(Видео) Курти гаѓан со јајца во косовското Собрание


Фото: Б. Грданоски

Тензии во Собранието на Косово откако пратеничката на Алијансата за иднината на Косово, Тиме Кадријај, фрли јајца кон вршителот на должноста премиер Албин Курти.

Инцидентот се случи откако Курти побара дополнително време за политички договор со партиите, посочувајќи дека сака да се избегнат нови избори. Потоа претседавачот Авни Дехари ја прекина седницата и побара интервенција од обезбедувањето.

Подоцна Курти изјави дека е подготвен да ја прифати и ваквата реакција доколку политичките партии седнат на разговори за надминување на институционалната криза.