САД со најголемо дневно производство на нафта во светот, шеста година по ред


 

САД произведуваат просечно 12,9 милиони барели нафта дневно и водат на светската ранг листа на производители, шеста година по ред, објави Министерството за енергетика.

Во декември 2023 година, производството на сурова нафта во САД достигна нов месечен рекорд, надминувајќи 13,3 милиони барели дневно, според Управата за енергетски информации на Министерството (EIA).

„Во текот на изминатите шест години, САД постојано произведуваа повеќе сурова нафта од која било друга земја, според нашата меѓународна енергетска статистика“, објави ЕИА во понеделникот.

Мали се шансите други земји да го соборат тој рекорд во блиска иднина, според американската Управа за енергетски информации.

Во јануари, владата на Саудиска Арабија му нареди на енергетскиот гигант Арамко да го прекине планот за зголемување на производството на нафта и да се насочи кон максимален одржлив производствен капацитет од 12 милиони барели дневно, еден милион барели помалку од планираното во 2020 година.

Саудиска Арабија е водечки производител на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), која заедно со своите сојузници одлучи да ја намали понудата за 2,2 милиони барели дневно до средината на годината за да ги поддржи цените во период на слаба побарувачка под притисок на слабата економскиот раст.