Стручната јавност повикува на одржливо рударство – Лепиткова: Да ги користиме ресурсите со максимална контрола


Развојот на рударството и заштитата на животната средина не се спротивставени цели доколку се применуваат современи технологии и строг институционален надзор, оценува професорката Соња Лепиткова, претседателка на Македонското геолошко друштво. Таа повика државата да создаде услови за одржливо користење на минералните ресурси, со јасни правила и постојана контрола на сите процеси. Според Лепиткова, проектот за […]

Пазарите реагираат на американските економски показатели: Цената на златото се искачи на 4.300 долари за унца


Цената на златото денеска достигна највисоко ниво во последните седум недели, поттикната од послабите од очекуваните податоци за вработеноста во приватниот сектор во САД, слабеењето на американскиот долар и очекувањата дека наскоро би можел да биде постигнат договор за повторно отворање на Ормуската Теснина. Спот-цената на златото во текот на денот достигна околу 4.300 долари […]

Косово обвини 20 лица за воени злосторства во Ѓаковица, меѓу нив и Милан Радоичиќ


Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против 20 лица за воени злосторства извршени во Ѓаковица во 1998 и 1999 година, а според Радио Слободна Европа меѓу обвинетите е и поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ. Обвинителството побара судењето да се одржи во нивно отсуство. Во соопштението на Обвинителството, обвинетите се идентификувани само со иницијали […]

Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба


Општина Гази Баба утре ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места и Сингелиќ, во кои загинаа 22 лица. На настанот ќе им биде оддадена почит на загинатите и ќе биде испратена порака дека споменот, солидарноста и одговорноста се трајна обврска.  – […]

Лишен од слобода маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа


Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 5 август околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при […]

Се бараат волонтери за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028


Подготовките за Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес 2028 веќе започнуваат, а организаторите го отвораат патот за сите кои сакаат да бидат дел од ова глобално спортско случување. Македонскиот олимписки комитет ги информира сите заинтересирани дека се отворени апликациите за волонтери за LA28. Волонтерите ќе бидат важен дел од тимот кој работи зад сцената […]

Зеленски во сабота доаѓа во Белград


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе престојува во официјална посета на Република Србија во сабота, 8 август 2026 година, пренесоа медиумите во Србија. Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе го пречека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти Службата за соработка со медиумите на Република Србија. Вучиќ и Зеленски претходно се сретнаа во Киев. кога […]

Познатиот банкар испрати предупредување до инвеститорите: Скриеното задолжување може да го наруши пазарот


Џејми Дајмон, главен извршен директор на ЈП Морган, предупреди дека левериџот (користење на позајмени пари со цел да се зголеми потенцијалниот профит од некоја инвестиција или тргување на финансиските пазари, заб.) останува висок, додавајќи дека инвеститорите треба да бидат свесни дека скриеното задолжување може да ги зголеми нарушувањата на пазарот. „Долгот на маргина е највисок […]

Исчезнато е 11-годишно момче од Долнени


Синоќа во 20:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено исчезнување на 11-годишно момче од селото Десово, Општина Долнени. Како што информира Министерството за внатрешни работи, 34-годишниот А.У. пријавил дека неговиот 11-годишен внук се оддалечил од домот. Од МВР велат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на детето.

Светот е на прагот на нов скок на цените на храната


Војните во Иран и Украина и временскиот феномен Ел Нињо создаваат „совршена бура“ од високи трошоци и послаби жетви што го доведоа светот на работ на нов бран зголемување на цените на храната, предупреди главниот економист на агенцијата на ОН ФАО, Максимо Тореро. Цените на храната беа главен двигател на бранот инфлација низ целиот свет […]

Студија: Електричните тротинети се поопасни од мотоциклите и велосипедите


Нова анализа на несреќите во Англија и Велс покажува дека возачите на е-тротинети се изложени на значително поголем ризик од сериозни повреди од мотоциклистите и велосипедистите. Тие имаат три пати поголема веројатност да претрпат трауматска повреда на мозокот од мотоциклистите, а жените се особено изложени на ризик. Студијата, исто така, откри дека возачите на тротинети […]

Судир на трамваи во Германија: 25 повредени, тројца во животна опасност


Сообраќајна несреќа во која учествувал трамвај во западниот германски град Гелзенкирхен во четврток повреди 25 лица, од кои 10 сериозно. Како се случил судирот Полицијата соопшти дека трамвај што се користел за обука одеднаш застанал во центарот на градот во близина на арената Велтинс. Трамвајот зад него, кој превезувал патници, се судрил со „запрен или […]

Ахмети се сретна со Варнс


Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денеска имал средба со вршителката на должност амбасадорка на САД Никол Варнс на која тој изразил благодарност за нејзиниот посветен и конструктивен ангажман, како и за придонесот во зајакнувањето на партнерството меѓу Соединетите Американски Држави и нашата земја. – Во отворена и конструктивна атмосфера разменивме мислења за […]

Без вода утре дел од скопско


ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Студеничани. Оттаму информираат дека поради дефект на затворач од ф-100 милиметри на улицата „1“ во село Морани кај кружниот тек, без вода ќе останат корисниците од село Морани.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување […]

МВР: 222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење


 Во текот на вчерашниот ден (05.08.2026) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на целата територија на нашата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 222 возачи. Од нив, 186 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возачи се лишени […]

Цените на нафтата повторно растат, пазарот стравува од проблеми во Ормуз


Цените на нафтата денес повторно пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до нивото од 81 долар за барел. Трговците се претпазливи поради неизвесниот исход од разговорите меѓу Иран и Оман за отворање на Ормускиот теснец и извештаите за напади врз саудиски танкери во Црвеното Море и Аденскиот Залив. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше […]

Во Германија пронајден дрон со експлозиви. Сомневање за руско мешање во изборите


Откривањето на дрон полн со експлозиви на аеродромот во Лајпциг предизвика загриженост за можно странско мешање во претстојните регионални избори во Германија. Инцидентот се случува во време кога десничарските политичари го искористуваат стравот на јавноста од ескалација на конфликтот со Москва во нивната кампања, пишува Политико. Дронот е пронајден на аеродромот, кој има стратешко значење […]

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија


  Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува долгорочен необезбеден кредит до 4 милиони евра на НЛБ Банка во рамките на програмата ГЕФФ 3, Обновлива енергија за станбени објекти (GEFF III REpower Residential) на Западен Балкан. Финансирањето ќе биде достапно во две еднакви транши и ќе поддржи натамошно кредитирање на инвестиции во зелената економија […]

ЕЦБ започна процес за нов дизајн на еврото: Граѓаните ќе гласаат за 10 предлози до 21 септември


Франкфурт – Европската централна банка (ЕЦБ) започна процес на редизајн на евробанкнотите, со цел тие да бидат побезбедни, поодржливи и попристапни за граѓаните. ЕЦБ претстави 10 предлог-дизајни, за кои јавноста ќе може да гласа до 21 септември, додека конечниот избор треба да биде направен до крајот на годинава. Еврото е официјална валута во 21 од 27-те […]

Ерик Вендт доби одобрение од американскиот Сенат за нов амбасадор на САД во Албанија, се чека потписот на Трамп


Тирана– Ерик Вендт доби одобрение и од американскиот Сенат за нов амбасадор на САД во Албанија. Сега, единствената формална постапка што преостанува е американскиот претседател Доналд Трамп да ја потпише номинацијата за Вендт да започне со работа во Албанија. Кандидатурата на Вендт е изгласана на пленарната седница на Сенатот со 50 гласа „за“ и 44 […]