Премиерката на Естонија: Русија нема да ме заплаши со налог за апсење


Естонската премиерка Каја Калас денеска изјави дека Русија нема да ја заплаши со издавање налог за нејзино апсење и дека потегот на Москва е обид за заплашување поради шпекулациите дека може да добие висока позиција во ЕУ.
Калас на маргините на Минхенската безбедносна конференција изјави дека налогот издаден од Русија за нејзино апсење не е изненадување, бидејќи постојат шпекулации дека по изборите за Европскиот парламент во јуни таа ќе биде избрана за шеф на дипломатијата на ЕУ.

„Тоа треба да ме исплаши и да ме натера да се воздржам од одлуки што инаку би ги донела“, изјави премиерката.

Таа и уште неколку балтички политичари се на потерница од руската полиција од 13 февруари за уништување споменици од советската ера.