Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците


Вашингтон – Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска на церемонијата на пречекот на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила во Белата куќа изјави дека Американците низ историјата ги имале своите најблиски сојузници токму во Британците, истакнувајќи ги долгогодишните врски меѓу двете земји. Трамп, како што пренесува Би-Би-Си, рече дека тој и неговата сопруга, првата […]

Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток


Светската банка во извештај објавен денеска предупреди дека војната на Блискиот Исток ќе предизвика голем раст на цените на енергенсите за 24 отсто во 2026 година, додека вкупните цени на стоките ќе скокнат за повеќе од 16 отсто, што дополнително ќе ја поттикне инфлацијата и ќе го забави глобалниот економски раст. Како што се наведува […]

Биљана Ангелова повторно избрана за ректор на УКИМ. Доби помалку гласови, но освои повеќе поени


Проф. д-р Биљана Ангелова е повторно избрана за ректор на најстариот македонски универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ). Таа ја доби довербата на академската заедница на денешното гласање, со што ќе го води универзитетот и во новиот мандатен период 2026–2029 година. Ангелова, која е актуелна ректорка од септември 2023 година, во изборната трка се соочи […]

Прв пат во историјата: Земја што воопшто не е во Европа поканета на состанок на европски лидери


За прв пат во историјата, земја надвор од европскиот континент – Канада – е поканета на самит на Европската политичка заедница. Премиерот на Канада, Марк Карни ќе им се придружи на лидерите на 47 земји на 4 мај во Ереван, на собир што стана клучно место за координирање на одговорите на глобалните кризи. Канада е […]

Хрватска и Босна потпишаа договор за гасовод кој ќе ја намали нивната зависност од Русија


 Хрватска и Босна денеска во Дубровник потпишаа договор за изградба на важен гасен интерконектор, спонзориран од Вашингтон, кој се очекува да му овозможи на Сараево да ја намали својата енергетска зависност од Русија – нивниот единствен снабдувач со гас во моментов. Гасоводот ќе ја поврзе босанската мрежа со терминал за течен гас на хрватскиот остров […]

Новите правила за прва помош во Грција одложени за 2027 година


Грчките власти донесоа одлука за одложување на примена на новите, построги барања за содржината на автомобилските аптеки. Според информациите објавени во грчкиот „Службен весник“, обврската за поседување на новото прва помош опрема стапува на сила од 1 јануари 2027 година. Првичниот план предвидуваше овие правила да почнат да се применуваат многу порано, но одлуката за […]

Златен медал за македонските кадети ракометари на Светското училиштно првенство


Машката македонска ракометна селекција успеа да го освои златниот медал на Светското училиштно првенство што изминативе денови се одржуваше во Скопје. Македонските кадети во финалето попладнево ја совладаа репрезентацијата на Израел со 38:32. Македонскиот тим предводен од селекторот Горан Кузманоски имаше водство во текот на целиот натпревар, а на полувреме беше 20:14. Во вториот дел […]

28 април во историјата – Бунтот на бродот „Баунти“


  Tри недели по патувањето од Тахити до Вест Индис, бродот „Баунти“ е запленет во бунт предводен од Флечер Кристијан, помошник на командирот. Капетанот Вилијам Блај и 18 негови лојални поддржувачи беа оставени во океантот на мал отворен чамец, а „Баунти“ тргна кон Тубуаи јужно од Тахити. Во декември 1787 година, „Баунти“ ја напушти Англија […]

„Културата е најлесна мета“: Протест на културните работници пред Уставниот суд


    Културни работници денеска протестираа пред Уставниот суд, во организација на Синдикатот на културата (СКРМ). Културните работници стравуваат дека судската постапка во уставниот суд поврзана со Колективниот договор во културата може да доведе до уривање на веќе стекнатите работнички права. На протестот изјавија дека Уставниот суд треба да биде последниот штит на правдата, последната […]

Грција го зголеми бројот на „недопирливи“ плажи за лежалки и барови


Грција го зголеми бројот на плажи на кои забранува лежалки, гласна музика и водни спортови за да ја заштити својата природна убавина. Грчките министерства за финансии и животна средина во заедничка изјава оваа недела изјавија дека го зголемуваат бројот на своите „недопрени плажи“ на 250. Плажа со статус на „недопрена“ во Грција значи дека се […]

Кои компании имаат најголема добивка во 2025? На врвот е Комерцијална банка


  Кои компании во Македонија имаат остварено најголеми добивки во 2025. „Фактор“ ја објави листата. На врвот од листата на Топ-50 добивки доминираат банките, телеком операторите, друштва од фармацијата како „Алкалоид“ и „Мега витал“ (Зегин) , од електроенергетиката, трговијата со горива, но и од секторот за градежни материјали како „Усје Титан“, „ИГМ Трејд“, „Кнауф Радика“. […]

Војната во Иран покажува дека НАТО не е подготвен да се бори против Русија


БРИСЕЛ — НАТО остана надвор од војната меѓу САД и Израел во Иран, но конфликтот сепак откри пукнатини во одбраната на алијансата што би ја довело до тешкотии ако Русија нападне. „Војните во Украина и Блискиот Исток не се одвоени феномени; има многу што да се научи од двете размислувајќи за војните на утрешнината“, рече […]

Зеленски им се заканува на Израелците со санкции поради украдено жито


Украинскиот претседател Володимир Зеленски се закани дека ќе воведе санкции против израелски поединци и бизниси кои купуваат жито произведено во региони окупирани од Русија.Украинската влада подготвува пакет санкции насочени и кон луѓето што го транспортираат житото, како и кон оние на другата страна од трансакцијата во Израел, рече Зеленски во објава на X.Неговата објава најавува […]

Доживотна казна затвор за Денис Асанов која ја уби штипјанката Борјанка Николова


Доживотна казна затвор доби 74-годишниот штипјанец Денис Асанов, кој лани ја убил 79-годишната Борјанка Николова од Штип, по што го распарчил нејзиното тело. Дел од нејзиниот труп беше пронајден во дворот од неговата куќа, а останатите делови од телото не беа пронајдени, иако полицијата, заедно со штипското комунално претпријатие „Исар“ извршија претраги и на депонијата […]

Белата куќа сака Кимел да биде отпуштен, Клуни го брани. Кој е Џими?


Вашингтон – Холивудскиот актер Џорџ Клуни застана во одбрана на водителот Џими Кимел, кој беше критикуван од Белата куќа по контроверзната шега за Меланија Трамп и пукањето што ја прекина вечерата на дописниците од Белата куќа оваа недела. Минатата недела, Кимел одржа „алтернативна“ вечера во неговото шоу „Џими Кимел во живо“, каде што се пошегува […]

Обединетите Арапски Емирати излегуваат од ОПЕК по шест децении членство


Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) официјално објавија дека ги напуштаат организациите ОПЕК и ОПЕК+, составени од најголемите светски производители на нафта. Оваа историска одлука доаѓа по речиси шест децении членство, а државниот врв на Емиратите појасни дека потегот е во согласност со нивната „долгорочна стратешка и економска визија и развојниот енергетски профил“. Министерот за енергетика на […]

Бурни реакции во Босна на картата објавена на собир во Загреб


  Министерството за надворешни работи на БиХ вчера испрати протестна нота до Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска, изразувајќи го своето незадоволство од собирот одржан во Загреб минатиот викенд, на кој беше презентирана идејата за воспоставување „трет ентитет“ во БиХ. Во нотата, до која Хина имаше пристап, се наведува дека Министерството за надворешни […]

Висат парите од ЕУ за десет чекори од реформите, Изборниот закон е меѓу нив


  Владата работи на десет критични точки кои се обемни, а една од нив е реформата на Изборниот законик, истакна денеска министерот за европски прашања, Беким Сали. „Едно од специфичните точки е Изборниот законик, кој што бара поголем, поширок консензус. Не можеме тоа да го направиме преку ден само за да го исполниме тој чекор. […]

„The Skopje Project“  е книга за минатото на Скопје, но и за неговата иднина


„The Skopje Project“ од авторот и уредник, проф. д-р Огнен Марина, професор и поранешен декан на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје, беше промовирана во Скопје, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, беше претставена во рамките на меѓународната конференција „Shaping Skopje’s Future: Culture, Urban Policies and Sustainable […]

Лицата без државјанство можат да се лекуваат преку „Мој термин“


Во националниот електронски систем „Мој термин“ вметнат е модул за евидентирање на здравствените услуги за лицата без лични документи. Лицата без утврден идентитет, кои преку надлежните институции добиваат единствен идентификационен број, преку овој модул можат да бидат препознаени во здравствениот систем. Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на промоцијата на протоколот за постапување […]