ДИК уверува дека е заштитена од хакерски напади


Државната изборна комисија (ДИК) во контиунитет работи на заштита на податоците на избирачите и заштитата од хакерски напади. За таа цел донесена е ИКТ Стратегија и формирано Меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици, информираат за МИА од ДИК.  -Во однос на вашето прашање за заштита на податоците на избирачите и заштитата […]

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии


Шеесет години постоење на Уставен суд е само потврда на капацитетите на нашиот систем и доказ за истрајноста и непоколебливиот пристап во изградбата на правната држава. Согледувајќи ја уставно правнaта матрица, не може а да не се констатира дека волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии, рече Добрила Кацарска, претседателка […]

Израелски oфицијален претставник ги обвини САД дека планираат да го сменат Нетанјаху


Анонимен израелски официјален претставник ја обвини американската влада дека планира да го смени израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, одговарајќи на извештајот на американското разузнавање во кој се предупредува дека владата на Израел може да биде изложена на опасност поради критиките за водењето на војната против Хамас во Појасот Газа. „Оние кои го избраа премиерот на Израел […]

Усогласени нови правила за зголемување на безбедноста на патиштата во ЕУ


Преговарачите на белгиското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент доцна синоќа постигнаа договор за измени на Директивата за прекугранична размена на информации за сообраќајни прекршоци поврзани со безбедноста на патиштата од 2015 година, со кои треба да се зголеми нивото на безбедност на патниот сообраќај во Европа.  Според белгиски вицепремиер и министер […]

Недела на франкофонскиот филм од 15 до 22 март во Кинотека


На 15 март во 20 часот во Кинотеката  на Северна Македонија во Скопје со проекција на швајцарскиот филм „Блех-музика“ на режисерот Франсоа-Кристоф Марзал од 2019 година, официјално ќе биде отворена Неделата на франкофонскиот филм.   Настанот официјално и со пригодни говори ќе го отворат амбасадорите на Франција Сирил Бомгартнер и на Швајцарија Вероник Хулман. По […]

„Ван Хол“ го сели целото производство на автобуси од Белгија во Македонија


  Белгиската компанија „Ван Хол“ ќе го запре производството на градски автобуси и ќе се преориентира само на автобуси за превоз на патници и приколки. Компанијата има потреба да се реструктуира поради промената на условите на пазарот. Во тоа преструктуирање 1.100 вработени од фабриката на „Ван Хол“ во Белгија ќе бидат отпуштени во наредните три […]

Од денеска „Посна кошничка“ во грчките маркети со производи по пристапни цени


„Посна кошничка“ со производи поврзани со велигденските пости, чии цени треба да останат исти или да има минимални зголемувања, од денеска се воведува во грчките супермаркети, јави дописничката на МИА од Атина. „Посната кошничка“ претставува проширување и дополнување на „Кошничката за домаќинствата“, со основните продукти, со прифатливи цени за потрошувачите, што веќе речиси 18 месеци […]

Деспотовски: Да ги платиме нашите луѓе повеќе за да останат дома, а не да увезуваме странци


Справувањето со недостигот на работна сила на Западниот Балкан бара рационален и храбар пристап. Треба прво да видиме што може да се направи во регионот со постоечките ресурси, а не да одиме во потрага по работна сила. Потребено ни е преструктурирање на економијата, инвестирање во технологија и индустрии кои носат поголема додадена вредност и подобро […]

Хрватка подарува цела организација за свадба – причината е потресна


Девојка од Хрватска на една група на Фејсбук изјавила дека сака да подари сѐ за венчавка – од сала, музика, украси до храна, а причината е срцепарателна. „Драга моја идна невесто, поради мојата нова ситуација откако мојот свршеник почина, подарувам сѐ што е поврзано со самиот чин на свадбата, немам само покани, а благодарниците се […]

Штаб на Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ да каже дали стои зад ботовите кои шират говор на омраза


  Од медиумскиот штаб на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, бараат ВМРО ДПМНЕ да се изјасни дали стои зад повеќе од 200 ботови на мрежата Икс кои секојдневно шират говор на омраза. „Реториката што ја користат овие профили потсетува на реториката на ВМРО-ДПМНЕ со која, во недостиг на аргументи, партијата неосновано го напаѓа претседателот […]

Лени Кравиц почестен со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд


Лос Анџелес – Холивуд дозволи љубовта да владее и го почести Лени Кравиц (59) на Булеварот на славните во вторникот попладне. Неговата ѕвезда се наоѓа пред историската кула Capitol Records. Стопанската комора на Холивуд му ја додели 2.774-та ѕвезда на Булеварот на славните на Кравиц во категоријата за снимање. Пејачот на „American Woman“ ја доби […]

Ракета „Space One“ експлодира по полетувањето од космодром (видео)


Сателитската ракета на „Space One“ експлодира денеска веднаш по полетувањето од космодромот во западна Јапонија. На ракетата Каирос, долга 18 метри, дошло до грешка за време на лансирањето од вселенското пристаниште Кии во Кушимото, префектурата Вакајам, првата комерцијална локација за лансирање во Јапонија. Недолго потоа беше објавено дека се спроведени „мерки за прекин на летот“, […]

Еве колку милиони собра Фондацијата за СИДА на Елтон Џон на пост-оскаровската забава 


Додека многу музичари беа насловни страници на церемонијата на доделувањето на Оскарите во неделата вечер (10 март), една ѕвезда успеа да направи голема разлика. За време на својата годишна пост-оскаровска забава во неделата, Фондацијата за СИДА на Елтон Џон собра 10,8 милиони долари за истражување за болеста. Парите од гала настанот ќе бидат наменети за […]

Спас за 10 секунди: Како можете да си помогнете во случај на срцев удар


Инфартктот е една од најчестите причини за ненадејна смрт, а се почесто кај младите! Главната причина за тоа е што луѓето не обрнуваат внимание на предупредувачките сигнали кои телото им ги испраќа, мислејќи дека тоа не е ништо сериозно. Повеќето луѓе се беспомошни кога имаат срцев удар. Личноста чие срце чука неправилно и престанува да […]

Мастерклас на италијанскиот дизајнер на играчки Лука Боскардин во Сули ан


На 14 март се отвора тридневната манифестација „Денови на италијанскиот дизајн“ во чии рамки од 10 часот во историскиот објект Сули ан во Старата скопска чаршија ќе се одржи мастерклас на познатиот италијански дизајнер на играчки Лука Боскардин. Освен што е дијазнер на играчки, Боскардин е и талентиран илустратор, кој работи во Амстердам. Неговиот уникатен пристап кон […]

Зеленски потпиша закон со кој на војниците им се дава можност да имаат деца по смртта


Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша нацрт-закон со кој на војниците ќе им се гарантира правото на биолошко татковство или мајчинство. Информацијата ја објави пратеникот во украинскиот парламент Јарослав Зализнијак. Законот за изменување и дополнување на одредени правни акти на Украина за зачувување на генскиот фонд на украинскиот народ беше усвоен од украинскиот парламент на 7 […]

Англичаните повеќе нема да им препишуваат блокатори на пубертетот на децата


На децата повеќе нема да им се препишуваат рутински блокатори на пубертетот во клиниките за родов идентитет, потврди англиската Национална здравствена служба (NHS). Одлуката е донесена откако е утврдено дека нема „доволни докази“ дека блокаторите на пубертетот се безбедни или ефикасни. Блокаторите на пубертетот, кои ги запираат физичките промени во пубертетот, сега ќе бидат достапни […]

Второ издание на книгата разговори на Иван Антоновски со Светлана Шопова за Ацо Шопов


Издавачката куќа „Дијалог“ објави второ издание на книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори за Ацо Шопов со Светлана Шопова“ од Иван Антоновски. Второто издание на книгата се објавува по само неколку месеци од првото, кое веќе е исцрпено по големиот интерес на читетелите и одгласите на македонската книжевна наука и културологија, а веќе предизвика […]

Милијардер сака да изгради нов Титаник. „Ќе биде многу подобар од оригиналот“


Милијардерот и рударски магнат Клајв Палмер вети дека ќе изгради брод „далеку, далеку подобар од оригиналот“. За време на откривањето на нацртите за проектот Титаник II Палмер изнајмил соба во операта во Сиднеј за да објави дека неговата визија за изградба на голема реплика на осудениот океански брод конечно ќе се оствари. Сепак, откако сподели […]

Одбиле кандидат за декан бидејќи документите ги доставил на УСБ, а не на ЦД


Кандидат кој конкурирал за декан на Професорскиот факултет во Загреб бил одбиен бидејќи документацијата не ја доставил на ЦД. На Факултетот за образование на наставници во Загреб во тек се избори за нов декан, а за местото се пријавиле пет заинтересирани кандидати. Тоа се Ватрослав Зовко, Блаженка Филипан-Жигниќ, Марио Думанчиќ, Томислав Крзнар и Тин Перков. […]