Давкова ќе го пречека црногорскиот претседател Милатовиќ во Скопје


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денес – 31 март 2026 година, вторник, ќе го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава. Црногорскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа […]

Камерите со вештачка интелигенција во Атина започнаа да регистрираат и да испраќаат казни за сообраќајни прекршоци


Вкупно 130 казни, поголемиот дел за поминување на црвено светло и неносење кацига од возачите на мотоцикли, биле регистрирани и испратени за два дена со помош на камерите со вештачка интелигенција поставени на осум локации во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во десет автобуси со цел да „ловат“ сообраќајни прекршоци, јави дописничката на […]

Американски специјалци распоредени на Блискиот Исток


Стотици припадници на специјалните сили на американската армија пристигнале на Блискиот Исток, јавуваат американските медиуми.  Според објавите на „Њујорк Тајмс“ и на „Си-би-ес“ кои се повикуваат на воени извори и лица запознаени со операцијата, распоредувањето вклучува припадници на „ренџерите“, елитни единици на копнените сили на САД, како и единици на морнаричките „фоки“, Новопристигнатите сили им […]

Иранскиот комитет го одобри нацрт-законот за воведување патарини во Ормуската Теснина


Безбедносниот комитет на иранскиот парламент го одобри нацрт-законот за воведување систем на патарини за Ормуската Теснина и предложи ограничување на пристапот за бродови поврзани со земјите што воведоа санкции врз Иран. Предлогот ќе биде поднесен за дебата и гласање во парламентот, изјави членот на комитетот Моџтаба Сари. Според нацрт-законот, на бродовите од САД, Израел и […]

Македонските фудбалери гостуваат во Ирска


Македонската фудбалска репрезентација вечер гостува во Даблин каде ќе игра пријателски натпревар со Република Ирска. Ова ќе биде дуел на двете поразени селекции од полуфиналето на баражот за  пласман на Светското првенство 2026. Голманот Столе Димитриевски истакнува дека одбраната мора да биде на високо ниво, а клучен фактор ќе биде и освојувањето на т.н. „втори […]

Европа забележува пораст на побарувачката за соларни панели, топлински пумпи и електрични автомобили


Војната во Иран ги истакна широко распространетите ризици од зависност од фосилни горива, дејствувајќи како катализатор за брз премин кон зелени технологии низ цела Европа. Цената на суровата нафта Брент, глобален репер, порасна за повеќе од 50 проценти откако започна конфликтот на Блискиот Исток. Голем дел од нестабилноста се припишува на блокадата на Ормутскиот теснец, […]

Премиерот му стави оглав на јавниот обвинител


Премиерот Христијан Мицкоски многу му ја олесни работата на новиот јавен обвинител Ненад Савески. Јавно, како што му доликува на еден царски властодржец, му кажа што и како треба да работи. За два-три дена во Македонија, на големо одушевување на „рајата“, почнува новата ера на владеење на правото по терк на ВМРО-ДПМНЕ осилена по светската […]

Режисерот Александар Поповски доаѓа во Скопје за „Амадеус“


На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалишче од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски.  По тој повод, нашиот наградуван режисер, уметнички директор на мариборската Драма, доаѓа во Скопје за да присуствува на пресот во МНТ, на кој ќе се обрати, заедно со […]

Без струја делови од Бутел и Карпош, Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска во периодот од 07:30 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците: Љубо Ивановиќ, Никола Петров и Црвени Брегови во Општина Бутел, информира РЦУК Скопје. Од 08:30 до 16:30 часот, струја ќе немаат корисниците од дел од улиците Сремски Фронт, Мечкин Камен и Ѓорче Петров, од […]

Денот на правосудството – 31 Март: Македонија без напредок на патот до ЕУ


Во земјава денеска се одбележува Денот на правосудството, датум кој ја носи симболиката на институционалната независност и првите темели на судскиот систем во земјата. На овој ден во 1945 година, АСНОМ ја донел Повелбата за устројството на редовните народни судови, со што биле основани 25 околиски судови, три обласни судови во Скопје, Штип и Битола […]

Облачно со дожд и заладување до петок, на планините снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со […]

ЕК одобри 1,5 милијарди евра за европската и украинската одбрана


Брисел – Европската комисија соопшти дека одобрила работна програма во вредност од 1,5 милијарди евра во рамки на Програмата за европска одбранбена индустрија (EDIP), со цел зајакнување и модернизација на европската одбранбена индустрија. Прецизирано е дека 260 милиони евра ќе бидат наменети за „Инструментот за поддршка на Украина“ во рамки на EDIP, за инвестиции во […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 31 март 2026 година, 90-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  275 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 58 минути. Денов трае 12 часа и 39 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Јавна расправа за прогласување на Белчишко Блато за парк на природата


 Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа ја известува заинтересираната јавност дека почнува јавната расправа за прогласувањето на Белчишко Блато за заштитено подачје – парк на природата. – Министерството, заедно во соработка со Општина Дебрца, ја отвора расправата за граѓаните, претставници на граѓанскиот сектор, стручната јавност и медиумите повикувајќи ги да земат учество […]

Аријанит Хоџа: Во ДУИ 80 отсто од структурата е променета


Потпретседателот на ДУИ Аријанит Хоџа изјави дека партијата поминала низ значајна промена, особено по последниот Конгрес. Тој, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, нагласува дека по последниот конгрес, партиската структура на ДУИ е суштински променета, што, како што вели, е редок пример во политиката. -Редовно се кажува дека политиката е уметност на тоа […]

Мицкоски го фалеше Орбан: Унгарија е пример за држава со јасна визија и силно лидерство


Премиерот Христијан Мицкоски во Будимпешта се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. На средбат била „потврдена заедничката определба за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете држави“. Премиерот рече дека односите меѓу двете држави имаат „вредносна димензија“, заборавајќи дека тој и Орбан не се Македонија и Унгарија, бидејќи станува збор за односите меѓу двете влади […]

Мојсоска: Новиот државен обвинител испорача сѐ што побара Мицкоски


Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, остро ги критикуваше последните одлуки на Советот на јавни обвинители, оценувајќи дека тие се донесени во интерес на актуелната власт и премиерот Христијан Мицкоски. Во објава на социјалните мрежи, Мојсоска посочи дека по изборот на новиот државен јавен обвинител Савески, биле донесени низа одлуки кои, според неа, директно влијаат врз […]

Ѓорѓиевски ја разрешил без образложение директорката на „Лајка“, од „Анима мунди“ велат дека е одлуката е политичка


  Здружението „Анима мунди“ денеска откри дека Град Скопје ја разрешил директорката на јавното претпријатие „Лајка“ и активистка на здружението, Радмила Пешева, оценувајќи дека начинот на кој е спроведена постапката е несоодветен и без институционална транспарентност. Од здружението наведуваат дека одлуката била соопштена неформално, преку телефонски повик, без официјален состанок или писмено образложение. Во реакцијата […]

Пластиката е скриената цена на војната во Иран


Експертите предупредуваат дека потрошувачите ќе се соочат со пораст на цените на разни пластични производи за широка потрошувачка поради војната со Иран, пишува Си-Ен-Ен. Пластичните производи делумно се направени од нафта, чија цена се зголеми за повеќе од 40% од почетокот на војната кон крајот на февруари. Како резултат на тоа, производи како прибор за […]

Вучиќ му одговори на Милановиќ: „Не сум ти потрчко, а и онака не ми е местото на Бриони“


  Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи во врска со одлуката на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ да го откаже самитот на процесот Брдо-Бриони, велејќи дека ја поддржува таквата одлука и остро го критикуваше хрватското државно раководство. Во изјава за агенцијата Танјуг, Вучиќ нагласи дека верува оти навистина не му е местото на Бриони и дека […]