Рама нема да дава пасоши на Албанците во Македонија откако ќе стане членка на ЕУ


 Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека Албанија нема да издава пасоши на етничките Албанци во Северна Македонија откако неговата земја ќе се приклучи на ЕУ, за разлика од она што го направи Бугарија.

„Ние не сме земја што може да прави што сака, како сака, кога станува збор за прашања што се однесуваат на внатрешната хармонија на европското семејство.Бугарите го направија тоа откако станаа дел од Европската Унија, бидејќи нивниот пасош стана многу моќен“, изјави Рама.

Додека Албанија брзо напредува кон членство во ЕУ, Северна Македонија останува блокирана поради прашањето за бугарското малцинство.