Променливо облачно со услови за краткотраен дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец


Времето ќе биде променливо облачно, претежно во планинските региони во западните делови со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно со услови […]

Лига на шампиони: Барселона и Арсенал четвртфиналисти


Фудбалерите на Арсенал и на Барселона обезбедија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), откако англискиот тим го елиминираше Порто со вкупни 5-3 по изведување пенали, а шпанскиот првак беше поуспешен од Наполи со вкупен резултат 4-2. Арсенал на реваншот во Лондон со голот на Тросар во 41 минута ја анулираше негативата од првиот […]

Фабриката на „Тесла“ во Берлин го обнови производството по саботажата


Фабриката на „Тесла“ во близина на Берлин може повторно да работи од понеделник навечер. Фабриката и нејзината околина минатата недела останаа без струја поради пожар што избувна под далновод на отворено поле. Поправката беше завршена многу побрзо од очекуваното. „Тесла“ пресмета дека нема да можат да го обноват производството пред крајот на неделата. Пожарот го […]

Извештај: Бундесверот е во лоша состојба


 Германскиот Бундесвер се соочува со проблеми поврзани со стареење и недоволно персонал, се вели во извештајот за вооружените сили што го презентираше Ева Хогл комесарка на Бундестагот за Бундесверот. „Бундесверот се намалува и старее“. Мора да ја зголемиме атрактивноста на германските вооружени сили во најкус можен рок“, рече Хогл  за време на презентацијата на редовниот […]

Во Италија создаден фонд за вештачка интелигенција од милијарди евра


Премиерката на Италија, Џорџа Мелони денеска најави инвестициски фонд од една милијарда евра наменети за проекти за вештачката интелигенција (АИ), при тоа апелирајќи на „правилата на етиката“ при користењето на таа технологија. Таа на Конгресот за вештачка интелигенција во Рим наведе дека инвестицискиот фонд, кој ќе вклучува и нови ресурси и постоечки фондови, има за […]

Европската комисија препорача отворање на преговорите со Босна и Херцеговина


  Европската комисија денеска препорача отворање на пристапните преговори на ЕУ со Босна и Херцеговина. Како што се наведува во соопштението на Европската комисија, оваа институција смета дека БиХ го постигнала потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство во ЕУ, во однос на постигнатите резултати од 2022 година, кога оваа земја доби кандидатски статус. […]

Владата поништила пет наредби на министерот Тошковски бидејќи биле со едностран потпис


Владата на денешната 10-тата седница, како второстепен орган, прогласила за ништовни пет наредби за кадровски прераспоредувања и распоредувања во подрачни сектори на МВР и во Бирото за јавна безбедност донесени од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, бидејќи биле со едностран потпис. Службата за односи со јавноста на Владата соопшти дека актите се […]

Закани кон семејството на Стевчо Јакимовски


По несекојдневната случка со изводот од книгата на венчани што бил издаден на синот на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, на социјалните мрежи се појавија закани по неговиот живот и на неговото семејство. Заканата ја сподели и Јакимовски прашувајќи дали Министерството за внатрешни работи ќе реагира и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се огради од заканувачите. ,,Ќе […]

Владата ги утврди предлог-законите за обновливи извори и законот за енергетика


Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, утврди текстови на два предлог на закони во областа на енергетската сфера: Предлог на Закон за обновливи извори на енергија и Предлог на Закон за енергетика, чијашто материја претходно била уредена во еден закон. Новината што се воведува, да има посебен закон за обновливи извори на енергија, […]

Македонија ќе купува хеликоптери од Италија


Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за одбрана за потребата на доделување договор за набавка на повеќенаменски транспортни хеликоптери, со склучување договор влада со влада помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Италијанската Република. Овластена е министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во име на Владата на Република Северна Македонија, […]

Оперативниот план за вработување проектиран на две милијарди денари, ќе опфати над 15 000 невработени лица


Две милијарди денари за над 15.000 невработени лица се предвидени со годинашниот Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Како што беше речено на денешната промоција под мотото „Шанса за сите“, поддршката за отворање сопствен бизнис, како една од најбараните во Оперативниот план, ќе опфати околу 2 […]

Кривична пријава за полициски службеник за семејно насилство


СВР Битола – Отсек за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против Џ.Р., полициски службеник во Полициската станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење на семејно насилство“. Како што се наведува во денешниот МВР-билтен, на 29 јануари 2024 година во Битола Џ.Р. физички ја нападнал неговата невенчана сопруга […]

Овие ѕвезди беа најхрабри на пост-оскаровските забави


Сите добро знаат дека дури по доделувањето на Оскарите следува вистинската прослава, а зборуваме, секако, за веќе традиционалната забава која секоја година ја организира американскиот магазин Vanity Fair. Тоа е одлична можност за ѕвездите да се „оддалечат“ од класичниот, формален изглед кој никогаш не недостасува на црвениот тепих, бидејќи забавата на Vanity сепак дозволува нешто […]

Северен тек ги тужи осигурителните компании поради експлозиите на гасоводите


„Северен тек АГ“ бара повеќе од 400 милиони евра од своите осигурителни компании поради експлозиите што се случија во 2022 година кога беа оштетени гасоводите наменети за транспорт на руски гас во Германија, се наведува во судските документи. „Северен тек АГ“ ги именуваше осигурителната компанија Лојдс и осигурителната куќа Арч (ЕУ) ДАЦ како обвинети во […]

Руските железници профитираат од кризата во Црвеното Море


Кризата во Црвеното Море го пренасочува транспортот на товар од Азија во Европа преку копнени коридори преку руска територија. Руските железници, се чини, најмногу ќе профитираат од прекинот на поморскиот сообраќај преку Суецкиот канал. Германскиот ДХЛ соопшти дека барањата за транспорт на стоки долж рускиот железнички коридор се зголемени за околу 40 отсто откако контејнерските […]

Тони Михајловски е добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“ за 2024


Тони Михајловски е годинашниот добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“ за актери од средната генерација, како што пишува во конкурсот на Општина Велес и велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. Одлуката ја објави тричленото жири, во состав Слободанка Чичевска, Фаик Мефаилоски и Благојчо Стојанов, сите актери од Велешки театар.   Тие потенцира дека Михајловски […]

Ескобар: Курти има проблем и со нас и со Северна Македонија


Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, денес на брифингот со новинарите од регионот порача дека САД немаат проблем со партнерството со  Косово, туку премиерот Албин Курти има проблем со САД –  но и со ЕУ, со НАТО, co Обединетото кралство, со Албанија –  па и со Северна Македонија. Без да каже на што алудира […]

Повеќе од сто вработени во германската АфД се дел од екстремистички групи


Повеќе од 100 луѓе кои работат за парламентарната група на екстремната десница Алтернатива за Германија (AfD) или за пратеници на AfD се дел од организации класифицирани како десничарски и екстремистички, според извештајот на медиумите. Во извештајот објавен во вторникот, регионалниот баварски јавен медиумски сервис Bayerischer Rundfunk (BR) се потпираше на „внатрешни списоци со имиња“ од […]

Трамп вети дека ќе ги ослободи бунтовниците од Капитол ако биде избран


  Бунтовниците- поттикнати од тогашниот претседател и неговите лажни тврдења за измама на гласачите — упаднаа во седиштето на американската демократија на 6 јануари 2021 година, во обид да го запрат трансферот на власта на Џо Бајден. Околу 1.358 обвинети се обвинети според најновите податоци од Министерството за правда објавени минатата недела. Околу 500 се […]

САД со најголемо дневно производство на нафта во светот, шеста година по ред


  САД произведуваат просечно 12,9 милиони барели нафта дневно и водат на светската ранг листа на производители, шеста година по ред, објави Министерството за енергетика. Во декември 2023 година, производството на сурова нафта во САД достигна нов месечен рекорд, надминувајќи 13,3 милиони барели дневно, според Управата за енергетски информации на Министерството (EIA). „Во текот на […]