Германија го укинува законот што им дозволува на 14-годишници да пијат алкохол под надзор на родители


Германија планира да го укине повеќедеценискиот закон кој им дозволува на малолетници на возраст од 14 и 15 години да конзумираат пиво и вино во присуство на нивните родители, пренесува ДПА. Предлог-законот предвидува целосна забрана на „консумација под родителски надзор“ за оваа возрасна група. Германија моментално има едни од најлибералните закони во Европа, каде што […]

Тинејџер пукал во училиште во Аргентина, едно момче загина, а осум се ранети


Едно 13-годишно момче е убиено, а најмалку осум лица се ранети откако тинејџер отвори оган во училиште во аргентинскиот град Сан Кристобал. Напаѓачот, 15-годишен ученик, веднаш бил приведен од страна на полицијата. Според сведоштвата на учениците, напаѓачот излегол од тоалетот вооружен, по што меѓу децата настанала паника и тие почнале да викаат. Во тој момент, […]

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба со дете-жртва


Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на обвинетите во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва и ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, на начин што ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопја и им ги […]

Wikipedia забранува статии создадени со вештачка интелигенција


Англиската Wikipedia ја забрани употребата на генеративна вештачка интелигенција при пишување или уредување статии. Популарната платформа тврди дека донела ваква одлука бидејќи користењето на вештачка интелигенција за брзо уредување текст „честопати ги прекршува неколку од основните политики за содржина на Wikipedia“. Сепак, постојат неколку мали исклучоци. Корисниците можат да користат големи јазични модели (LLM) за […]

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман


Притвор од 30 дена за синот кој ја уби мајката во Росоман, одобрен е вечерва од судија на претходна постапка,  потврдија за МИА од кавадаречкиот суд, откако Обвинителството предложи притвор.  – Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став […]

Милановиќ го откажа Самитот Брдо-Бриони поради изјавите на Вучиќ


Претседателот на Хрватска и копретседател на процесот Брдо-Бриони Зоран Милановиќ денеска го откажа состанок закажан за мај на иницијативата на Бриони поради политичките изјави и постапки на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Хрватска и Словенија, како членки на Европската Унија, го иницираа процесот Брдо-Бриони со цел подобрување на меѓусебната соработка и забрзување на процесот на […]

Германија и Сирија се договорија: 80 проценти од бегалците ќе бидат вратени


Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави во понеделник по средбата со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара во Берлин дека се планира враќање на 80 проценти од сириските бегалци што моментално се наоѓаат во Германија. „На долг рок, желбата на претседателот ал-Шара е 80 проценти од сите Сиријци што моментално се наоѓаат во Германија да се вратат во […]

Анализа на „Њујорк Тајмс“: Вашингтон ги засилува активностите за поголемо влијание врз Гренланд


Американски структури ги интензивираат активностите во Гренланд, настојувајќи да постигнат, како што се наведува, „впечатлив“ договор со властите на овој арктички остров, пишуваат Џефри Гетлман и Маја Текели во анализа објавена во „Њујорк тајмс“. Според авторите, уште минатата година данските медиуми беа преплавени со извештаи за наводни „тајни операции на влијание“ што САД ги спроведуваат […]

Мицкоски на бизнис – форум во Будимпешта: Македонија е отворена за инвестиции и партнерства


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска се обрати на бизнис форумот во Будимпешта, на тема „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Македонија“, настан кој обедини претставници на институциите и деловните заедници од двете земји со цел продлабочување на економските односи, размена на искуства и отворање нови инвестициски перспективи. Мицкоски, во своето обраќање, истакна дека […]

30 март во историјата – САД ја купија Алјаска од Русија


  Американскиот државен секретар Вилијам Х. Сјуард потпиша договор со Русија за купување на Алјаска за 7 милиони долари. И покрај поволната цена од приближно два центи за половина хектар, купувањето на Алјаска беше исмеано во Конгресот и во печатот како „Глупоста на Сјуард“, „ледената кутија на Сјуард“ и „градината на поларните мечки“ на претседателот […]

Тренчевска: ММФ – важен партнер за економски раст и реформи


Денеска, во Собранието се одржа средба на Комисијата за буџет и финансирање со претставниците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), шефот на Мисијата, Ник Гигинешвили, Јуан Хијао и Фатон Сулејмани. Потпретседателката на Комисијата, Јованка Тренчевска, им посака добредојде и изрази задоволство поради можноста за реализирање на оваа средба. Таа истакна дека ММФ е важен […]

Ристоска: Обвинителите се оставени сами да бидат цел на напади и клевети


  Советот на јавни обвинители ги остави обвинителите во државава сами на бришан простор да бидат цел на политички напади. Вака реагира обвинителката ленче Ристоска по денешната одлука на Советот на јавни обвинители да ја отфрли нејзината претставка во која наведува дека премиерот Христијан Мицкоски ја нарече „медиокритет со политичка матрица“. Одлуката да биде отфрлена […]

Земјоделците на нова мака: Поништени повиците за набавка на трактори и механизација


  БИТОЛА – Десет месеци земјоделци кои аплицираа за набавка на трактори и приклучна механизација останаа во неизвесност и без одговор дали ќе успеат да се модернизираат. Последната потврдена вест од Платежната агенција е дека се поништени повиците за набавка на трактори и приклучна механизација од Програмата за рурален развој за 2025 година. Модернизацијата на […]

Вкупно 15.000 посетители на Саемот на мебел одржан минатата недела


Годинашното издание на Саем на мебел, кој се одржа од 25 до 29 март во комплексот Борис Трајковски под слоганот „Инспирација за секој дом“, привлече бројни посетители – над 15.000 љубители на дизајнот, ентериерот и иновациите имаа можност да ги откријат најновите трендови во уредувањето на домот. Во текот на петте саемски денови, манифестацијата ја […]

Елена Младеновска Јеленковиќ и М6 добитници на престижното признание „Stvaratelji za stoljeća“ во Сплит


Во периодот од 26 до 28 март 2026 година, во Сплит, Република Хрватска, се одржа IX Регионален самит за претприемништво во Средна и Југоисточна Европа „300 Најдобри“, кој ги обедини водечките бизнис-лидери, компании и институции од регионот, со цел унапредување на претприемништвото како двигател на современиот економски и општествен развој. На овој престижен настан, Елена […]

„Макпетрол“: Регулаторна носи одлуки без консултации што ги загрозуваат трговците и стабилноста на пазарот


„Макпетрол“ изразува сериозна загриженост по повод одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, со која признатиот трошок за работење преку склад се намалува на 1,20 денари за литар, односно за околу 30 отсто по литар. Оваа измена е дел од одлуката донесена на 30 март 2026 година. Станува збор за значајна промена во правилникот која, како […]

Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е манипулација за избегнување одговорност, судењето продолжува со изведување докази


Обвинителката Адела Бојчевиќ, денеска, по рочиштето во Основниот кривичен суд Скопје против Стојанче Јовановски, изјави дека исказот на обвинетиот не ги исполнува законските услови за признание на вина поради што судот не го зел предвид и постапката продолжила со изведување докази. Законската застапничка на оштетените, адвокатката Неда Чаловска, изјави дека очекува обвинението да биде прифатено […]

Иран ги нарече мировните предлози на САД „нереални“, цената на нафтата расте


  Иран ги опиша американските предлози за прекин на едномесечната војна на Блискиот Исток како „нереални, нелогични и прекумерни“ денес (30 март) и испали повеќе ракети врз Израел, а цените на нафтата дополнително пораснаа откако јеменските Хути влегоа во конфликтот. Израелската војска соопшти дека два дрона од Јемен биле пресретнати и во понеделник, два дена […]

Процес на енергетска трансформација: Презентирана листа од 14 приоритетни јавни објекти


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој беше означен стартот на подготовките за значаен инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради во Северна Македонија. На состанокот, како што соопшти ресорното Министерство, биле презентирани насоките за […]

Комисијата за хартии од вредност потпиша меморандум со Комисијата за пазар на капитал на Црна Гора


Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на Република Северна Македонија и Комисијата за пазар на капитал на Република Црна Гора денеска во Скопје потпишаа меморандум за разбирање, со кој се воспоставува рамка за унапредување на меѓусебната соработка и размена на информации во областа на надзорот и регулирањето на пазарите на капитал. Во меморандумот се предвидува […]