Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов


Од 1 до 3 март ќе се одржи 22. Хуманитарен велеслалом Маврово 2024, а организаторот годинава одлучи собраните средства да бидат наменети за лекување на Леонид Индов, кој во несреќа на летување го повреди вратниот пршлен и остана неподвижен.

Леонид во моментов е на лекување во во центарот за повреди во Меидлинг-Виена, Австрија, но лекувањето чини околу 300 илјади евра, а на семејството му е неопходна помош од секој добронамерен човек. Младото момче не е во можност да ги движи рацете и нозете и дише со помош на респиратор.

Донациите одат на сметката на Леонид Индов:

Целосен назив: Леонид Индов

Трансакциска сметка: 210-7000006805-91

Банка: НЛБ Тутунска Банка

Според организаторот на донаторската акција, Ресорт Маврово секоја компанија може да пријави еден или повеќе тимови, но тимот мора да биде составен од 3 учесници, само скијачи, само бордери или мешано. За пријава треба да се прати маил на [email protected] со назнака ПРИЈАВУВАЊЕ за 22 ри АХВМ.

Котизацијата за секој пријавен тим изнесува 12.000 денари.