Кои компании имаат најголема добивка во 2025? На врвот е Комерцијална банка
Кои компании во Македонија имаат остварено најголеми добивки во 2025. „Фактор“ ја објави листата.
На врвот од листата на Топ-50 добивки доминираат банките, телеком операторите, друштва од фармацијата како „Алкалоид“ и „Мега витал“ (Зегин) , од електроенергетиката, трговијата со горива, но и од секторот за градежни материјали како „Усје Титан“, „ИГМ Трејд“, „Кнауф Радика“.
На самиот врв е Комерцијална банка со добивка од 82,5 милиони евра, а по неа е НЛБ банка со 79,3 милиони евра.

Тука се и компаниите кои како инвеститори работат во индустриските зони како „Џонсон Мети“, „Ван Хол“, „Магна мирорс“, „Амфенол“ и „Костал“.
„Филип Морис“ и „Империал тобако“ се претставници од тутунската индустрија. Од производството на пијалоци се Пивара Скопје и „М-6“ (Тиквеш). Од малопродажните синџири во Топ-50 единствено се КАМ и „Кипер“.