Кривична пријава за полициски службеник за семејно насилство


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

СВР Битола – Отсек за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против Џ.Р., полициски службеник во Полициската станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење на семејно насилство“.

Како што се наведува во денешниот МВР-билтен, на 29 јануари 2024 година во Битола Џ.Р. физички ја нападнал неговата невенчана сопруга и ѝ нанел телесна повреда.

Од МВР информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210, став 1, точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и член 26 од Етичкиот кодекс  за однесување на работниците на МВР.

Одделот за внатрешна контрола изрече и мерка за одземање на оружјето од пријавениот полициски службеник.