Нов конгрес, нов лидер: Села на чело на Алијанса на Албанците, Таравари разрешен


Ривалството меѓу двата спротивставени таборо во Алијанса за Албанците продолжи и  денеска, на вториот партиски конгрес што се одржа во рок од само неколку дена и на кој крилото на Зијадин Села го избра за претседател на партијата, а истоврмено го разреши од функцијата Арбен Таравари. Пред само два дена вонреден конгрес на Алијанса за […]

Премиерката на Естонија: Русија нема да ме заплаши со налог за апсење


Естонската премиерка Каја Калас денеска изјави дека Русија нема да ја заплаши со издавање налог за нејзино апсење и дека потегот на Москва е обид за заплашување поради шпекулациите дека може да добие висока позиција во ЕУ. Калас на маргините на Минхенската безбедносна конференција изјави дека налогот издаден од Русија за нејзино апсење не е […]

Министерството за транспорт со реакција до ВМРО-ДПМНЕ: Инвестициите во патната инфраструктура се 2 милијарди евра


Министерството за транспорт и врски преку соопштение до медиумите реагираше на пораките од трибината на ВМРО-ДПМНЕ околу инфраструктурните проекти во државата, порачувајќи дека била „очигледна нервозата во политичката партија“, како и дека од ВМРО-ДМПНЕ се обидуваат „да манипулираат со граѓаните“. „Исплашени се од фактот дека оваа Влада изгради и рехабилитира преку 1.500 километри вкупно патна […]

Станари од охридската населба „Бејбунар“ најавија тужба до Општината поради неуредена инфраструктура


Граѓани на Охрид, жители на објектите што гравитираат на улицата „АСНОМ“, преку допис лиферуван до медиумите најавуваат дека судски ќе бараат остварување на нивните станарски права, односно уредување на соодветна инфраструктура во населбата за која имаат подмирено комуналии. Тие посочуваат дека повеќе од десет години живеат во субстандардни услови со неасфалитрана улица, за што предупредуваат […]

Џафери од Минхен: Глобалната демократија како и евроатланската интеграција на Западен Балкан се предизвикани


Премиерот во техничката Влада Талат Џафери го заврши присуството на јубилејната, 60-та Минхенска безбедносна конференција, којашто шест децении претставува платформа за постигнување мир преку дијалог, и е добра можност, за реафирмација на цврстата определба на Северна Македонија кон евроатлантскиот пат и демократските вредности. Од Влдата посочуваат дека Џафери, заедно со уште 450 политички лидери, преку […]

Расколот во АА продолжува: Приврзаниците на Села го избраа за претседател, Таравари разрешен


На денешниот четврти конгрес на Алијансата на Албанците Зијадин Села е избран за претседател на партијата, а од функцијата е разрешен Арбен Таравари. Конгресот заврши, а се очекува Села да даде изјава за медиумите. Во петокот во Скопје конгрес одржа крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари, а тој беше реизбран за претседател […]

Инвестициски самит на Западен Балкан 2024 година во седиштето на ЕБОР на 26 февруари


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави дека Инвестицискиот самит за Западен Балкан 2024 година ќе се одржи в понеделник, на 26 февруари, во седиштето во Лондон. Како што е наведено, целта на самитот е да се истакнат потенцијалните можности за инвестирање и бизнис во регионот на Западен Балкан и да се промовираат регионални […]

Во центарот на Штип се гради втората катна гаража


Се гради и втората катна гража кај Стоковната куќа „НАМА“ во Штип. Градоначалникот на Општина штип, Иван Јорданов истакна дека градежните активности ќе траат наредните два месеца. Посочи дека со оваа катна гаража градот ќе добие нови 27 паркинг позиции, а со тоа ќе се растерети улица „Ванчо Прќе“, која општината има намера да на […]

(Видео) Трамп продава патики. Чинат 399 долари


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп лансираше сопствена линија на патики со брендот Трамп на Sneaker Con, конвенција за љубителите на патики во Филаделфија. Ден претходно доби казна од 355 милиони долари Неговото појавување беше проследено со гласни свирежи и овации откако откри пар златни патики кои се продаваат на интернет за 399 долари. Трамп се […]

Најголемиот број нови милионери нема да доаѓаат од Запад, туку од БРИКС


Бројот на милионери во земјите од групата БРИКС ќе доживее значително зголемување во наредната деценија, што ќе придонесе за најголем пораст на богатството во која било меѓудржавна организација во светот, се наведува во извештајот на консултантската куќа „Хенли и партнери“ (Henley & Partners). Се предвидува дека бројот на милионери во земјите на БРИКС, кој се […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе го завршеле автопатот Кичево – Охрид во 2026 ако дојдат на власт


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Инфраструктурна платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во инфраструктурата“ која што се одржа во Другово, општина Кичево, вети дека ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт до 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – Охрид, како и неколку експресните патишта. Тој оцени дека моменталната власт нема […]

„ОпенАИ“ проценет на 80 милијарди долари


„ОпенАИ“ (OpenAI) го заврши договорот со кој компанијата за вештачка интелигенција ќе ѝ овозможи да биде проценета на 80 милијарди долари или повеќе, објави Њујорк Тајмс овој викенд. Компанијата ќе ги продаде постоечките акции во таканаречената тендерска понуда предводена од фирмата за ризичен капитал Thrive Capital, се вели во извештајот. Според договорот, вработените ќе можат […]

Нафтата на највисоко ниво од ноември, аналитичарите очекуваат натамошен раст


  Цените на нафтата се искачија на највисокото ниво од ноември, главно поттикнати од тензиите на Блискиот Исток и напорите на ОПЕК да го ограничи производството. Од друга страна, Меѓународната агенција за енергетика ја намали проценката за растот на годинашната просечна побарувачка на нафта (од 1,24 на 1,22 милиони барели дневно, што е речиси половина […]

Условите за станбена изградба во Германија на ново најниско ниво


Индикаторот за условите во германската станбена изградба, пресметан од Минхенскиот институт за економски истражувања Ифо, падна во јануари на ново најниско ниво од почетокот на истражувањето во 1991 година. Компаниите не се задоволни од моменталната состојба, а лоши се изгледите за наредните месеци, велат во текот на неделата од Ифо. Во јануари, во однос на […]

Фредериксен: Данска ќе ја испрати целата своја артилерија во Украина


Данската премиерка Мете Фредериксен денеска најави дека Данска ќе ја испрати целата своја артилерија во Украина и ги повика европските земји да ги снабдат украинските вооружени сили со муниција и системи за противвоздушна одбрана, бидејќи „сега им се повеќе потребни“. Говорејќи на маргините на конференцијата за безбедност во Минхен, таа се пожали дека „нема доволно […]

Локализиран пожарот во напуштена куќа во Мичурин


 Пожар избувнал денеска во напуштена куќа во Мичурин, на улица Симеон Каврахиров. Командантот на противпожарната бригада Звонко Томески за МИА изјави дека пожарот е локализиран и дека во моментов пожарникарите ги расчитуваат остатоците.    – Интервенирано е со две возила и шест пожарникари, рече Томевски, кој вели дека засега не се познати причините за избувнување […]

Неразјаснети убиства


Србија е деновиве скандализирана. По судскиот процес, кој траеше цели 25 години, против осомничените за убиството на новинарот Славко Ќурувија, убиен пред прагот од неговиот стан во Белград во 1999 година, судот донесе конечна одлука за нивно ослободување од вина заради „недоволно докази“. Обвинети и осудени во претходна постапка беа началник и соработници на службата […]

МВР: СВР Скопје и внатрешната контрола работат на расчистување на нападот на полициски службеник врз колега


Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди преземаат мерки и активности за расчистување на случајот од синоќа, кога околу 00.40 часот во угостителски објект во центарот на Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник […]

Тошковски бара брзо да се расчисти инцидентот помеѓу полициските службеници


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го осуди инцидентот што ноќеска се случи кога полицаец нападнал свој колега додека извршувал служеби дејствија. Тошковски посочува дека за случајот е известен надлежен јавен обвинител и дека побарал од надлежните служби во МВР да постапат професионално согласно стандардните оперативни процедури.  -Во однос на инцидентот кој се случи изутринава […]

Повеќе од 400 луѓе се приведени во Русија за време на протестите по смртта на Навални


Повеќе од 400 луѓе се приведени за време на протестите во 32 руски градови по смртта на Алексеј Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин, соопшти организацијата за човекови права „ОВД-Инфо“. Тоа е најголемиот бран протести предизвикани од политичките случувања во Русија од септември 2022 година, кога повеќе од 1.300 луѓе беа уапсени за време […]