Шведски министер: Европа не може да си дозволи нова бегалска криза


Досега нема индикации за непосреден бегалски бран од Блискиот Исток кон Европа, но искуството нè учи дека работите можат да се променат многу брзо, изјави шведскиот министер за миграција Јохан Форсел за Euronews. По состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел, тој рече дека Унијата не може да си дозволи нова криза […]

Секое таргетирање на Кипар е закана за цела Европа


Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, изјави дека секое таргетирање на Кипар е закана за цела Европа и дека поморската база на Судот на Кипар не е во непосредна опасност од ирански напади. Зборувајќи за грчкото воено присуство на Кипар, Герапетритис во интервју за телевизијата СКАИ нагласи дека мисијата на фрегатите „Кимон“ и „Псарас“, […]

Финската влада планира да ја укине целосната забрана за нуклеарно оружје на нејзино тло


Финска планира да ја укине долгогодишната забрана за распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија, соопшти владата во Хелсинки, придружувајќи им се на своите скандинавски соседи во потегот што би можел да ја отвори вратата за распоредување атомски бомби на финско тло во време на војна, објавија британските медиуми. Финскиот закон за нуклеарна енергија од 1987 […]

Британската Влада ќе го бојкотира отворањето и затворањето на ЗПОИ2026


Британската Влада објави синоќа дека ќе ги бојкотира церемониите на отворање и затворање на Зимските параолимписки игри (ЗПОИ), кои ќе се одржат во Милано и Кортина од 6 до 15 овој месец, во знак на протест против враќањето на руските и белоруските натпреварувачи на меѓународните натпревари под своите национални симболи. „Јасно ставивме до знаење дека […]

Трамп: Не сум загрижен за зголемувањето на цените на бензинот поради војната со Иран


Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не е загрижен за зголемувањето на цените на бензинот во земјата поради војната со Иран, наведувајќи дека ова зголемување е помалку важно во однос на поширокиот контекст на конфликтот. „Немам никакви загрижености за тоа. Тие ќе паднат многу брзо кога ќе заврши ова, а ако се зголемат, нека се […]

Без вода дел од „Перо Наков“ кај Годи


Поради уличен дефект, прекинато водоснабдување од 08:30 часот ќе имаат корисниците на дел од улицата „Перо Наков“ кај Годи, информира ЈП Водовод и канализација Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.

Парк со смарт клупи и лавиринт од растенија – нова содржина за гевгеличани


Гевгеличани ќе добијат нов модерен парк на пространа површина во кој ќе се предвидат содржини што досега не биле застапени во градското уредување. Според најавите на општинските власти, ова ќе биде прв вистинки поголем парк во Гевгелија, на површина од 25.400 м². Паркот е предвидено да се протега долж северниот брег на Сува Река, започнувајќи […]

Војната на Блискиот Исток ја загрозува политичката иднина на Мелони


Воздушните напади на американскиот претседател Доналд Трамп врз Иран создаваат сериозни проблеми за неговиот сојузник, италијанската премиерка Џорџија Мелони, пред клучниот референдум на 22 и 23 март, на кој таа би можела да се соочи со пораз, според анкетите. Иако референдумот официјално е за судска реформа, тој брзо се претвори во гласање за доверба на […]

Војната во Иран ги брка богатите Азијци од Дубаи во Сингапур и Хонг Конг


Кратко по првите напади со ракети и беспилотни летала на Иран врз Дубаи минатата недела, двајца индиски бизнисмени таму се обидоа да префрлат повеќе од 100.000 долари секој од нивните локални банкарски сметки во Сингапур за да го заштитат својот ризик. Техничките проблеми по иранските напади првично ги попречија нивните планови, изјавија бизнисмените за Ројтерс, […]

Украина ја обвинува Унгарија за киднапирање на седум банкари и кражба на пари


Киев – Украина ја обвини Унгарија за земање како заложници на седум вработени во нејзината државна штедилница Ошчадбанк, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Вработените биле во две возила што транспортирале готовина во вредност од 80 милиони долари помеѓу Австрија и Украина, а Сибиха напиша на платформата X дека причините за нивното притворање, […]

Промоција на романот „Порција бара спас“ од Христо Георгиев во КИЦ во Софија


Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер од 18.30 часот ќе биде промовиран романот „Порција бара спас“ од Христо Георгиев. КИЦ во Софија соопшти дека се работи за сатиричен научно-фантастичен роман напишан во 1965 година во Скопје, а објавен во 2025 година затоа што своевремено не добил одобрение за објавување од тогашните надлежни […]

Промоција на едукативниот цртан филм „Кликни безбедно“ во Скопје


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, ќе присуствуваат на промотивно прикажување на едукативен цртан филм „Кликни безбедно“. Како што соопштуваат од кабинетот на министерот, филмот е создаден како резултат на креативна соработка помеѓу ученици и наставен кадар, со […]

Без вода улиците „Јосиф Михајловиќ“ и „Атанас Бабата“ во Чаир


 Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Јосиф Михајловиќ“ и „Атанас Бабата“ во Општина Чаир, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје.  Прекинот на водоснабдувањето е поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улица „Јосиф Михајловиќ“ бб, а водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активности.

Филипче: НАТО членството е најсилниот штит за Македонија – резултат на политиките на СДСМ


Членството на Македонија во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста и стабилноста на државата и на граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во синоќешното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. Филипче посочи дека сега во светот има кризи како што е на Блискиот Исток, се покажува колку значат државничките одлуки што […]

Магла на неколку патни правци, во прекин товарниот сообраќај на ГП Деве Баир


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има во Пехчево, Берово, Смојмирово и во Катланово. Во 00:10 часот настанат е прекин на товарниот сообраќај на влез и излез од бугарска страна на Граничен премин Деве Баир, поради технички проблеми со […]

Без струја делови од Центар и Карпош


Без електрична енергија денеска во периодот од 08.00 до 16.00 часот, ќе останат дел од корисниците од улиците Мирослав Крлежа, Наум Наумовски Борче, Антоние Грубишиќ и Орце Николов во општина Центар, информира РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 14.00 часот, ќе немаат и корисниците од ул. Миле Поп Јорданов лоцирани во околината на хотел Гранит […]

Сончево и температура до 19 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 6 март 2026 година, 65-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  300 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 1 минутa, а ќе зајде во 17 часот и 30 минути. Денов трае 11 часа и 28 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Европол: Зголемена закана од тероризам во Европската Унија поради конфликтот во Иран


Заканата од терористички напади на територијата на Европската Унија (ЕУ) е зголемена поради конфликтот во Иран, објави денеска Европол, предупредувајќи дека иранските посреднички актери би можеле да започнат дестабилизирачки активности во земјите-членки. Портпаролот на Европол, Јан Оп Ген Орт, изјави дека нивото на терористичка и екстремистичка закана на територијата на ЕУ е оценето како „зголемено“, […]

Сите македонски државјани од Израел кои сакаа да си дојдат се евакуирани дома


  Попладнево успешно е завршен процесот на евакуација на сите македонски државјани од Израел кои изразиле подготвеност за тоа, информира министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. „Министерството целосно го координираше процесот на евакуација на македонските државјани од Израел, кои попладнево со владиниот авион полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје“, напиша министерот Муцунски на Фејсбук. Станува […]