Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје


Фото: Б. Грданоски

Момче загина попладнево на патот Радишани кон Побожје по сообраќајна незгода меѓу автомобил и мотоцикл, информацијата за МИА ја потврди доктор Драган Панов, раководител на смена во Итна медицинска помош – Скопје.

Според првичните информации, момчето – мотоциклист, кое починало на лице место, било на возраст од 21 година.  

– По пристигнувањето на лице место на наша екипа, констатирана е смрт на лице место без витални знаци на живот – изјави доктор Панов за МИА.