Израелски oфицијален претставник ги обвини САД дека планираат да го сменат Нетанјаху


Анонимен израелски официјален претставник ја обвини американската влада дека планира да го смени израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, одговарајќи на извештајот на американското разузнавање во кој се предупредува дека владата на Израел може да биде изложена на опасност поради критиките за водењето на војната против Хамас во Појасот Газа.

„Оние кои го избраа премиерот на Израел се граѓаните на Израел и никој друг“, се вели во соопштението објавено синоќа.

„Израел не е протекторат на САД, туку независна и демократска земја чии граѓани ја избираат владата. Очекуваме нашите пријатели да дејствуваат за да се собори терористичкиот режим на Хамас, а не избраната влада во Израел“, се додава во соопштението.