ВМРО-ДПМНЕ: Уапсеното лице ќе биде ќе биде отстрането од обезбедувањето на Мицкоски


Фото: Б. Грданоски

ВМРО-ДПМНЕ во реакција до медиумите денесека соопшти дека уапсеното лице ќе биде отсрането од обезбедувањето на лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Од партијата велат дека споменатото лице е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници“, велат од ВМРО=ДПМНЕ.

Од таму посочуваат дека по ваквиот настан, истото ќе биде отсрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претсдателот на партијата.

„Бараме органите, без заддршка да ги превземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот“, се вели во ракцијата на ВМРО-ДПМНЕ до медиумите.

Претходно, медиумите јавија дека шефот на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ивица Б., рано изутрината нападнал колега полицаец кој извршувал службени дејствија, а веднаш по нападот бил лишен од слобода. Полицијата, во потрага по дрога, сакала да изврши претрес во познат скопски локал, но Ивица Б., кој бил внатре во објектот, се обидел да ја спречи акцијата, по што бил уапсен.

Инцидентот е регистриран и во полицискиот билтен на МВР. 

„На 18.02.2024 во 00.40 часот во угостителски објект на подрачје на Центар во Скопје, полициски службеници Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во билтенот на МВР.

 

На истата тема:

Приведен шефот на обезбедувањето на Мицкоски, нападнал колега полициски службеник – Независен Весник (nezavisen.mk)