Зеленски потпиша закон со кој на војниците им се дава можност да имаат деца по смртта


Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша нацрт-закон со кој на војниците ќе им се гарантира правото на биолошко татковство или мајчинство.
Информацијата ја објави пратеникот во украинскиот парламент Јарослав Зализнијак.

Законот за изменување и дополнување на одредени правни акти на Украина за зачувување на генскиот фонд на украинскиот народ беше усвоен од украинскиот парламент на 7 февруари.

Според ажурираниот нацрт на законот, биолошкиот материјал на паднатите борци ќе се чува бесплатно три години по нивната смрт.