Протест на сточарите од југот на Албанија, блокирани патишта


Сточарите од јужната албанска околија, Ѓирокастро излегоа на улиците за да протестираат против неисполнетите барања на Министерството за земјоделство. -Денеска сточарите од 10 општини од југот на земјата во знак на предупредување го блокираа националниот пат Кардик-Делвина и уште еднаш побараа исполнување на нивните барања, јави Топ чанел. Според телевизијата, покрај барањето да се преговара […]

Министерот Османи во улога на доставувач: И во Берн стави во функција дополнителен пункт за патни исправи


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, во Амбасадата во Берн, Швајцарија стави во функција дополнителен пункт за патни исправи, соопшти МНР. Претходно, истото го направи и во Бон, Германија. „Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, […]

До крајот на денов сончево и ветровито, во вторник температурата ќе опадне


 До крајот на денов времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во северните делови повремено облачноста ќе се зголемува, ќе дува слаб до умерен. Долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени, информираат од УХМР. Во текот на следната работната седмица ќе преовладува сончево […]

Деонин Мејдани ќе биде нов албански амбасадор во Скопје


Нов амбасадор на Република Албанија во Северна Македонија ќе биде Деонин Мејдани. Мејдани пред членовите на парламентарната комисија за надворешна политика ја презентирал неговата платформа и ја добил поддршката од Комисијата. -Северна Македонија не е само добар сосед, туку е партнер, сојузник и поддржувач на заедничкото патување во регионалните и евроинтегративните процеси, изјавил, меѓу другото, […]

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов


Од 1 до 3 март ќе се одржи 22. Хуманитарен велеслалом Маврово 2024, а организаторот годинава одлучи собраните средства да бидат наменети за лекување на Леонид Индов, кој во несреќа на летување го повреди вратниот пршлен и остана неподвижен. Леонид во моментов е на лекување во во центарот за повреди во Меидлинг-Виена, Австрија, но лекувањето […]

Советот за безбедност на ОН веројатно во вторник ќе гласа за прекин на огнот во Газа, САД најавија вето


Советот за безбедност на Обединетите нации веројатно во вторник, 20 февруари, ќе гласа за предлогот на Алжир, Советот за безбедност на ОН да бара итна хуманитарна помош и прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, но САД сигнализираа дека ќе стават вето. Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд рече дека таквата резолуција може да […]

Без вода корисниците на парните броеви од Бул.Видео Смилевски Бато поради дефект


Поради уличен дефект од Ф-100 мм на Булевар Видое Смилевски Бато 75/2 во населба Лисиче, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на парните броеви од Бул.Видео Смилевски Бато. Водоснабдувањето е прекинато од 11:30 часот, а граѓаните ќе немаат вода до санирање на дефектот.

Столтенберг остро ја критикуваше реакцијата на Пекинг по смртта на Навални


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг остро ја критикуваше реакцијата на кинеската Влада по смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, јави ДПА. „Денеска имаше изјава на кинескиот министер за надворешни работи дека смртта на Навални е „внатрешно руско прашање“. Е тоа не е внатрешно руско прашање, бидејќи сите знаеме дека ова е резултат на […]

Кличко: Смртта на Навални била планирана да настапи пред конференцијата во Минхен


Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави за ДПА дека времето на смртта на рускиот дисидент Алексеј Навални – само три часа пред закажаниот почеток на Минхенската безбедносна конференција на која присуствуваа главните западни лидери – не е случајност. „Не мислам дека тоа е случајност“, рече Кличко, кој е поранешен политичар. Тој го обвини рускиот претседател […]

ВМРО-ДПМНЕ: Уапсеното лице ќе биде ќе биде отстрането од обезбедувањето на Мицкоски


ВМРО-ДПМНЕ во реакција до медиумите денесека соопшти дека уапсеното лице ќе биде отсрането од обезбедувањето на лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Од партијата велат дека споменатото лице е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. „Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост […]

Минхенската безбедносна конференција завршува со дискусии за војната во Газа


На последниот ден од 60. Минхенска безбедносна конференција денеска централно место зазема војната во Појасот Газа, јави ДПА. Палестинскиот премиер Мохамед Штаје утринава ќе учествува на панел дискусија за иднината на израелско-палестинските односи заедно со поранешната израелска министерка за надворешни работи Ципи Ливни и јорданскиот министер за надворешни работи Ајман ал Сафади.. Војната во Појасот […]

Лолеска: Ретката болест не е само дијагноза, тоа е веќе начин на живот


Веќе шеста година последователно Здружението „Ретко е да си редок“ ја спроведува националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. Во месецот февруари кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена, по шести пат се спроведуваат активности насочени кон приближување на јавноста и поблиско запознавање на граѓаните […]

Приведен шефот на обезбедувањето на Мицкоски, нападнал колега полициски службеник


Шефот на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ивица Б., рано изутрината нападнал колега полицаец кој извршувал службени дејствија, а веднаш по нападот бил лишен од слобода. Како што објави „360 степени“ , повикувајќи се на непотврдени информации, полицијата, во потрага по дрога, сакала да изврши претрес во познат скопски локал, но Ивица Б., […]

Украина соопшти дека соборила воен авион, крстосувачка ракета и 12 беспилотни летала испратени од Русија


Украинската армија изминатата ноќ собори ловец-бомбардер Су-34, крстосувачка ракета Х-59 и 12 беспилотни летала испратени од Русија, јавија западни агенции, повикувајќи се на изјава на командантот на воздухопловните сили на Украина, Микола Олешчук. „Сакам да им се заблагодарам на единиците на воздухопловните сили за нивната успешна борбена активност. Ви посакувам убав ден на сите“, напиша […]

Луис Енрике: Нема проблем меѓу мене и Мбапе


Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике негираше дека се скарал со ѕвездата на тимот, Килијан Мбапе. Напаѓачот синоќа на натпреварот против Нант беше оставен на клупата, а по неговото појавување на теренот реализираше пенал за конечни 2:0. Многумина одлуката на Луис Енрике ја поврзаа со веста дека Мбапе ќе го напушти ПСЖ на крајот […]

Во Берово измерени – 6 степени, во Дојран четири степени


Најстудено утрово беше во Берово каде беа измерени – 6 степени, во Маврови Анови, Битола, и Демир Капија – 3, во Скопје-Петровец, Штип, Крива Паланка, Прилеп и Струмица – 2, во Охрид, Велес и Попова Шапка – 1, во Гевгелија, Кавадарци и Претор 0, во Тетово, Виница и Скопје-Зајчев Рид еден, во Крушево два и […]

Музичко-документарниот филм за Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа во Кинотека


На 22 и 23 февруари од 20 часот во Кинотека ќе биде прикажан долгометражниот музички-документарен филм „Перо Ловшин – Ти можеш“ кој ја раскажува приказната на Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа. Гостин на проекциите ќе биде токму Перо Ловшин. Тој, како фронтмен на Панкрти, со текстовите и активизмот одбележал цел […]

Партиитe се подготвувaат за избори, албанската опозиција со Декларација за обединување


Продолжуваат активностите на политичките партии по распишувањето на парламентарните и претседателските избори, за конципирање и екипирање на изборните настапи.  Продолжува скојдневната реторика на партиите за победа и потребата од фер и демократски изборни процеси. Најголемите партии се уште не ги објавуваат кандидатите за претседател на државата, а за парламентарните избори најавите се околу мерките во […]

Путин и честиташе на руската армија за заземањето на Авдијивка


Рускиот претседател Владимир Путин и честиташе на руската армија за заземањето на Авдијивка, велејќи дека станува збор за важна победа, соопшти синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Во Кремљ Владимир Путин го слушаше извештајот на министерот за одбрана Сергеј Шојгу за заземањето на Авдијивка. Претседателот и честиташе на нашата армија и на борците за важната […]

Бела куќа: Украинското повлекување од Авдијивка е доказ за неактивноста на Конгресот


 Повлекувањето на украинската армија од градот Авдијивка, на истокот на земјата, е „доказ за неактивноста“ на американскиот Конгрес кој ја блокира дополнителната воена помош од 60 милијарди долари за Украина, оцени синоќа Белата куќа. Портпаролката на Советот за национална безбедност Адријен Вотсон го повика Конгресот да ја одобри помошта „без одложување“ откако украинската војска се […]