Дубаи преплавен од миленичиња, сопствениците избегаа и ги оставија


Иселениците што бегаат од Дубаи ги напуштаат своите домашни миленици додека брзаат да ја напуштат земјата од Заливот, велат ветеринарите.Некои луѓе брзаат да излезат откако иранските ракети погодија локации во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) по бомбардирањето на Иран од страна на САД и Израел. Околу 14.000 Британци веќе контактирале со Министерството за надворешни работи за […]

Унгарскиот парламент усвои резолуција против членството на Украина во ЕУ


  Унгарскиот парламент на 10 март гласаше во поддршка на резолуцијата со која се спротивставува на пристапувањето на Украина во ЕУ и континуираната европска помош за земјата разорена од војна. Пратениците ја повикаа унгарската влада да „избегне испраќање пари или оружје во Украина“ и наместо тоа да ги поддржи „меѓународните мировни напори“, изјави портпаролот на […]

Зеленски: Русија го користи Иран за да се извлече од санкциите


Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Русија се обидува да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од меѓународните санкции и да обезбеди дополнителни ресурси благодарение на флуктуирачките цени на нафтата и гасот. „Детално ги анализираме достапните податоци за намерите на руското раководство да ја искористи ситуацијата околу Иран и евентуалното продолжување […]

САД потрошија муниција за 5 милијарди долари само во првите два дена од војната


  Американската војска потроши муниција во вредност од повеќе од 5 милијарди долари во првите два дена од војната против Иран, според два извори запознаени со проценката што Пентагон му ја достави на Конгресот во понеделник. Огромната бројка од 5,6 милијарди долари предизвикува растечка загриженост на Капитол Хил за тоа колку брзо Министерството за одбрана […]

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица


 Вкупно 14 пријави за семејно насилство се евидентирани деновиве, четири лица се лишени од слобода, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Во гостиварско село денеска полициски службеници од ОВР – Гостивар го лишиле од слобода А.Р., на возраст од 21 година, постапувајќи по претходна пријава од неговата невенчана 23-годишна сопруга дека агресивно се однесувал […]

Илјадници писатели објавија празни страници во знак на протест против вештачката интелигенција


Лондон – Илјадници автори објавија „празна“ книга наречена „Не ја крадете оваа книга“ во знак на протест против компаниите за вештачка интелигенција (ВИ) за кои тврдат дека ја користат нивната работа без дозвола или надомест. Околу 10.000 писатели учествуваа во проектот, меѓу кои Казуо Ишигуро, Филипа Грегори и Ричард Осман, објави Гардијан. Книгата не содржи […]

„Бритиш ервејс“ ги откажа летовите до Абу Даби до крајот на годината


Лондон – „Бритиш ервејс“ објави дека ги откажа сите летови до и од Абу Даби до крајот на оваа година поради војната на Блискиот Исток. Компанијата соопшти дека летовите до и од Аман, Манама, Доха, Дубаи и Тел Авив се откажани до крајот на овој месец. „Постојано ја следиме ситуацијата и сме во контакт со […]

Ирански хакери пратиле порака на албански пратеници: „Поблиску сме до вас одошто мислите“


Ирански хакери им ги парализираа компјутерите на албанските пратеници, па оставија порака: „Поблиску сме до вас одошто мислите“. Извори наведуваат дека администрацијата и пратениците од утрово немаат пристап до компјутерите и електронската пошта.По ова реагираше и Националната управа за сајбер безбедност. „Денеска беше пријавен сајбер напад поврзан со електронската пошта на албанскиот парламент. Националната управа […]

Уште шест компании за одгледување канабис останаа без лиценци


 Владата денеска донесе одлука за одземање лиценци на уште шест фирми кои одгледуваат марихуана, истакна владината портпаролка Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција. Митева посочи дека станува збор за законски пропусти при извршена проверка од страна на Комисијата која што е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат.  […]

Хермес наводно одбил да ѝ продаде на Норт Вест ретка чанта Кели


Ким Кардашијан и Канје Вест наводно имале срамно искуство со купување во Хермес кога се обиделе да купат ретка чанта Кели за нивната ќерка Норт, но не успеале. Оваа информација ја открил поранешен вработен во луксузниот бренд, пишува Page Six. Одбиен пар на славни личности Новинарката Ејми Одел разговарала со поранешен вработен во бутикот Хермес […]

Саудиска Арабија предупредува на „катастрофа“ ако Ормутскиот теснец остане затворен


  Државната нафтена компанија на Саудиска Арабија предупреди на „катастрофални последици“ за светските пазари на нафта доколку војната меѓу САД и Израел со Иран продолжи да го блокира превозот во Ормутскиот теснец. Најголемата светска нафтена компанија очекува да може да извезува околу 70 отсто од своето вообичаено производство на сурова нафта и покрај притисокот врз […]

Сиљановска во Треблинка им оддаде почит на убиените македонски Евреи


  Во Меморијалниот комплекс Треблинка во Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им оддаде почит кон жртвите и положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи депортирани од фашистичкиот окупатор во логорот на смртта во 1943 година. Во изјава за медиумите таа порача дека нема да дозволиме историски ревизионизам и фалсификување на вистината за холокаустот на […]

Скандал: 234 советници во општините што ги раководи речиси исклучиво ВМРО-ДПМНЕ го кријат имотот


  Државната комисија за спречување на корупцијата поведе постапки против 234 советници избрани во општините низ државата затоа што не ја исполниле законската обврска да поднесат изјава за имотна состојба во предвидениот рок.  Бројката на советници што ја избегнале обрската е толку голема така што овој случај зборува за транспарентноста и отчетноста на актуелната локална […]

Британските пратеници гласаа против забрана на социјалните мрежи за лица под 16 години


Забраната за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години е одбиена од пратениците во Парламентот на Обединетото Кралство. Пратениците гласаа 307 наспроти 173, против предложената измена на Законот за благосостојба на децата и училиштата. Предлог-законот за старосна граница претходно годинава беше поддржан во Горниот дом на собранието, по зголемените повици од активисти, меѓу […]

Читањето и учењето нè обликуваат – улогата на наставниците останува клучна


Во време на интернет, дигитализација и вештачка интелигенција, кога до информација може да се стигне за неколку секунди, вистинското знаење сепак не се гради со еден клик. Тоа започнува со љубопитноста, со желбата да се истражува, да се разбере и да се поставуваат нови прашања. Токму во книгата започнува тој пат, тивок, но моќен простор […]

Централните банки во Европа и Азија се соочуваат со предизвикот за зголемување на каматните стапки


Европските централни банки се соочија со притисок од финансиските пазари да ги зголемат каматните стапки во понеделник, бидејќи војната во Иран ги зголеми цените на енергијата и ги разгоре стравовите од нов бран на инфлација. Инвеститорите ги зголемија очекувањата дека Европската централна банка, Швајцарската национална банка и Шведската централна банка би можеле да ги зголемат […]

Прва проба на претставата „Мачкина глава“ во Драмски


Во Драмски театар Скопје денеска се одржа првата проба на претставата „Мачкина глава“ во режија на Дејан Пројковски.   „Мачкина глава“ е драмски текст на проф. д-р Венко Андоновски, македонскиот романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар, теоретичар на литературата и културата. Тој е автор на 35 книги од најразлични жанрови, а  неговите драмски текстови по […]

Украинските сили изведоа сложена операција, ја пробија руската одбрана и погодија важна цел


  Украинските сили за удар со долг дострел и специјални операции погодија руска воена локација за која се верува дека се користи за складирање и лансирање на смртоносните дронови „Шахед“, објави „Киев пост“. Прецизни напади беа извршени од западно оружје во областа на окупираниот Донецк. Првиот бран на удари се случи во саботата наутро, кога […]

Наставник барал од ученичка да имаат полови односи


На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе […]

Пречистителната станица во Кучевишка Бара ќе опслужува околу 3.000 жители


Изградбата на пречистителната станица во Кучевишка Бара, проект со вкупна вредност од 129 милиони денари што ќе опслужува околу три илјади жители во населените места Кучевишка Бара во Општина Чучер Сандево и Бел Камен во Општина Бутел е во полн ек. Градоначалникот на Општина Чучер-Сандево Зоран Бајовски, информираше дека пречистителната станица, која ќе ги опслужува […]