Попладне нестабилно со пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде […]

Презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата


Армијата на Република Северна Македонија денеска на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. Како што соопшти АРМ,  настанот се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ). -Граѓаните ќе […]

Кристал Палас ја освои Конференциската лига


Лондонски Кристал Палас го освои првиот европски трофеј во својата 119-годишна историја, откако синоќа во финалето на Лигата на конференции во Лајпциг го совлада Рајо Ваљекано со 1-0 (0-0). Ова беше петто издание на Конференциската лига во кое Кристал Палас стана петтиот клуб кој триумфирал, по Рома, Вест Хем, Олимпијакос и Челзи. Победата на англискиот […]

Трамп: Не ми е гајле за среднорочните конгресни избори


  Претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата изјави дека „не е задоволен“ од преговорите со Иран за договор за завршување на војната и дека не го интересира ефектот на конфликтот врз среднорочните избори, бидејќи победи на прелиминарните избори во вторник. „Тие многу сакаат да постигнат договор. Досега не стигнале до таму“, рече Трамп за […]

„Нема да трошиме ни време ни пари“: Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ


  Владата работи на Реформската агенда и тоа е јасен показател на европската ориентација на кабинетот на Христијан Мицкоски. Вака одговорија попладне од Владата на барањето на лидерот на СДСМ да се одржи референдум за членството во ЕУ. „Да не трошиме време и пари на граѓаните“, велат од Владата. Оттаму велат дека отворањето на фондовите […]

(Видео) Силно невреме ја погоди Словенија. Ветровите креваа покриви и соборуваа дрвја


Бура проследена со силни ветрови ги погоди источните делови на Словенија попладнево, а нови бури се формираат над западните и централните делови на земјата и се движат кон југоисток. Бурата веќе предизвика штети, при што ветерот фрлаше покриви и уриваше дрвја, што ги остави пожарникарите со полни раце работа. На некои места падна и град […]

По пасош се оди пристојно облечен – МВР со нов кодекс


Граѓаните ќе мора да се облекуваат пристојно кога ќе ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи откако МВР објави дека воведува Кодекс за облекување за вработените и странките. „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се […]

Комуналец – Прилеп го модернизира системот за селекција на електричен, текстилен и стаклен отпад


Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп информира дека во Прилеп е ставено во функција собирно место за селекција на електричен и електронски отпад, текстил и стаклена амбалажа, со цел унапредување на системот за управување со отпад и заштита на животната средина. Новото уредено собирно место им овозможува на граѓаните правилно да го одлагаат отпадот кој […]

Албанската влада планира до 2030 година да инвестира 7,9 милијарди евра  во транспортна инфраструктура


Албанската влада планира до 2030 година да инвестира 7,9 милијарди евра  во транспортна инфраструктура,  железнички линии и неколку важни патни правци – дел од Коридорот 8 и Јадранско-јонскиот коридор. Според транспортната стратегија усвоена од владата, железницата Драч – Приштина е на прво место.  Железничката линија што ќе ги поврзува Албанија и Косово ќе чини  750 […]

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во однос на најавите за укинување на роамингот на ЕУ со Западен Балкан, вели дека тоа не зависи од нас, туку од ЕУ, а оптимистичко сценарио тоа да се случи би можело да биде 1 јануари 2027 година. – Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би […]

Македонија добро котира на индексот на конкурентност во регионот, болни точки продуктивноста и истражувањето и развојот


Македонија е добро рангирана на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, кој обезбедува компаративен преглед на состојбите и капацитетите за иновации и конкурентност во регионот, како и сет препораки за унапредување на јавните политики и поттикнување на одржлив економски раст. Ова беше посочено на презентацијата на Индексот, во организација на Центарот на истражување […]

Промовирана биографска книга за одбојкарска легенда Владимир Богоевски


Под наслов „Секогаш на врвот“, денеска во Скопје беше промовирана биографска книга посветена на македонската одбојкарска легенда Владимир Богоевски, во авторство на доајенот на спортското новинарство Златко Калински. Делото ја содржи комплетната спортска генеза на Богоевски, од неговите почетоци, богатата кариера, најголемите професионални успеси, неговиот ангажман како спортски работник и спортски директор на Македонскиот Олимписки […]

Познато е кој бугарски град ќе биде домаќин на Евровизија во 2027 година


По историската победа на пејачката Дара, која ѝ ја донесе на Бугарија првата победа на Евровизија, потврдено е дека следното издание на натпреварот ќе се одржи во Софија. Бугарија за прв пат го освои натпреварот во Виена, а песната „Бангаранга“ ја освои публиката низ цела Европа. За разлика од вообичаената практика, овој пат нема да […]

Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја преполови својата плата


  Новиот премиер на Унгарија ја преполови сопствената плата и ги намали платите на своите министри во обид да ја врати довербата на јавноста, објави „Франкфуртер рундшау“. За да „постави пример“ по години наводна корупција во владата, Петер Маѓар објави дека ќе ја намали својата годишна плата на 45,6 милиони форинти (128.040 евра), помалку од […]

Градежниот и Економскиот факултет потпишаа Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија со два германски универзитета


Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија потпишаа денеска Градежниот и Економскиот факултет со два германски универзитета од Северна Рајна-Вестфалија – TH Köln и FernUniversität Hagen. Како што беше речено, целта е размена на информации, студенти и професори, но и поддршка за унапредување на студиските програми во насока на создавање генерации кои ќе ги […]

Перински се сретна со Азески: Модерни и развиени општини значат конкурентна економија


 Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска имаше работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески на која биле отворени повеќе прашања, меѓу кои – локалниот економски развој, инфраструктурните инвестиции и дигитализацијата. Како што информира Кабинетот на Перински, станало збор за унапредување на соработката помеѓу Министерството и Комората, со посебен акцент на тековните активности […]

Јаневска: Од в година само електронски свидетелства


Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека годинава свидетелствата за прво, второ и трето одделение ќе бидат електронски, но, со оглед дека прв пат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе се доделат, како што изјави, и печатени. Според Јаневска, идната година ќе има електронски свидетелства и за четврто, петто и шесто одделение, а […]

Истекува рокот за проверка и потврда на годишните даночни пријави за остварените приходи за 2025 година     


Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле […]

Зеленски му прати итно писмо на Трамп: „Ситуацијата е критична. Ве молам, помогнете“


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп во кое го предупредува за растечкиот недостаток на украински системи за воздушна одбрана, а особено на антибалистички одбранбени капацитети, пишува „Киев индепендент“. Апелот доаѓа во време кога Русија ги засилува масовните воздушни напади врз Украина и јавно се заканува со нов бран […]

Партијата на Ципрас се вика ЕЛАС, како армијата на движењето на отпорот од Втората светска војна


  Поранешниот левичарски премиер на Грција, Алексис Ципрас, во вторникот формираше нова партија за која се надева дека ќе ја обедини расцепканата опозиција во земјата, во услови на национална фрустрација поради политичкиот естаблишмент и неговата корупција. Ципрас, кој ја загуби власта во 2019 година, доби меѓународна слава како лидер на радикалната партија Сириза, која се […]