Најстудено во Берово, најтопло во Виница и Крушево


Фото: Б. Грданоски

Утрово најсудено било во Берово каде во 7 часот е измерена температура од 0 степени целзиусови, а најтопло во Виница и Крушево со измерени 8 степени.

Според УХМР, 2 степени се измерени во Битола, 3 Mаврови Анови, Тетово, Струмица, 4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Демир Капија, Велес, 5 Охрид, Прилеп, Попова Шапка, Штип, Куманово, и 6 степени во Кавадарци, Гевгелијa, Скопје-Зајчев Рид. 

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Попладне наместа ќе има појава на умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.