Повеќе од 400 луѓе се приведени во Русија за време на протестите по смртта на Навални


Повеќе од 400 луѓе се приведени за време на протестите во 32 руски градови по смртта на Алексеј Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин, соопшти организацијата за човекови права „ОВД-Инфо“.

Тоа е најголемиот бран протести предизвикани од политичките случувања во Русија од септември 2022 година, кога повеќе од 1.300 луѓе беа уапсени за време на демонстрациите против „делумната мобилизација“ на резервистите за воената кампања на Путин во Украина.

Руската затворска управа на 16 февруари соопшти дека Навални, 47-годишниот поранешен адвокат, паднал во несвест и починал откако влегол во арктичката казнена колонија „Поларен волк“, каде издржувал 30-годишна затворска казна.

Организацијата „ОВД-Инфо“, која известува за слободата на јавното изразување во Русија, вели дека најмногу апсења имало во Санкт Петербург и Москва, каде поддршката за Навални традиционално била силна. Вчера во 20 часот по Гринич, повеќе од 200 лица биле приведени во Санкт Петербург.

Руските државни новински агенции, кои се под целосна контрола на Кремљ, не јавија за демонстрациите. Нема извештаи за стотиците луѓе ширум Русија кои продолжија да им пркосат на властите и да положуваат цвеќе на импровизираните споменици на Навални.