Минесота и Њујорк поведоа со 1-0 во полуфиналните серии од НБА плеј офот


Екипите на Минесота и на Њујорк поведоа со 1-0 во полуфиналето од плеј офот, откако ги совладаа Сан Антонио односно Филаделфија. Минесота успеа да направи подвиг со триумф на гостински терен и победа од 104:102 против Сан Антонио.

Иако беше најавено дека нема да игра Ентони Едвардс се појави на теренот кај Минесота и реализираше 18 поени за 25 минути, но донесе голема психолошка поддршка за својата екипа.

Кај Сан Антонио, Виктор Вембањама одигра одличен натпревар со рекордни 12 блокади во плеј оф натпревар, а имаше и 11 поени и 15 скокови. Тој стана трет играч со двоцифрен број блокади во плеј офот од сезоната 1973/74.

Најефикасен кај победничкиот тим беше Џулијус Рендл со 21 поен.

Њујорк убедливо ја совлада Филаделфија со 39 разлика – 137:98, а покрај одличниот шут за три поени (19 од 37) имаа и 39 скокови и 34 асистенции. Џерад Брансон постигна 35 поени во победата на својот тим.

Вечерва стартуваа другите два полуфинални дуела: Детроит – Кливленд и Оклахома Сити – Лос Анџелес Лејкерс.