И ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска соопшти дека законското решение за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, коешто по скратена постапка е на дневен ред на пленарна седница, треба да ги содржи механизмите утврдени со Законот за јавните набавки кои гарантираат интегритет, законитост, транспарентност, економичност и јавна отчетност. ДКСК посочува и […]

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи


Продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно (на домашниот и на странскиот пазар) во јуни годинава се зголемени за 0,5 проценти во однос на претходниот месец, а за 6,2 проценти во однос на јуни минатата година – објави Државниот завод за статистика.  Во однос на мај, регистрирано е зголемување на продажните цени во секторите […]

Свечено затворање на Скопско лето 2026


Дирекцијата за култура и уметност на Скопје Ве информира дека годишното 47-мо издание на фестивалот Скопско лето свечено ќе се затвори утре, 30.07.2026г. (четврток), на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан  во 20:30 часот со концерт насловен „Звук што расте“ – 40 години Камерен оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“. […]

Свршувачка на „Илинденски денови“ во Битола: Пејачот Никола Зацески ја побара за жена играорката Наталија Цветкова


  Свршувачка го одбележа вториот натпреварувачки ден на Фестивалот „Илинденски денови“ во Битола кога по настапот на Фолклорниот ансамбл „Битола“ од Битола, пејачот и игроорец Никола Зацески изваде веренички прстен и на големата сцена на платото пред Офицерскиот дом во Битола ја побара за жена играорката Наталија Цветкова, негова долгогодишна љубов. Самиот чин на запросување […]

Град Скопје субвенционира дефицитарни занаетчии


Град Скопје објавува Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии чии дејности бележат континуирано намалување. Право на учество имаат занаетчии со живеалиште на подрачјето на Град Скопје, од општините Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Шуто Оризари, кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик и ја доставиле […]

Девет грчки плажи на Хиос и Парос останаа без „сино знаме“


Нарадата за квалитет „Сино знаме“ е отстранета од девет грчки плажи на островите Хиос и Парос, бидејќи или не биле соодветно организирани за оваа сезона или при контролите било утврдено дека не ги исполнуваат строгите критериуми на програмата, но во секој случај квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката […]

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност


Лондон – Вимблдон 2026 постигна рекордна посетеност од 550.151 гледачи во текот на двете недели, што е малку повеќе од минатогодишниот вкупен број, објави ESPN, повикувајќи се на „Ол Ингланд клубот за тенис и крокет“. Зголемувањето на посетеноста на 139-то издание на Гренд слем турнирот на трева беше олеснето од фактот дека првенството беше без дожд […]

Девет грчки плажи на Хиос и Парос останаа без наградата „Сино знаме“


Атина – Нарадата за квалитет „Сино знаме“ е отстранета од девет грчки плажи на островите Хиос и Парос, бидејќи или не биле соодветно организирани за оваа сезона или при контролите било утврдено дека не ги исполнуваат строгите критериуми на програмата, но во секој случај квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, […]

Театарот КМД од Дубровник на 29 септември гостува во МНТ


Македонскиот народен театар на 29 септември ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ“ (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“, работена според драматизација на истоимениот роман на хрватската писателка Ивана Ловриќ Јовиќ. Гостувањето е уште една потврда за успешната  соработка меѓу Македонскиот народен театар и Казалиште „Марин Држиќ“. Неодамна МНТ гостуваше во […]

Се подобрува канализационата инфраструктура во Злокуќани


 Општина Карпош, во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, продолжува со реализација на активности за прочистување и одржување на канализационата мрежа, со цел навремено решавање на критичните точки и подобрување на условите за живот на граѓаните. Во фокусот на денешните активности беше улицата „Скупи“ во Злокуќани, каде што екипите работеа на расчистување на […]

Субвенции од 30.000 денари за приклучување на гас


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат […]

Платформата на граѓански организации бара повлекување на законот за „Скопје Европска престолнина на културата 2028“


Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од Собранието веднаш да го стопира донесувањето на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка, поднесен од група пратеници. Со предложениот Закон се предвидува за спроведување на овој Проект, Градот Скопје да основа Фондација „Европска престолнина на […]

Д-р Цана: Седуммина со западнонилска треска на Инфективната клиника, еден во сериозна здравствена состојба


Седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Здравствената состојба кај еден од нив, 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и е на респираторна поддршка – изјави денеска за МИА директорот на Клиниката, Фадил Цана.  […]

Д-р Даниловски објаснува зошто осумте случаи на западнонилска треска не ја покажуваат вистинската слика


Епидемиологот Драган Даниловски предупредува дека информацијата оти сите 8 досега регистрирани случаи на Западнонилска треска во Македонија биле со тешка, невроинвазивна форма може да создаде погрешен впечаток дека вирусот кај сите заразени предизвикува тешка болест и дека станал поагресивен. Во објава на Facebook, Даниловски нагласува дека тоа не е точно, бидејќи во официјалната статистика најчесто […]

На медитеранските игри Македонија ќе се натпреварува во 19 спортови


  Македонија во Таранто 2026 ќе ја претставува делегација која ги обединува искуството на докажаните спортисти и енергијата на новите генерации. Различни спортски приказни, различни патишта и една заедничка желба – со гордост да ги претстават македонските бои на XX Медитерански игри. Од 21 август до 3 септември, Таранто ќе биде местото каде македонските спортисти […]

Формирана Асоцијација на наставници по економија


Професорите по економија во Северна Македонија основаа национално професионално здружение. Здружението на професори по економија на Северна Македонија беше официјално основано на Основачкото собрание, одржано во кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Скопје. Основачите го потпишаа Основачкиот акт и го усвоија Статутот на Здружението, одбележувајќи го основањето на професионална организација посветена на унапредување […]

Рајо доби забрана да игра натпревари на својот стадион


Рајо Ваљекано бара привремен стадион откако властите во Мадрид ја суспендираа концесијата на клубот за користење на стадионот „Кампо де Ваљекас“ поради безбедносни причини, објави „IANS“. Заедницата на Мадрид, која е сопственик на стадионот на југот од шпанската престолнина, објави на 28 јули дека ревизијата открила сериозни недостатоци во одржувањето и прекршувања на регулативите. – […]

Сè уште активен пожарот на грчкиот остров Парос – нови евакуации во текот на ноќта


Подобрена е ситуацијата во пожарот во јужниот дел на грчкиот остров Парос по борбата со огнената стихија во текот на ноќта, но сè уште не е ставен под контрола, а досега, пораки од бројот 112 за итни случаи за превентивна евакуација беа испратени до жителите и сите оние кои се наоѓаат во десет села, јави […]

Земјотрес во Албанија почувствуван во околината на Струга


Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на околу 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4.  Според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил утрово […]

Тренчевска: Граѓаните секој ден трпат нов ценовен шок, a власта не презема мерки 


Тренчевска: Граѓаните секој ден трпат нов ценовен шок, власта не презема мерки    Граѓните од ден во ден живеат се полошо, животниот стандард континуирано се влошува, а последниот ребаланс на Буџетот ја потврди погрешната економска политика на ВМРО, нагласи потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во интервјуто во  „Вести Плус“ на телевизија Канал 5. Тренчевска посочи […]