Лига на шампиони: Барселона и Арсенал четвртфиналисти


Фудбалерите на Арсенал и на Барселона обезбедија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), откако англискиот тим го елиминираше Порто со вкупни 5-3 по изведување пенали, а шпанскиот првак беше поуспешен од Наполи со вкупен резултат 4-2.

Арсенал на реваншот во Лондон со голот на Тросар во 41 минута ја анулираше негативата од првиот дуел во Порто, а голманот на „топчиите“, Раја, во пенал серијата одбрани два удари од белата точка и го однесе англискиот тим меѓу најдобрите осум во ЛШ.

По ремито од 1-1 на дуелот во Неапол, фудбалерите на Барселона на реваншот го совладаа Наполи со 3-1. Стрелци на головите за каталонскиот тим беа Лопез (15 минута), Кансело (17) и Левандовски (83), додека почесниот гол за Наполи го постигна Рахмани (30).

Арсенал и Барселона им се приклучија во четвртфиналето на Баерн Минхен, Манчестер сити, ПСЖ и Реал Мадрид, а завршните два реванш осминафинални дуели се играат меѓу Атлетико Мадрид – Интер (0-1) и Борусија Дортмунд – ПСВ (1-1).

Жрепката за четвртфиналето е в петок.