Кривична за демнач, четворица тепале старица


Во неколку одвоени случаи, МВР нотира насилство врз жени, закани, демнење, само неколку дена по стравичниот случај на семејсно насилство, кој заврши кобно за мајка и дете.  СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.И.(58) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. На 14.01.2026 во Тетово, пријавениот следел 18-годишна девојка. На […]

Лажел дека е повреден во сообраќајка, имал прострелна рана


Вчера, во 15:13 часот во СВР Скопје, од Општата градска болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен П.Ѓ.(25) од Албанија. Имено, тој пријавил дека се повредил при случена сообраќајна несреќа од пред неколку дена, но по преземени мерки, лекарите утврдиле дека тој има прострелна рана. Се преземаат мерки […]

Ѕвезди од Париската опера ќе гостуваат на отварањето на „Танц фест“ на 18 април


Во организација на Културниот центар „Интерарт“, кој годинава одбележува 30 години постоење, на 18 април ќе биде отворен 22. фестивал „Танц фест“. На отворањето ќе гостуваат ѕвезди од Париската опера и ќе се одржи гала натпревар за наградата  „Роксан Стојанов“ на петмина финалисти млади македонски балетски уметници.  Таа е востановена од Францускиот институт во Скопје […]

Општина Центар започна со пролетна дератизација, се третираат 2.000 шахти против глодари


Општина Центар ја започна редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од мерките за одржување на високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите. Во рамки на акцијата, што ја спроведуваат стручни екипи, се третираат околу 2.000 шахти, каде што се поставуваат специјални мамци за контрола и уништување на глодари. Дератизацијата […]

Владата го предлага Ненад Савески за нов државен обвинител


  Повеќе медиуми наведуваат дека Владата на денешната седница го усвоила предлогот судијата Ненад Савески да биде нов државен јавен обвинител. Савески е поранешен обвинител, а сега во Кривичниот суд ги суди случаите од организиран криминал и корупција. Официјално соопштение за предлогот на Владата сѐ уште нема. Предлогот на Владата сега ќе оди во Собранието, […]

Мицкоски не гледа потреба за кризна состојба, предлозите на опозицијата биле „соцболшевизам“


  Владата денеска нема да прогласи кризна состојба која е потребна за потоа да се донесат мерки за намалување на акцизата и на данокот на додадена вредност, односно да се интервенира во цените на нафтените деривати кои од денеска се значително поскапи. Ова претпладнево го најави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите околу […]

Карла Софија Гаскон за кошмарот на Тимоти Шаламе пред Оскарите: „И јас го поминав истото, со среќа“


Карла Софија Гаскон се вклучи во разговорот. Актерката номинирана за Оскар е најновото име со смели имиња кое се осврнува на драмата на Тимоти Шаламе и неговата изјава извадена од контекст дека „никому не му е гајле за операта и балетот“.     “Besides, I love ballet slippers and I’ve seen Phantom of the Opera ten times,” […]

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет


Македонски Телеком денеска најави дека воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, првпат на пазарот, без бариери во поврзувањето и со вредни дополнителни услуги, што ќе овозможи многу повеќе слобода и сигурност во секојдневната комуникација. Како што беше посочено на денешната прес-конференција, отсега, Magenta 1/Magenta 1 Business станува Magenta 1 Unlimited/Magenta 1 Business Unlimited и […]

Три дена ќе се чисти влезниот булевар „Александар Македонски“


Во текот на вчерашниот ден, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започна тридневна акција за чистење на пешачките и велосипедските патеки по должина на булеварот „Александар Македонски“ во скопската општина Гази Баба. Во рамките на акцијата се реализира чистење, како и рачно и машинско метење и миење на целокупниот простор на патеките, со цел непречено движење на пешаците […]

ЕУ сака да биде дел од глобалната ренесанса на нуклеарната енергија, вели фон дер Лајен


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен претстави план за проширување на производството на нуклеарна енергија во Европската Унија, вклучително и воведување мали модуларни реактори (SMR), со цел обезбедување достапна и климатски прифатлива електрична енергија, јави ДПА. План за нова европска стратегија Говорејќи на вториот меѓународен самит за нуклеарна енергија во Булоњ-Бијанкур, во близина […]

Пазарниот инспекторат не најде криење на залихи на гориво, надзорот продолжува


Не е констатирано криење на залихите на гориво, покажале контролите на Пазарниот инспекторат спроведени во изминатите три до четири дена. Директорот на Пазарниот инспекторат Влатко Стојкоски денеска изјави дека се извршени над 300 инспекциски надзори, а кај дел до бензинските станици продолжен е инспекцискиот надзор.  – Не е констатирано дека имало криење на залихите на […]

Мицкоски за „црниот печат“ за Менкиноски во Бугарија: Ова е бескрупулозен потег и заслужува осуда


Адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, го информирал Парламентот, Владата и Министерството за надворешни работи за да преземат соодветните чекори согласно нивниот мандат и овластување, бидејќи, како што рече, да се стави црн печат на адвокат не се случило ниту во Нинбершките процеси. На […]

Иран планира да наплаќа „безбедносна такса“ за танкери и бродови во Персискиот Залив


  Иранските власти планираат да наметнат „безбедносна такса“ за танкери за нафта и комерцијални бродови во Персискиот Залив што им припаѓаат на земји сојузнички на САД, изјави ирански извор за Си-Ен-Ен. Изворот, исто така, истакна дека Ормутскиот теснец, преку кој излегуваат 20% од светските количини на нафта и до 30 отсто од течниот природен гас […]

Денеска Владата ќе го предложи новиот јавен обвинител


Владата на денешната седница ќе го предложи името на новиот јавен обвинител или обвинителка.   Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање. „Денеска ќе имаме владина седница, и јавноста ќе знае кое ќе биде името на идниот јавен обвинител или обвинителка, и ќе биде доставен до парлаементот“, рече Мицкоски.

Пред 35 години, еден хорор филм го освои Оскарот за најдобар филм – сè уште е единствениот


Познатиот филм „Кога јагнињата ќе стивнат“ сè уште има посебно место во историјата на Оскарите. Иако често се опишува како психолошки трилер, многумина го сметаат за хорор филм, и токму овој филм влезе во историјата како единствен хорор филм што го освои Оскарот за најдобар филм. Режисер е Џонатан Деми, а главните улоги ги играат […]

Производителите на нафта од Блиски Исток дополнително го намалија производството


 Најголемите производители на нафта на Блиски Исток дополнително го намалуваат производството, бидејќи клучниот Ормутски Теснец речиси е парализиран, што го нарушува глобалниот енергетски пазар. Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека четирите најголеми производители во регионот – Саудиска Арабија, Ирак, Обединети Арапски Емирати и Кувајт го намалија заедничкото производство дури за 6,7 милиони барели […]

Со лет од Дубаи денеска евакуирани 150 патници, од кои 125 македонски државјани, утре лет од Ријад


Со лет од Дубаи денеска евакуирани се 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 11 државјани на Косово, 7 на Србија, по двајца државјани на Босна и Херцеговина и на Албанија и по еден државјанин на Германија, Ерменија и на Црна Гора, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Авионот од Дубаи се очекува […]

Уставниот суд на Косово го замрзна распуштањето на парламентот


  Уставниот суд на Косово изрече привремена мерка до 31 март за декретот на косовската претседателка Вјоса Османи за распуштање на косовскиот парламент. Според одлуката на Судот, на Османи ѝ се забранува да презема какви било дејствија во врска со декретот кој таа го донесе на 6 март, како и на косовскиот парламент да презема […]

Земјите од ЕУ добија зелено светло за искоренување на лозјата


Европскиот совет усвои регулатива со која се воведува пакет мерки за зајакнување на конкурентноста и отпорноста на винскиот сектор во Европската Унија. Како што е најавено, целта е подобро да се усогласи понудата и побарувачката, да се зајакне адаптацијата кон климатските промени, да се поттикне иновацијата и да се поддржи руралната економија, вклучително и развојот […]

ДУИ бара Регулаторната комисија повторно да одлучува за цената на горивата


И според ДУИ власта ја „преспала“ кризата околу цената на горивата. Тие го нарекоа целосњен неуспех начинот на кој Владата реагираше на сслучувањата.   „Состојбата со снабдувањето и цените на нафтените деривати уште еднаш го покажа целосниот неуспех на владата да управува и да ги ублажи последиците од една криза која беше најавувана со недели. […]