Семејството што го држи „Самсунг“ го плати најголемиот данок на наследство во историјата на Јужна Кореја


Семејството зад јужнокорејскиот корпоративен гигант „Самсунг“ ја заврши исплатата на 12 трилиони вони данок на наследство, околу 8 милијарди долари и најголемата таква исплата во историјата на земјата. Претседателот Ли Џе-јонг и другите членови на семејството, вклучувајќи ја неговата мајка Хонг Ра-хи и сестрите Ли Бу-џин и Ли Сео-хјун, ја платија сумата на шест рати […]

„Луфтханза“ ќе ја суспендира линијата Франкфурт-Скопје во јуни


Луфтханза ја суспендира линијата помеѓу Франкфурт и Скопје за цел јуни. Последниот лет е закажан за 31 мај, а обновувањето се очекува дури од 1 јули, но без потврден распоред. Одлуката доаѓа по бурен април за германскиот авиопревозник, обележан со штрајкови, гасење на подружницата CityLine и масовни откажувања на рутите низ мрежата. Последниот директен лет […]

Им нуделе по илјадарка на тинејџери да „дилаат“ дрога во училиште во Карпош


На деца од 13 до 15 години им било понудено за илјада денари да продаваат дрога на соученици во основно училиште на територија на скопски Карпош. За овие индиции била известена полицијата и разговарано на Совет на родители, покажува записникот до кој имаше вид Колегиум.мк. Поради тековна полициска проверка, редакцијата не го објавува името на […]

Со исказ на вешто лице од Судска медицина продолжува судењето за пожарот во „Пулс“


Со исказ не вешто лице од Судска медицина денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште на 28 април Обвинителството презентираше медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот.  […]

Повлекувањето на трупите од страна на Трамп од Германија го покренува прашањето за европската безбедност


Речиси не поминува недела без ново несогласување меѓу администрацијата на Трамп и Европа, но најновата закана за трансатлантските односи го засега НАТО. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе повлечат 5.000 војници стационирани во Германија, а можеби и значително повеќе, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц го критикуваше справувањето на САД со конфликтот во Иран, […]

Франција ќе демонтира затворена нуклеарка во близина на германската граница


Француската Влада одобри демонтирање на затворената нуклеарна централа Фесенхајм во близина на германската граница, откако вчера во службениот весник беше објавен декрет со кој се овластува енергетската компанија ЕДФ да почне со процесот. ЕДФ соопшти дека набрзо ќе почне со работа на проектот, кој ќе се спроведува во четири фази, додавајќи дека подготвителните работи се […]

СЗО: Тројца починати во сомнителна епидемија на хантавирус на крузер


Три лица починаа, а три други се заразени во сомнителна епидемија на хантавирус на мал крузер во Атлантикот, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО). СЗО на Х објави дека еден пациент е на интензивна нега во Јужна Африка. Двајца од починатите се холандски државјани, според холандското Министерство за надворешни работи. Хантавирусот кај луѓето може да […]

Царините за автомобили на Трамп се насочени кон Европа, а не само кон Германија, вели Мерц


Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека планираните повисоки царини на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на автомобили од ЕУ се насочени кон Европската Унија како целина, а не конкретно кон Германија. „Тој сака да биде насочен кон цела Европа“, изјави Мерц за германскиот радиодифузер АРД вчера, додавајќи дека Трамп е „во право што е […]

Како Мет Гала стана најексклузивниот моден настан?


Њујорк -Mет Гала ги слави модните креации изложени во Метрополитен музејот на уметноста, но вечерта на самиот настан, сите очи се насочени кон познатите личности кои носат фустани кои се вистински уметнички дела на влезот во музејот. Мет Гала, која традиционално се одржува првиот понеделник во мај, е добротворен настан за Институтот за костими на […]

Несреќа во Колумбија: Најмалку три лица загинаа на автомобилско шоу


Најмалку три лица загинаа откако АТВ (четирицикл) влета меѓу гледачи на автомобилско шоу во југозападна Колумбија, соопштија локалните власти. Според досегашните информации за синоќешниот инцидент, повредени се 38 лица, објави на социјалните мрежи Хуан Карлос Муњос, градоначалник на градот Попајан, каде што се случи трагедијата. Како што се гледа од снимките споделени на социјалните мрежи, […]

Интер ја обезбеди шампионската титула во Серија А три кола пред крајот


Екипата на Интер ја освои титулата во италијанското првенство откако синоќа во дуелот од 35.коло на домашен терен ја совладаа Парма со 2:0. На тој начин стигнаа имаат 12 бода повеќе од второпласираниот Наполи на три кола до крајот на шампионатот. Водечкиот гол за Интер во 45+1.минута го постигна Маркус Турам на асистенција на Пјотр […]

Австралија и Јапонија потпишаа договори за економска безбедност, одбрана и снабдување со суровини


Австралија и Јапонија потпишаа договори за економска безбедност, стратешки природни ресурси и одбрана, соопшти австралискиот премиер Ентони Албанезе, кој се сретна со јапонската премиерка Санае Такаичи во главниот град Канбера. Такаичи е во тридневна посета на Австралија. Тешкотиите со снабдувањето со нафта, поврзани со блокадата на Ормуската Теснина, имаат „далекусежни последици“ во Азиско-пацифичкиот регион, истакна […]

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Џулијани, е во критична состојба во болница


Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, е во критична состојба во болница, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп. Неколку американски медиуми, повикувајќи се на портпаролот на Џулијани, Тед Гудман, објавија дека 81-годишникот е на лекување во болница во американската држава Флорида во „критична, но стабилна состојба“. Гудман не даде детали за причината или времетраењето на […]

Денеска се одбележуваат 123 години од загинувањето на Гоце Делчев


Во земјава денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Бројни делегации и граѓани денеска ќе положат цвеќе и ќе се поклонат пред горобот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а предвидена е панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на која е најавено и присуство […]

Четириесет и шест години од смртта на Јосип Броз Тито


На денешен ден пред 46 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 […]

Германија и ЕУ нема да молчат на зголемувањето на царините за автомобили од страна на Трамп


Германското Министерство за економија вчера објави дека е во контакт со Европската комисија, која е во преговори со Вашингтон, по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги зголеми царините за увоз на автомобили од Европската Унија. „Ќе се координираме тесно во рамките на ЕУ за следните чекори“, се вели во соопштението на Министерството, […]

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката


Во македонското Собрание денеска ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2026 година за особено значајни остварувања во интерес на Република Северна Македонија во областа на науката. Државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во интерес на Република Северна Македонија во областа на науката им се доделува за делото „Континуитетот на Македонскиот јазик […]

Студено утро, во текот на денот температурата ќе се искачи до 25 степени


Утрово времето ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, сончево со […]

Трагедија во Драч: Пијан возач усмрти две деца додека си играле на тротоар, трето се бори за живот


Трагичен настан, што се случи во пристанишниот град Драч,  ја вознемири албанската јавност, кога возач кој управувал возило под дејство на алкохол удрил во деца додека играле на тротоар. Од ударот на местото на несреќата починале две деца на 10 и 13 години, додека едно на 8- годишна возраст се бори за живот на клиниката […]

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид


Мадрид – Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер, многу лесно го освои Мастерс турнирот од серијата 1000 на земјена подлога во Мадрид, откако попладнево со 6-1, 6-2 во финалето го совлада Германецот Александар Зверев. За само 25 минути, Синер поведе со 1-0 во сетови, а италијанскиот тенисер наиде на слаб отпор и во вториот сет […]