Украдени податоци од корисничката база на Телеком Србија


Компанијата Телеком Србија соопшти денеска дека е украден мал дел од податоците од нејзината корисничка база, што се однесуваат на услугите на сателитската телевизија „m:SAT tv“. Компанијата го пријави случајот со таа кражба, чии сторители сè уште се непознати, во Одделот за високотехнолошки криминал при Министерството за внатрешни работи на Србија. „Со оглед на тоа […]

„Тиквеш“ со нов меѓународен успех: три златни и два сребрени медали на Vranac Selection by Concours Mondial de Bruxelles 2026


Вината на винаријата „Тиквеш“ освоија три златни и две сребрени медали на престижниот меѓународен вински натпревар Vranac Selection by Concours Mondial de Bruxelles 2026, уште еднаш потврдувајќи го нивниот висок квалитет и препознатлив карактер. Златни медали освоија вината Barovo Red 2022, Bela Voda Red 2022 и Luda Mara Vranec 2023, додека со сребрени медали беа […]

Молдавија ги заврши реформите и доби 189 милиони евра од ЕУ


  Европската комисија ѝ исплати 189 милиони евра на Молдавија во рамките на Инструментот за реформи и раст откако земјата успешно заврши 24 реформи. Плаќањето укажува на значителен напредок на Молдавија на нејзиниот пат кон ЕУ, соопшти денеска Комисијата. Спроведените реформи вклучуваат намалување на административниот товар за бизнисите, зајакнување на кибер-безбедноста и итен одговор, напредок […]

Донесен правилник за изработка на општински енергетски план


 Во Службен весник е објавен Правилникот за формат, содржина и методологија за изработка на општинскиот енергетски план, со кој за првпат се воспоставува јасен, структуриран и контролиран систем за планирање на енергетските инвестиции на локално и национално ниво, со што се става крај на ад-хок пристапот и се воведува ред, предвидливост и рамномерност во развојот […]

Грција ќе преземе иницијатива за забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан


Се согласивме дека проширувањето на ЕУ треба да остане наш стратешки приоритет. На 23 години од Солунската агенда и со поглед кон грчкото претседателство со ЕУ во втората половина на 2027 година, сметаме дека треба да се даде нова динамика, но и визија на народите на Западен Балкан, за да се отвори патот кон Европа. […]

Шпанија место со Аргентина во Финалисима, ќе игра пријателски натпревар со Србија


Шпанската фудбалска репрезентација ќе игра пријателски натпревар против Србија на 27 март, објави прес-службата на тамошната федерација. Првично беше закажано тимот да се соочи во Катар со победникот на Копа Америка и освојувачот на Светското првенство, Аргентина, во мечот познат како Финалисима. Сепак, натпреварот беше откажан поради неможноста да се гарантира безбедноста на учесниците поради […]

Светската програма за храна: Војната во Иран може да доведе до акутен глад на 45 милиони луѓе


Продолжувањето на војната во Иран до јуни може да доведе до тоа дополнителни 45 милиони луѓе во светот да се соочат со акутен глад, предупреди Светската програма за храна. Заменик-извршниот директор на организацијата, Карл Скау, им рече на новинарите во Женева дека зголемувањето на цените на храната, нафтата и транспортот предизвикано од конфликтот може значително […]

Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика


 Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи, е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател, Марко Бислимоски.  Ристов денеска со седум гласа „за“, два против и ниеден глас воздржан беше изгласан од членовите на собраниската […]

САД и Израел го уништуваат културното наследство на Иран


Техеран алармираше за обемна штета на неговите културни и историски места како резултат на војната меѓу САД и Израел против Иран. Министерството за културно наследство, туризам и занаетчиство соопшти дека најмалку 56 музеи, историски споменици и културни места во Иран се оштетени во текот на војната, објавија државните медиуми. Ирната новинска агенција (ИРНА) го цитираше […]

Иран одобри транзит на бродови од неколку земји низ Ормуз


Иран одобри премин на бродови од неколку земји низ Ормускиот теснец, потврди портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, а податоците за сообраќајот покажаа дека ирански, индиски, кинески и грчки бродови го напуштиле Персискиот Залив. „Земјите, во координација со Исламската Република Иран, ги спроведоа своите бродови со поддршка на пилоти низ Ормускиот теснец. […]

Девојката што падна од балкон во куќата на дедо ѝ во Тетово била малтретирана од таткото


Во понеделникот, во 21:20 часот во СВР Тетово сам се пријавил А.А.(47) од Тетово и со него бил извршен службен разговор. Имено, постапувајќи во врска со настанот од 14.03. во кој 19-годишна девојка од Тетово падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски […]

Пред два и пол месеци литар дизел чинеше 65 денари, а сега 92 денари


  За само два ипол месеци најупотребуваното гориво за автомобили кај нас, Еуродизелот, поскапе за над 40 отсто или за дури 27,5 денари. Слично е и со бензините, иако таму, поради традиционалната повисока цена од дизелот, поскапувањето е 16,5 денари, или околу 23 отсто. До каде ќе оди зголемувањето на цените, тоа никој во моментов […]

Човекот што го сакаше Кант: Кој беше Али Лариџани, фактичкиот лидер на режимот во Иран


  По смртта на врховниот водач Али Хамнеи, убиен во американски и израелски напад, моќниот секретар на Врховниот совет за национална безбедност, Али Лариџани, се сметаше за де факто лидер на иранскиот режим. Токму тој на почетокот на март, по атентатот врз Хамнеи, се заколна на одмазда кон САД и вети дека Иран никогаш нема […]

„Кармен“ на Драмски отвора фестивал во Јужна Кореја


Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар денеска ја отвора официјалната програма на „Seoul international monodrama festival 2026“ во Јужна Кореја. Фестивалот се одржува од 17 до 26 март во организација на театарот „Samilro Changgo theater“ од Сеул, соопштија од Драмски театар – Скопје. – Овој театар е историски исклучително важен „мал театар“ што се смета за […]

Филипче обвини дека Шилегов работи на поделба на партијата


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, работи во корист на ВМРО-ДПМНЕ и придонесува за внатрешни поделби во партијата. Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче посочи дека не станува збор за различно мислење, туку за, како што рече, координирано дејствување. „Овде не станува збор за туѓо мислење, затоа што и […]

11-годишно дете прегазено во Капиштец, возачот избегал


11-годишно девојче од Скопје е тешко повредено откако било удрено од патничко возило на крстосница во центарот на градот, а возачот по несреќата го напуштил местото на настанот. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен вчера во 16:10 часот, кога од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било соопштено дека кај нив е донесена […]

Жена од Јута, која напиша книга за тагата по смртта на сопругот, прогласена за виновна за неговото убиство


  Обвинителите рекоа дека Кури Ричинс ставил пет пати поголема доза од смртоносниот синтетички опиоид фентанол во коктелот што го испил Жена од американската држава Јута беше осудена во понеделникот за тешко убиство откако го отрула својот сопруг со фентанил, а потоа самостојно издаде детска книга за справување со тагата. Обвинителите рекоа дека Кури Ричинс […]

Гробиштата Камник добиваат сообраќајно решение


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска сподели дека започнала реконструкцијата на пристапниот пат кон гробиштата Камник, оценувајќи го како проект што предолго се чекал. „Ова не е само уште една градежна активност, туку исполнување на едно децениско барање на граѓаните. Во првата фаза инвестираме 8.164.884 денари, средства обезбедени преку вториот јавен повик на Владата […]

Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ


Законските процедури за добивање лиценца, обврските при склучување договори за обезбедување, како и овластувањата на работниците при контрола на влез и присуство на малолетници во објекти, се во фокусот на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, на кое во својство на сведок – технички советник, сведочеше Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората за приватно […]

МЕД дел од нов меѓународен проект за борба против криволовот на загрозени диви видови


Македонското еколошко друштво (МЕД) во следните пет години  ќе биде дел од меѓународниот партнерски проект „Итни акции за спречување и борба против криволовот на три видови во критична опасност од исчезнување во Италија“ (LIFE24-NAT-IT-FIGHT4WILDLIFE/101216050) преку кој ќе се работи на намалување на заканите со кои сега се соочуваат европската јагула, египетскиот мршојадец и апенинската кафеава […]