Тинејџери се судриле со мотори – повредени тројца


Фото: Б. Грданоски

Вчера, во 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Маџари“ и ул.„Финска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Х.(18) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки управуван од 17-годишник од с.Стајковци, скопско, при што било удрено и паркирано товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобиле неговиот сопатник и Н.Х., констатирани во Компексот клиники „Мајка Тереза“ и Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.