопштението се нагласува дека потпишувањето на договорот ја одразува посветеноста на трите земји за зајакнување на заедничката безбедност и постигнување мир, безбедност и стабилност во регионот и светот, стремејќи се кон побезбедна и попросперитетна иднина.

Спогодбата беше потпишана за време на состанокот меѓу саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во Саудиска Арабија,