Владата ќе го одбележи 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа


Под слоганот „Победа, принципи и вредност“, денеска во дворот на Владата ќе се одржи свечена церемонија по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Според најавата, на церемонијата премиерот Христијан Мицкоски, ќе положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“.

По чинот на полагање цвеќе е предвидено пригодно обраќање на премиерот Мицкоски.