Половина век по `68-та, суетата и бесцелноста остануваат актуелни: Долги аплаузи за копродукцискиот проект на Драмски на „Охридско лето“


Синоќа во рамките на драмската програма на „Охридско лето“ се одигра македонската премиера на театарската претстава „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме, своето не го даваме“ од Душан Јовановиќ а во режија на Иван Пеновиќ. Копродукцискиот проект меѓу НУ Драмски театар Скопје, Белградски драмски театар, Градски театар Љубљана и ЈУ […]

Одбојкарите ќе добијат три милиони денари за пласманот на ЕП


Министерот за спорт Борко Ристовски кој го следеше синоќешниот натпревар на македонската репрезентација против Грузија, по победата им честите на нашите одбојкари и ги награди со премија.  – Ви благодариме за се што правите за Македонија, некои подолго, некои сега почнуваат. Ние како министерство секогаш ќе стоиме зад успешни федерации, зад успешни приказни во спортот. […]

Миленкоски: Голем ден за македонската одбојка


Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација Јошко Миленкоски изрази задоволство од изборениот пласман на Европското првенство 2026. Македонските одбојкари синоќа ја победија Грузија со 3:0 и си обезбедија четврто учество во низа на континенталниот собир. – Пласманот на Европското првенство е награда за напорната работа во текот на долгото жешко лето. Бевме под притисок да ја […]

Судир меѓу демонстрантите и полицијата пред просториите на владејачката Ликуд во Израел


По синоќешниот масовен митинг во Тел Авив за поддршка на заложниците стотици демонстранти се упатија кон блиското седиште на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, каде што запалија логорски оган и се судрија со полицијата. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како полицијата насилно ги потиснува демонстрантите кои удираат тапани и извикуваат антивладини пароли, објавува […]

Инженери на РМ со иницијатива до Уставен суд против паушалните фактури за струја


Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ) поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на член 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија и преиспитување на делови од член 185 од новиот Закон за енергетика. Причината, како што посочуваат од ИНРМ, е продолжената пракса на издавање таканаречени „паушални фактури за струја“, иако од 29 мај […]

Кое е вистинското водостопанско и енергетско решение за ХЕЦ „Чебрен“?


Долината на Црна Река во поновата историја на хидроенергетиката на Македонија за прв пат се споменува во Водостопанската основа во 1953 година. Во тој период за прв пат се спомнува за можна изградба на три хидроелектрани ХЕ „Чебрен“, ХЕ „Галиште“ и ХЕ „Тиквеш“ по долината на Скочивирската клисура до вливот на Црна Река во Вардар. […]

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат поради страв од прекумерна понуда


На глобалните пазари, цените на нафтата паднаа минатата недела втора недела по ред, бидејќи трговците стравуваат дека зголеменото производство од страна на ОПЕК и неговите партнери следната година значително ќе ја надмине понудата според побарувачката. Цената на барел на лондонскиот пазар падна за 1,1 процент минатата недела, на 65,85 долари, додека на американскиот пазар барелот […]

Зеленски се надева дека заедничката сила на Украина и Западот ќе ја присили Русија на мир


Украинскиот претседател Володимир Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон изјави дека се надева дека „заедничката сила“ на Украина со своите американски и европски колеги ќе ја принуди Русија да склучи мир. „Благодарен сум на американскиот претседател за поканата. Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна“, рече Зеленски на Телеграм по пристигнувањето во […]

Кабинскиот персонал на „Ер Канада“ продолжува со штрајкот


Кабинскиот персонал на „Ер Канада“ соопшти во неделата дека продолжува со штрајкот и ќе ја оспори наредбата за враќање на работа што ја нарекоа неуставна, спротивставувајќи се на одлуката на владата да ги принуди да се вратат на должност до 14 часот по локално време. „Ер Канада“ соопшти дека планира да ги продолжи летовите во […]

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство


ФИФА размислува за промена на форматот на Светското клупско првенство, објавува „Гардијан“. Според британскиот медиум, Светската фудбалска асоцијација планира да го одржува турнирот на секои две години од 2029 година и да го прошири бројот на учесници од 32 на 48 екипи.  Предвидено е повеќе од два клуба од една земја да можат да учествуваат […]

Русија ги продолжи нападите врз Украина, во Харков загинаа три лица има и едногодишно дете


Три лица, меѓу кои и едногодишно дете, загинаа утрово во руски напад со беспилотни летала врз Харков, а 17 лица се повредени, изјави градоначалникот Игор Терехов. „За жал, пронајдено е телото на уште едно лице кое беше убиено од непријателски „шахед“. Загинаа вкупно три лица, меѓу кои и едно мало дете“, напиша Терехов на Телеграм, […]

Центристот Родриго Паз води на претседателските избори во Боливија


 Центристичкиот сенатор Родриго Паз од Христијанско-демократската партија (ПДЦ) води на претседателските избори во Боливија со освоени 32,2 проценти од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати од првиот круг на претседателските избори во земјата, додека светските медиуми известуваат за историскиот пораз на левицата. Поранешниот конзервативен претседател Хорхе „Туто“ Кирога од коалицијата „Алијанса Либре“ е на второто место со […]

Затворен за сообраќај регионалниот пат Македонски Брод – Скопје


Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или […]

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип


Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33. роденден на македонската Армија. Повеќе од три децении исполнети со посветеност, пожртвуваност, знаење, храброст и одлучност во служба на Татковината ќе бидат одбележани со пригодна програма и присуство на високи државни и воени претставници. Според протоколот на свеченоста, со пригоден […]

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш


 Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш“, отфрлајќи ја идејата Украина да се приклучи на НАТО и да го врати Кримскиот полуостров анектиран од Русија како нереална. На својата платформа Truth Social, Трамп рече дека Зеленски „може да ја заврши војната со […]

Облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време, над 15 литри на метар квадратен, и  услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до […]

Македонските одбојкари изборија пласман на Европското првенство 2026


Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во Скопје ја совлада Грузија и избори учество на Европското првенство 2026. Македонците по четврти пат во низа ќе играат на континенталното првенство. „Црвено-жолтите“ успеаја да дојдат до посакуваната убедлива победа над Грузијците со 3:0, по сетови 25:13, 25:16 и 25:17. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски го освоија второто место во […]

ЈСП: Жичницата на Водно е безбедна, се спроведува редовен сервис


Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска преку соопштение реагираше на пишувањата околу безбедноста на жичницата „Милениумски крст“ и информира дека таа има валиден сертификат за работа до 24 септември 2025 година. „По многуте пишувања и шпекулации во медиумите, должни сме да не дозволиме да се створи паника околу безбедноста на жичницата. Жичницата има валиден сертификат за […]

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина


Целта на разговорите утре во Вашингтон меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски е да се претстави обединет фронт на Украина и нејзините европски сојузници, изјави попладнево францускиот претседател Емануел Макрон. -Ако денеска покажеме слабост пред Русија, ги поставуваме темелите за идните конфликти, рече тој по видеоконференцијата на „Коалицијата на посветените“. Францускиот […]

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК


Два потписи од двајца избирачи ќе бидат потребни за да можат независните кандидати за советници и градоначалници да учествуваат на претстојните локални избори кои треба да се одржат во октомври. Ова го предвидува новиот Правилник за регулирање на постапка за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи и за начинот на […]