(Видео) Трамп продава патики. Чинат 399 долари


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп лансираше сопствена линија на патики со брендот Трамп на Sneaker Con, конвенција за љубителите на патики во Филаделфија.

Ден претходно доби казна од 355 милиони долари

Неговото појавување беше проследено со гласни свирежи и овации откако откри пар златни патики кои се продаваат на интернет за 399 долари.

Трамп се појави на конвенцијата еден ден откако судот во Њујорк одлучи дека мора да плати казна од 355 милиони долари за лажење за вредноста на својот имот.

Се очекува Трамп да биде републикански кандидат на претседателските избори во САД во ноември.