Во конкуренција за наградата „Драги“ 27 препејувачи


  До крајниот рок за доставување на номинациите (1 јули 2026), пристигнаа 24 дела во превод на македонски јазик, како во печатен така и во електронски формат. Во конкуренција за наградата се 27 македонски преведувачи. Книгите се објавени од 9 издавачки куќи, а преводите се направени од 12 различни јазици. Опфатени се дела (самостојни книги […]

Шведска европратеничка пријави дански колега: „Никогаш не сум се чувствувала понебезбедно“


Шведската европратеничка Абир Ал-Сахлани поднесе полициска пријава против својот дански колега Кристофер Сторм, обвинувајќи го за расизам и говор на омраза откако таа беше цел на социјалните медиуми поради осудата на антиимигрантските скандирања во Европскиот парламент. Пријавата беше поднесена до шведската полиција минатата недела и се однесува на настаните по гласањето минатиот месец за предлогот […]

Маѓар вози џет-ски на одмор во Турција: „Сè платив со свои пари!“


По самитот на НАТО во Турција, унгарскиот премиер Петер Маѓар го продолжи престојот и отиде на четиридневен одмор во Анталија со своите два сина. Тој објави видеа од возење џет-ски, спуштање по водни тобогани и одење по плажа на социјалните мрежи, велејќи им на критичарите дека целиот одмор го платил со свои пари. Пред самитот, […]

Тројца загинати и петмина повредени во напад со дрон врз Московската област, четири лица ранети во напад врз Одеса


Три лица загинаа, а петмина се повредени во украински напад со беспилотно летало врз Московската област, соопшти регионалниот гувернер, Андреј Воробјов. Воробјов изјави дека жртвите се последица на пад на дрон, додавајќи дека во текот на ноќта руските единици за радиоелектронска борба и противвоздушна одбрана собориле 81 беспилотно летало над регионот. Во меѓувреме, руското Министерство […]

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Велес, денес сончево и до 34 степени


Најголема количина врнежи во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утринава, е измерена во Велес – 8 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според мерењата на дождомерните места на УХМР, 6 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, 5 во Штип, по 3 во Скопје-Петровец, Тетово и Маврови […]

Инфантино најави можно проширување на мундијалскиот формат со 64 репрезентации


Откако Светското првенство 2026 чиј домаќини се САД, Мексико и Канада ќе заврши, ќе седнеме и ќе ги разгледаме сите опции за евентуално проширување на форматот на мундијалскиот турнир во иднина, најави синоќа претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино. На тековното Светско првенство прв пат во историјата учествуваат 48 репрезентации, а веќе се […]

Театарската претстава „Татко“ на Продукцијата „Театарот на еден актер“ вечерва премиерно на „Охридско лето“


На програмата на годинешното 66. издание на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва е премиерната изведба на пртеставата „Татко“ од Флоријан Зелер, во продукција на „Театарот на еден актер“ од Скопје. Продукцијата „Театарот на еден актер“ – Скопје, како продолжение на продукцијата „Театар и филм – БМ“, основана во 2001 година од Бајруш Мјаку, има реализирано претстави […]

Пловидбата низ Ормуз на ниво најниско во последните пет седмици


Бројот бродови што вчера поминале низ Ормуската Теснина опаднал на ниво најниско во последните неколку недели, покажуваат податоците за поморскиот сообраќај, во мигови кога новите напади меѓу САД и Иран и инцидентите со бродови во регионот ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на тој стратешки пловен коридор. Според податоците од службите за следење на пловидбата, низ […]

Страотен пожар во ноќен клуб во Банкгок, најмалку 27 жртви


Најмалку 27 лица загинаа во голем пожар што избувна во ноќен клуб во Бангкок, пред пожарникарите да успеат да го стават пламенот под контрола. Пожарот бил пријавен околу полноќ. Снимките објавени од спасувачките екипи покажуваат пламени јазици како излегуваат од влезот на објектот во северниот дел на тајландската престолнина, додека луѓе се обидуваат да избегаат, […]

Собранието ќе избира нови членови на Владата


Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата.   Собранието треба да го разреши Игор Филков, министер за правда (ЗНАМ), а на негово место да го избере Јетон Шасивари (Вреди). Иван Стоилковиќ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ), ќе биде разрешен од Министерството за односи меѓу заедниците, […]

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати


Најмалку 4.490 лица загинале во двата разорни земјотреси што минатиот месец ја потресоа Венецуела, соопшти претседателот на Националното собрание Хорхе Родригес. Бројот на жртвите продолжува да расте повеќе од две недели по силните потреси. Само ден претходно, официјалниот број загинати изнесуваше 4.333 лица. Родригес, брат на привремената претседателка на Венецуела Делси Родригес, соопшти преку платформата […]

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година


Новите правила за правата на патниците во воздушниот сообраќај во Европската Унија денеска се очекува официјално да бидат одобрени од министрите на земјите-членки, со што ќе биде завршена последната процедура пред нивното стапување во сила. Реформите што претходно добија поддршка од Европскиот парламент, треба да почнат да се применуваат во средината на 2027 година и […]

ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите


На 1 јануари 2026 година, во ЕУ живееле 452,0 милиони жители, што е за 706 000 повеќе од претходната година. Ова е петта година по ред да има на раст на населението во ЕУ, по падот во 2021 година за време на пандемијата COVID-19. Негативниот природен прираст во ЕУ (повеќе смртни случаи отколку раѓања) што […]

Сончево време со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена […]

Основање на Кинеско – македонска стопанска комора


Во Скопје денеска ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора. На настанот, како што најавуваат организаторите предвидено е да се обратат Жаолонг Шао, претседател на Кинеско-македонската стопанска комора и заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски. Исто така, на настанот на основање на Комората, ќе се обрати и Хе Бингхуа, економски и трговски советник […]

Огромен пожар во близина на Париз (видео)


Два противпожарни авиони беа итно испратени во регионот на Париз вчера откако голем пожар избувна јужно од француската престолнина, нарушувајќи го сообраќајот за време на летниот викенд за патувања и дополнително влошувајќи ја ситуацијата во регионот погоден од топлотен бран, пишува Франс24. Пожарот, опишан од властите како „многу насилен“ и „од вонредни размери“, избувна доцна […]

Автомобилско шоу на Пониква – изложба на двесте автомобили


На локалитетот Аеродром, на Осоговските Планини, вчера неформална група граѓани од Кочани, љубители на автомобилизмот, организираа автомобилско шоу. На Пониква беа изложени околу 200 автомобили на сопственици од Македонија и Србија. Координаторот на настанот, Александар Митрев истакна дека се изложени спортски и уникатни возила, олдтајмери и специјално модифицирани проекти. Изложбата посветува внимание и на учеството […]

Вотка и духови: Монголски шаман спроведувал ритуал во Бугарија, платиле даночните обврзници


Познат бугарски археолог донел монголски шаман да изврши ритуал во Перперикон, античкото тракиско светилиште на Бугарија. За тоа платиле пари од даночните обврзници, а службениците сериозно го окарактеризирале како „научен експеримент“. Барањата на шаманот вклучувале вотка и цигари. Според еден од медиумите, во срцето на светиот карпест град Перперикон се случил извонреден настан, мешајќи го […]

Рама нема да дава пасоши на Албанците во Македонија откако ќе стане членка на ЕУ


 Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека Албанија нема да издава пасоши на етничките Албанци во Северна Македонија откако неговата земја ќе се приклучи на ЕУ, за разлика од она што го направи Бугарија. „Ние не сме земја што може да прави што сака, како сака, кога станува збор за прашања што се однесуваат на […]

Земјиштето продадено на Кушнер за луксузниот ресорт било со фалсификувани документи


Бизнисмен од Мајами, кој е баран во Албанија поради наводно перење пари од дрога, е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде што Џаред Кушнер сака да изгради одморалиште вредно повеќе милијарди долари, соопшти агенцијата за борба против организираниот криминал во земјата во досиејата на предметот што ги прегледа Ројтерс. Бизнисменот, Артур Шеху, ги […]