Голем пожар во градот Фуџаира во ОАЕ: Главниот центар за снабдување со гориво на бродовите гори


  Некои операции за товарење нафта беа суспендирани во емиратот Фуџаира на Обединетите Арапски Емирати, голем центар за снабдување со гориво на бродови и терминал за извоз на сурова нафта, по нападот со беспилотни летала и пожарот во саботата, соопштија извори од индустријата и трговијата. Суспензијата доаѓа неколку часа откако САД нападнаа воени цели на […]

Секоја зима Галичник отсечен – до крајот на следната недела патот ќе биде расчистен


Во изминатиот период активно се работи на расчистување и обезбедување проодност на патот кон Галичник, информираат од месната заедница.   Надлежните служби започнаа со активности за расчистување уште во месец јануари. Поради неповолните временски услови, работите продолжија и во текот на февруари. За жал, при интервенција на терен пред речиси две недели, булдожер ангажиран од […]

Словачка во последен момент се откажа од блокирањето на санкциите на ЕУ против Русија


Словачка во последен момент се откажа од своето противење на обновувањето на санкциите на Европската Унија против руските правни и физички лица, соопштија денеска дипломатски извори. Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ денеска започнаа писмена постапка за продолжување на санкциите за над 2.700 правни и физички лица одговорни за помагање на војната на Русија против Украина, […]

Германските бродосопственици ја критикуваа одлуката на владата да не се испраќа морнарицата во Заливот


Германските бродосопственици денеска ја критикуваа одлуката на германскиот министер за одбрана Борис Писториус да не испраќа германски воени бродови во областа на Заливот со цел заштита на трговската флота.  „Бевме изненадени кога ја примивме веста дека Германија нема да учествува во евентуалната мисија за заштита на трговските бродови во Заливот“, објави Здружението на германски бродосопственици […]

Татко пријавил дека ќерка му ја нападнале соученички, па потоа натепал една од нив


На 12.03.2026 во 17:53 часот во СВР Скопје В.С.(47) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром неговата малолетна ќерка била физички нападната од две нејзини соученички кои биле во друштво со уште три малолетнички, а една од нив настанот го снимала со мобилен телефон. На 13.03.2026 во 14:30 часот С.В.(52) од Скопје пријави […]

Хамас молчеше од почетокот на војната, а првото нешто што го кажа нема да му се допадне на Иран


Палестинската милитантна организација Хамас во саботата го повика Иран да не напаѓа цели во соседните земји, признавајќи го правото на Техеран да одговори на нападите на САД и Израел. Ова е прв пат групата јавно да коментира за иранската политика. Од почетокот на војната, таа изрази солидарност со Иран, но сè уште не се закани […]

Почина гитаристот на Моторхед, Фил Кемпбел, автор на рифови што го дефинираат металот


Фил Кемпбел, долгогодишен гитарист на Моторхед и еден од клучните автори на препознатливиот звук на бендот, почина на 64-годишна возраст по тешка операција и битка во болница Рок гитаристот Фил Кемпбел почина на 64-годишна возраст, потврди неговото семејство. Како што наведоа во објава на Фејсбук, тој почина мирно по „долга и храбра битка на интензивна […]

Висок пораз за македонските кошаркарки на гостувањето во Солун


 Македонската женска кошаркарска репрезентација попладнево загуби од грчката репрезентација на гостински терен со 101:47. Домашната селекција во целост ја оправда фаворитската улога и дојде до третиот триумф во групата „Ф“. Во македонскиот состав се истакна Мерит Хемпе, која ја заврши средбата со 21 поен, на кои додаде и осум скока и две асистенции. По овој […]

Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави на социјалните мрежи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не командува во Унгарија и дека земјата нема да стане украинска колонија, објави порталот Индекс. „Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука“, рече премиерот Виктор Орбан во видео објавено на неговиот Фејсбук профил. Во видеото, премиерот потсети дека […]

Доделени Златните малини: Ова е убедливо најлошиот филм за 2025 година


  Холивуд повторно покажа доза на самоиронија.На 46-то доделување на Златните малини, наградата што се доделува на најлошите филмови во годината, филмот „Војна на световите“ со Ајс Кјуб во главната улога ја освои најголемата „победа“ Филмот „Војна на световите“ од 2025 година беше прогласен за најлош филм на годината според гласовите на членовите на организацијата […]

Работник починал по пад од висина во Скопје


Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје.  Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал. – Пријавено е дека на подрачјето на Кисела Вода во објект […]

Салата „Работнички“ го доби името „Лазар Лечиќ“


На иницијатива на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, спортската сала „Работнички“ го доби името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ. Предлогот, како што информираат од Општина Центар, едногласно бил усвоен на денешната шеста седница на Советот на Општина Центар. Герасимовски им се заблагодарил на советниците за поддршката салата да го носи името на човекот кој […]

Јаневска на отворањето на натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025- 2026 – UNEARTHED Challenge“


Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска обрати на отворањето на ученичкиот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 UNEARTHED Challenge“, што денес и утре се одржува во Скопје, а учествуваат 36 тима со над 400 ученици на возраст од 9 до 16 години и 50 ментори од општинските и приватните училишта, […]

Меџити: Дрвјата од кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе бидат повторно засадени во новиот парк „Рилиндја“ во Чаир


Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, вели дека покрај инфраструктурните инвестиции и проекти во општината, посебно внимание се посветува и на зачувувањето на природата и зголемувањето на зелените површини. Дрвјата кои се наоѓаат на просторот каде што ќе се гради новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ нема да бидат изгубени, туку ќе бидат преместени и […]

Полицаец, две години, силувал малолетно момче во Велес


Полициски службеник е осомничен за кривично дело „Полов напад и силување“ извршено врз малолетник во Велес. Полицаецот вчера бил приведен, објави телевизија Телма. -Пријавениот В.К. во периодот од 2024 до 2025 години во повеќе наврати го навел оштетениот (2008) да извршува полово дејствие врз себе си, ни одговорија од МВР. Момчето станало жртва на 16-годишна […]

Гардијан: Хрватска ќе има корист од кризата на Блискиот Исток


Европејците кои планираат да одат на одмор во источниот Медитеран ова лето сè повеќе ги менуваат своите планови и избираат повеќе западни дестинации или Карибите поради војната меѓу САД, Израел и Иран, предупредуваат туристичките компании. Патниците од Велика Британија и остатокот од Европа сè повеќе ги напуштаат дестинациите како Кипар, Турција и Грција и се […]

Судбината на санкциите против руските олигарси е неизвесна


Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во саботата започнаа писмена постапка за продолжување на санкциите врз повеќе од 2.700 субјекти и поединци одговорни за помагање на војната на Русија во Украина, изјави извор од ЕУ. Списокот на субјекти и поединци санкционирани од 2014 година порасна на над 2.700 имиња и мора да се ажурира на секои […]

Кац: Војната со Иран влегува во одлучувачка фаза


Војната против Иран, која ја започнаа Израел и САД пред две недели, се интензивира и влегува во „одлучувачка фаза“, изјави денеска озраелскиот министер за одбрана Израел Кац, пренесе ДПА. Кац не прецизираше дали ова значи дека Израел и САД очекуваат нивната воена кампања наскоро да заврши, туку само рече дека следната фаза ќе трае колку […]

Мерката за итно отстранување на насилник од домот, постои уште од 2014 година, но не секогаш се спроведуваше


По зачестените пријави за семејно насилство во полицијата, минатата недела е нотиран случај во кој насилникот бил отстранет од домот со цел жртвите да останат безбедни во своето живеалиште. Се работи за 68-годишник, кој во домот му се заканувал на сопствениот син со остар предмет. По трагедијата во скопско Тафталиџе, надлежните најавија дека ќе се […]

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор


 На подрачјето на државата во последните два дена се евидентирани вкупно 11 пријави за семејно насилство, при што шест лица се лишени од слобода, а со две лица е извршен службен разговор. Како што соопшти МВР, на 14.03.2026 година во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.И.(39) од Република Србија […]