Марго Роби на Мет Гала во златен фустан од ламе со 1.080 везени елементи


Њујорк – Марго Роби пристигна синоќа на Мет Гала – секако, носејќи ништо друг освен Шанел. 35-годишната актерка и модна икона пристигна во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк облечена во фустан за кој биле потребни 761 час и речиси 1.100 везени парчиња. Златниот фустан од Шанел беше без прерамки, со долг, драпиран фустан од […]

Никшиќко позориште со претставата „Татко“ гостува на големата сцена во МНТ


На 18 мај во 20 часот на големата сцена во МНТ ќе гостува претставата „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Никшиќко позориште.  Претставата „Татко“ е едно од најпознатите дела на Зелер и има освоено престижни награди. По истиот текст е снимен и актуелниот […]

Вселенскиот патријарх по 27 години ќе се обрати во грчкиот Парламент


По првиот говор на седница на грчкиот Парламентот во 1999 година, вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ќе се обрати пред грчките пратеници на специјална седница, говор што од Парламентот го карактеризираат како „историски“, јави дописничката на МИА од Атина. Обраќањето на вселенскиот патријарх е по покана од претседателот на Парламентот Никитас Какламанис, а на „седницата од […]

Минесота и Њујорк поведоа со 1-0 во полуфиналните серии од НБА плеј офот


Екипите на Минесота и на Њујорк поведоа со 1-0 во полуфиналето од плеј офот, откако ги совладаа Сан Антонио односно Филаделфија. Минесота успеа да направи подвиг со триумф на гостински терен и победа од 104:102 против Сан Антонио. Иако беше најавено дека нема да игра Ентони Едвардс се појави на теренот кај Минесота и реализираше […]

Османи во Брисел за да го одбрани Охридскиот договор


 Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, реализира дводневна работна посета на Брисел, каде одржува средби со високи претставници на европските институции и на Европскиот парламент. Првиот ден, вчера, започна со средби со Емануел Жиофре, Директор за Европа во Европската служба за надворешна акција (EEAS), и Валентина Суперти, Директорка за Западен Балкан во DG […]

УЈП испрати 862.896 годишни даночни пријави. Еве што треба да се прави ако е пресметан поголем или помал данок


 Во законскиот рок – 30 април 2026 година, Управата за јавни приходи (УЈП) заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за остварен доход во 2025 година, пришто се изгенерирани вкупно 862.896 даночни пријави, информираат од УЈП. -Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП. […]

Вулкан еруптираше на Филипините


Вулкан во централниот дел на Филипините еруптираше рано утрово, исфрлајќи пепел од околу 800 метри во воздух, што ги натера властите да го одржат сегашното ниво на тревога, јавува Анадолу. Според Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs), ерупцијата на вулканот Канлаон се случила кратко по зората, при што пепелта се ширела кон запад. Второто […]

Алармантни бројки од ЕУ: Случаите на сексуално насилство и силување се во пораст


Бројот на пријавени случаи на сексуално насилство во Европската Унија е во пораст, додека европските институции истовремено дискутираат за воведување на единствена дефиниција за силување врз основа на согласност. Бројот на пријавени случаи на силување и сексуално насилство во Европската Унија се зголемува во време кога Унијата се обидува да воведе дефиниција за силување врз […]

Мет Гала 2026: Ѕвездите на најпрестижниот црвен килим во светот (галерија)


Њујорк – Институтот за костимографија на њујоршкиот музеј „Метрополитен“ синоќа го организира добротворниот престижен настан, со најголемите холивудски ѕвезди на црвениот килим, а од недела до 10 јануари 2027 година, ќе ја организира изложбата  „Уметност на костуми“, и инаугурација на значителни нови галериски простори. Традиционална домаќинка на настанот беше Ана Винтур, глобален директор во „Конде […]

Ќе се прска против комарци во Скопје


Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 07.05.2026 година (четврток), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. […]

Најдобрите пинг понг играчи од Светот и во 2026 ќе се натпреваруваат во Скопје


Скопје се подготвува да ги пречека најдобрите светски пинг понг рекети, по втор пат во историјата на македонскиот пинг понг. Од 1 до 7 јуни во салата Јане Сандански во Скопје ќе се одржи така наречениот Контендер (Contender) пинг понг натпревар од серијата World Table Tennis. На помалку од месец дена до почетокот Словенецот Дарко […]

ДМП в сабота ќе го одржи редовното годишно Собрание


Друштвото на писателите на Македонија ја информира книжевната и културната јавност дека ќе го одржи редовното годишно Собрание на 30 мај (сабота) во 12 часот, во своето седиште на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје. Како и минатата година, Собранието ќе биде од хибриден карактер, односно активните членови ќе можат да учествуваат со физичко […]

Блејк Лајвли и Џастин Балдони вонсудски се спогодија


Сакраменто – Актерот и режисер Џастин Балдони постигна спогодба во врска со тужбата што против него ја поднесе актерката Блејк Лајвли, за наводно сексуално вознемирување за време на снимањето на романтичната драма „Ова завршува со нас“, соопшти продукциската куќа на Балдони. Со спогодбата е избегнато граѓанското судење закажано за мај, на кое Лајвли требаше да се […]

(Видео) Макрон пее, Пашињан удира на тапани: Сцена од Самитот стана хит


Францускиот претседател Емануел Макрон изведе класична француска балада пред гостите на важен европски самит во Ерменија. Неговиот настап се одржа за време на вечера одржана во негова чест во Ереван, главниот град на Ерменија, каде што се одржува самитот на Европската политичка заедница. Видео објавено на социјалните мрежи го прикажува ерменскиот премиер Никол Пашињан како […]

Најстудено во Берово, најтопло во Виница и Крушево


Утрово најсудено било во Берово каде во 7 часот е измерена температура од 0 степени целзиусови, а најтопло во Виница и Крушево со измерени 8 степени. Според УХМР, 2 степени се измерени во Битола, 3 Mаврови Анови, Тетово, Струмица, 4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Демир Капија, Велес, 5 Охрид, Прилеп, Попова Шапка, Штип, Куманово, и […]

Маск сакал да се спогоди со OpenAI само неколку дена пред нивната судска пресметка


Елон Маск побарал потенцијална спогодба со OpenAI два дена пред да започне неговото масовно судење против производителот на ChatGPT минатата недела, се вели во новиот судски поднесок од OpenAI. Маск испратил порака до претседателот на OpenAI, Грег Брокман, „за да го процени интересот за спогодба“ на 25 април, според поднесокот поднесен во неделата вечерта од […]

Обама: Нетанјаху и мене ме наговараше на војна со Иран, сега го доби она што го сакаше


Поранешниот американски претседател Барак Обама предупреди дека Соединетите Држави ризикуваат катастрофална глобална штета ако нивните лидери ги напуштат основните човечки вредности. Обама индиректно се осврна на заканите на претседателот Доналд Трамп кон Иран, а изјавите ги даде во интервју објавено во понеделник во списанието „Њујоркер“. Во статија насловена како „Барак Обама ја разгледува својата улога […]

Работилница на ФИНКИ „Дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик“


Работилница „Дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик“ денеска ќе се одржи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) по повод Денот на македонскиот јазик.  -Работилницата ќе ни овозможи заеднички да ги истражиме постојните дигитални ресурси и алатки за македонскиот јазик, да ги препознаеме празнините и да поразговараме за можностите за нивно пополнување. Особено […]

Уште двајца патници со симптоми на смртоносниот хантавирус, блогер сними емотивно видео


Медицинскиот персонал евакуираше две лица со симптоми на смртоносниот хантавирус од луксузниот крузер „Хондиус“, кој се закотви во понеделникот покрај брегот на Западна Африка, а превезуваше претежно британски, американски и шпански патници. Околу 150 лица на бродот беа ставени во карантин откако три лица починаа, објави Ројтерс. Меѓу починатите се холандски пар и германски државјанин, […]

Два земјотреса регистрирани во Србија во текот на ноќта


  Два земјотреса беа регистрирани во Србија ноќеска – земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала беше регистриран утрово во 2:35 часот во регионот Бездан, соопшти Републичкиот сеизмолошки институт на Србија. „Интензитетот во епицентарот беше проценет на шестиот степен од Меркалиевата скала, што значи дека земјотресите со оваа јачина можат да предизвикаат мали […]