Астрологијата открива на кого затемнувањето на Месечината во Вага на 25 март 2024 година ќе донесе големи промени во љубовта!


Три дена пред и по затемнувањето на Месечината во Вага ќе донесат силен интензитет на страст, кој ќе бара издржливост за смирување на умот, чувствата и емоциите. Во овој момент се засилува желбата за забранетото, се активираат емоциите кои некогаш биле потиснати и излегува темната страна на личноста. Се отстрануваат маските, се изразуваат вистинските мисли […]

Милеи се залага за штедење, а платата си ја зголемил за 48 проценти


Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи е обвинет за лицемерие за оркестрирање на значително зголемување на платата на претседателот додека го туркаше пакетот мерки за штедење, во скандалот што ја потресе десничарската популистичка влада. Опозициските пратеници го нападнаа Милеи во текот на викендот, споделувајќи детали на социјалните мрежи кои покажаа дека неговата бруто месечна плата пораснала на […]

Блискиот соработник на Навални, Леонид Волков, нападнат со чекан во Литванија


Леонид Волков, долгогодишен соработник на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални, бил нападнат со чекан во главниот град на Литванија, Вилнус, изјави портпаролката на Навални, Кира Јармиш. „Волков беше нападнат пред неговата куќа. Некој го скршил прозорецот од автомобилот и го испрскал со солзавец, по што напаѓачот почнал да го удира Леонид со чекан“, напиша […]

Словачка премногу се доближила до Русија? Луѓето излегоа на улица


Илјадници луѓе во вторникот излегоа на улиците на словачкиот главен град Братислава за да и покажат поддршка на Украина и да протестираат против словачката влада, за која критичарите велат дека премногу се доближила до Русија. Владата на премиерот Роберт Фиц предизвика вознемиреност меѓу критичарите откако ја презеде власта во октомври минатата година, со силни критики […]

Темни облаци надвиснаа над Европскиот зелен план


Се чини дека Европскиот зелен план, до неодамна клучна мисија во Брисел, е под се поголема закана пред европските избори, бидејќи во Унијата расте отпорот против неговите трошоци и последици, пишува Франс прес, пренесува Хина. Протестите на земјоделците, загриженоста на потрошувачите за трошоците за живот и неподготвеноста на некои земји веќе го поткопуваат амбициозниот план […]

УЕФА целосно ќе ја компјутеризира жрепката за ЛШ


УЕФА е принудена речиси целосно да ја „компјутеризира“ жрепката во Лигата на шампионите. Имено, од следната сезона најпресрижното светско клупско натпреварување ќе се игра во проширено издание со 36 клубови, во лига систам. Секој тим ќе одигра по осум натпревари, четири дома и четири на гости. На ждрешката клубовите ќе бидат сместени во четири „шешири“, […]

Ако има војна половина од граѓаните не би се бореле за Македонија


Според истражувањето на „Галуп интернешнл“ денес помалку луѓе во светот се подготвени да се борат за својата земја во споредба со пред една деценија, пренесува Дојче Веле.  Ако има војна во која е вклучена и вашата држава, дали би се бореле за својата земја? „Да“на ова прашање одговориле 34% од анкетираните во Северна Македонија, „не“ одговориле […]

Ердоган предупредува на ширење на војната во Украина


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа изјави дека мора да се избегнат какви било чекори што ќе ја влошат војната во Украина и евентуално ќе го пренесат конфликтот во НАТО, додавајќи дека тој ќе биде домаќин на рускиот претседател Владимир Путин по изборите подоцна овој месец. Турција, членка на НАТО, го поддржува територијалниот интегритет на […]

Најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови, најмногу дожд во Гевгелија


Најниска температура од -1 степен Целзиусов утрово е измерена на Попова Шапка и во Маврови Анови. Следат Лазарополе, Берово и Крушево со нула степени, 1 во Прилеп, Битола, 2 Претор, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Велес, Кавадарци, Охрид, Тетово, Крива Паланка, 7 Скопје-Зајчев Рид, 5 Виница, Гевгелија, 6 Штип и 8 степени во Дојран. За […]

Нова поетска книга од Стефан Марковски „Светлината во нашите вени“


„Светлината во нашите вени“ е нова поетска збирка на Стефан Марковски, која деновиве беше објавена во издание на Современост – Скопје. Стихозбирката на 100 страници содржи вкупно 39 песни распоредени во шест циклуси: Светлината во нашите вени, Пријател со времето, Пребирливоста на стихот, Машински метаморфози, Политикологија на дишењето и Бакнежност. За збирката, македонскиот поет и […]

Одбележување на 125 години од дипломирањето на Кемал Ататурк во битолската Воена Гимназија


Амбасадата на Република Турција денеска во Битола организира церемонија за одбележување на 125 години од дипломирањето на Кемал Ататурк во битолската Воена Гимназија, некогашната Идадија. Како што е познато, Мустафа Кемал Ататурк во Битола се школувал во периодот од 1896 до 1898 година, каде според хроничарите, токму во Воената гимназија во Битола е создадена основата […]

Јавна дебата за примена на полиграф за службениците на граничните премини


Во Скопје денеска ќе се одржи јавна дебата на тема „Утврдување интегритет на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на ГП и граничната линија со примена на полиграф, како превентивна мерка за спречување на можна корупција“. Јавната дебата ја спроведува Националниот координативен центар за гранично управување на Владата за учесниците на првата […]

Бајден ја обезбеди номинацијата, на повидок е нова борба против Трамп


Американскиот претседател Џо Бајден освои доволно делегати за да обезбеди номинација на Демократската партија за претседателските избори, а негов веројатен противник повторно ќе биде Доналд Трамп, што би било прво повторување на изборната трка по речиси 70 години. На Бајден му беа потребни 1.968 делегати за да ја добие номинацијата, а истражувањето на Едисон русрч […]

Во Врховниот суд јавна седница по жалбата за продолжениот притвор на таткото на убиената Вања


Во Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска со почеток од 12 часот ќе се одржи јавна седница по жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска. Како што информираа од Врховен, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“, пред Врховниот […]

Обезбеден бесплатен скрининг за 2.000 лица во ризик од хронично бубрежно заболување


Обезбеден е бесплатен скрининг за 2.000 лица во ризик од хронично бубрежно заболување. За таа цел денеска министерот за здравство  Илир Демири и генералниот директор на Диаверум Димитар Клисаровски ќе дадат изјава за медиуми. Настанот ќе се одржи во Министерството за здравство.

Околу 4.000 граѓани направиле увид во Избирачкиот список, рокот истекува на 18 март


Подготовките за претседателските, но и за парламентарните избори се интензивни од страна на учесниците на изборите, но и од страна на Државната изборна комисија (ДИК). На 18 март завршува увидот во Избирачкиот список и за претседателските и за парламентарните избори, а тогаш завршува и рокот за гласање во дијаспората. Листите на кандидати за претседател на […]

(Видео) Погодена рафинерија во Русија. Се слушнаа три експлозии, се крева густ црн чад


Пожар избувна во реонот на нафтена рафинерија во рускиот град Рјазан и во тек е неговото гаснење, потврдија оперативните служби за државната новинска агенција Тасс. „Веројатна причина за пожарот е пад на дрон“, изјави извор од оперативните служби. Итната помош пристигнала на местото на настанот. Две лица се пренесени во локалната болница во умерена состојба. […]

Без вода дел од општина Центар, без струја делови од Чаир и Аеродром


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Христо Смирненски“, „9 Мај“, „Петар Попарсов“, „Костурски херои“, „Васил Стефановски“,  „Диме Аницин“ и „Роза Луксенбург“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање дефект од од ф – 80 милиметри на улица „Васил Стефановски“ број 16. Корисниците […]

Нова 148. собраниска седница, треба да бидат донесени законите за нефер трговски практики, и за конфискуван имот


Собранието денеска треба да ја започне новата 148. седница, а најавено е и продолжување на 140-та, 138-та и 135-та пленарна седница.  На 148-та седница се очекува да бидат донесени предлог на законите за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, за управување со конфискуван имот, имотна корист и […]

На Волстрит индексот СиП 500 скокна на ново рекордно ниво


  Вчера на Волстрит индексот СиП 500 (S&P 500) скокна на ново рекордно високо ниво, благодарение на растот на цените на акциите во технолошкиот сектор, додека новите податоци покажаа дека инфлацијата во САД благо зајакна. Дау Џонс (Dow Jones) зајакна 0,61 отсто, на 39.005 поени, додека СиП 500 скокна за 1,12 отсто, на 5.175 поени, […]