САД добија 13,5 килограми збогатен ураниум, нк не од Иран


Министерството за енергетика на САД објави дека, од истражувачи реактор во Каракас се отстранети 13,5 килограми високо збогатен ураниум. Операцијата, според соопштението, е спроведена со соработка на САД со Велика Британија и Венецуела и е опишана како „победа за светот“, додека материјалот е префрлен во објектот на Министерството за енергетика на САД во Јужна Каролина, […]

„Дни оловни“: Нова песна на „Архангел“ во пресрет на големиот самостоен концерт (видео)


Повеќе од 20 години по нивниот последен студиски албум, македонскиот рок-состав „Архангел“ официјално се враќа со нова музика. Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор на музиката и текстот е фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува своето петто дискографско издание во пресрет на големиот самостоен концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на Стадионот на […]

Коалицијата „Вреди“ денеска се обединува во еден политички субјект


Политичката коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ќе одржи Конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело.  Процесот на обединување на партиите од коалицијата, која е дел од владејачкото мнозинство,  треба да биде потврден од над 805 делегати на конгресот што ќе се одржи попладне со почеток во 17 часот во Филхармонија.  По […]

Единаесет години од „Диво насеље“- Куманово се сеќава на загинатите херои


Денеска се навршуваат единаесет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се […]

Меси за Роналдо: Имавме големо спортско ривалство


Фудбалерот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, во интервју за „Ло де Поло“ забележа дека отсекогаш имал добар однос со Кристијано Роналдо. – Јас бев во Барселона, а тој беше во Реал Мадрид. Бевме ривали во сè, па луѓето секогаш нè споредуваа. Но, нашиот однос отсекогаш беше добар и респектабилен. Денес сме во различни фази од […]

Што има во досиејата за НЛО на Пентагон?


Сјаен извор на светлина забележан од Баз Олдрин за време на мисијата Аполо 11, мистериозен објект што прави „повеќекратни вртења од 90 степени“ со голема брзина и светлечки објект што се тркала по небото над Казахстан се само некои од деталите во новата серија досиеја за НЛО што Пентагон почна да ги објавува вчера. Претседателот […]

Нож и вилушка на европската чинија – гастрономија, музика и култура во Паркот на Франкофонијата


Во Паркот на Франкофонијата во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Нож и вилушка на европската чинија“, кој преку гастрономија, музика и култура ќе ги прослави европските вредности и заедништвото. Како што е наведено во соопштението на организаторите, настанот има за цел да ги доближи различните европски кујни и култури до граѓаните, создавајќи простор за […]

Трамп сака подолг прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека би сакал прекинот на огнот во војната на Русија во Украина да трае повеќе од три дена. „Би сакал тој (конфликт) да заврши“, додаде тој. Трамп, исто така, рече дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски веднаш се согласиле со неговиот предлог за привремено прекин […]

Европратеници бараат создавање одбранбен сојуз и независност од НАТО


Нов меѓупартиски сојуз на европратеници повикува на брзо создавање „европски одбранбена сојуз“, јави ДПА. „Да сметаме единствено на САД за одбрана на Европа е опасен ризик“, се вели во соопштението потпишано од пратеници од целиот политички спектар, вклучувајќи ги Германците Мари-Агнес Штрак-Цимерман, Михаел Галер и Тобијас Кремер. Тие наведуваат дека се потребни структури што ќе […]

Владата ќе го одбележи 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа


Под слоганот „Победа, принципи и вредност“, денеска во дворот на Владата ќе се одржи свечена церемонија по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Според најавата, на церемонијата премиерот Христијан Мицкоски, ќе положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“. По чинот на полагање цвеќе е предвидено пригодно обраќање на […]

Ден на Европа – оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“


На 9 Мај Европа ја слави годишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик на она што доведе до создавање на денешната Европската Унија.  Тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај 1950 година ја промовираше идејата за нова политичка соработка во Европа како средство за драстично намалување на можностите за […]

„Мајски оперски вечери“ почнуваат со оперите „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ од Џакомо Пучини


Со премиери на две оперски претстави од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, вечер во Националната опера и балет ќе бидат отворени 54. „Мајски оперски вечери“. Првпат две претстави ќе бидат изведени на почетокот на фестивалот. Официјално ќе биде отворен со палење на фестивалскиот оган од сопранистката со меѓународна кариера Ана Дурловски, која […]

Ден на победата над фашизмот


Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милијарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната […]

Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на […]

Досега се потврдени шест случаи на хантавирус, два се веројатни, објави СЗО


До вчера, шест случаи на хантавирус се потврдени од осум сомнителни случаи пријавени по епидемијата на крузерот MV Hondius во Атлантскиот Океан, објави Светската здравствена организација (СЗО). „До 8 мај, пријавени се вкупно осум случаи, вклучувајќи три смртни случаи (стапка на смртност од 38 проценти). Шест случаи се лабораториски потврдени како инфекција со хантавирус, од […]

И денеска не излегувајте без чадори, времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени […]

Ѓоковиќ по поразот од Прижмиќ: Нема да зборувам за тоа


Младиот хрватски тенисер Дино Прижмиќ (20) ја постигна победата на својата кариера победувајќи го Новак Ѓоковиќ во второто коло на Мастерсот во Рим со резултат 2:6, 6:2, 6:4. Во натпреварот што започна со неколку часа доцнење поради дождот и долгите претходни натпревари, Прижмиќ покажа исклучителна ментална сила и квалитет откако го загуби првиот сет и […]

Каде во Европа водата од чешма е најбезбедна, а каде најмалку безбедна?


Чистотата на водата варира низ Европа, при што Белгија, Германија, Луксембург и Чешка имаат едни од најзагадените подземни води на континентот. Подземните води се еден од најкритично загрозените ресурси низ ЕУ. Повеќе од 20% од блокот е во лоша хемиска состојба, што значи дека штетните супстанции, како што се жива, кадмиум и други, се над […]

Вo Тирана се одржа осмиот антивладин протест, не изостанаа судири со полицијата, молотови коктели, водени топови


Албанската опозиција, предводена од Демократската партија (ДП) пред владата во Тирана, вечерва го одржа осмиот по ред антивладин протест, за кој имаше дозвола само пред владата, но истата не беше испочитувана. Во неколкуте обраќање, говорниците побараа оставка на премиерот Еди Рама, нарекувајќи го  најголем криминалец, барајќи формирање техничка влада. Учесниците потоа продолжија кон Министерството за […]

Хрватот Прижмиќ го шокираше Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим


Четвртиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, не успеа да се пласира во третото коло на Мастерсот во Рим, откако вечерва загуби од Хрватот Дино Прижмиќ во три сета со 6:2, 2:6, 4:6. Најуспешниот тенисер на сите времиња и шесткратен освојувачот на турнирот во Рим беше поразен од 79-от тенисер на АТП листата по два часа […]