Естонската премиерка бара да се заплени рускиот имот пред претседателските избори во САД


 Каја Калас, премиерката на Естонија, изјави дека Западот треба да ги заплени замрзнатите средства на Русија пред претседателските избори во САД, што е дополнителен знак на европска загриженост за влијанието што може да го има втората победа на Доналд Трамп врз западната политика кон Русија и поддршката за Украина. – Изборите се секогаш турбулентни времиња, […]

Во Аргентина над половина од населението живее во сиромаштија, а инфлацијата е 200 отсто


 Стапката на сиромаштија во Аргентина во јануари достигна 57,4 отсто, што е највисоко ниво во последните 20 години, покажуваат резултатите од истражувањето на Католички универзитет. Сиромаштијата се продлабочи откако новиот претседател Хавиер Милеи го девалвира пезосот веднаш по преземањето на функцијата на 10 декември, што дополнително го забрза растот на цените. На крајот на 2023 […]

Најстудено утрово во Берово


Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Берово. Следат Попова Шапка со -4 степени, -2 Крива Паланка, Струмица, Маврови Анови, -1 Штип, 0 Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Крушево, 1 Битола, Виница, 2 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Охрид, Гевгелија, Куманово, Претор и 3 степени во Кавадарци и во Велес. На Попова Шапка има 3 сантиметри […]

Улици од три скопски општини денеска без струја


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (понеделник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Жеденска бр. 2, 4, 6, 8 и 10 (општина Ѓорче Петров) – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. 12 во село Долно Лисиче (општина Аеродром) – во перидот од […]

Меѓународна недела на Филозофскиот факултет


Од денеска до четврток ќе се држи 6. Меѓународна недела на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.  Темата на овогодинешната Меѓународна недела е „Вештачката интелигенција во хуманистичките и општествените науки“.  Во рамки на настанот ќе биде одиграна и претстава – „Бикот на Фаларис“, монодрама напишана и во изведба на Стивен Фридман.

Триумф на „Опенхајмер“ на „БАФТА“ – освои седум златни маски


Лондон- Филмот „Опенхајмер“ е најголемиот хит годинава на доделувањето на филмските награди „БАФТА“ во Лондон, Велика Британија, победувајќи во седум категории, меѓу нив и за најдобар филм, машка главна улога и режисер. Одличјето за најдобар филм го презеде брачната двојка Ема Томас и Кристофер Нолан (режисер), кои заедно со Чарлс Ровен беа продуценти, а ирскиот глумец […]

Сончево време со мала до умерена облачност, температура до 16 степени


 Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.  Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 19 февруари 2024 година, 50-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 316 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 25 минути, а ќе зајде во 17 часот и 11 минути. Денов трае 10 часа и 45 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

„Билд“: Русија преговарала со Германија и САД за размена на Навални


  Москва, Вашингтон и Берлин учествуваа во преговорите за размена на Алексеј Навални. Како што дознава „Билд“, во замена за политичарот, рускиот претседател Владимир Путин сакал да го добие Русинот Вадим Красиков, кој е во германски затвор осуден за убиството на поранешниот чеченски командант на теренот Зелимхан Кангошвили во Берлин. „Билд“ претходно објави дека неодамнешното […]

Драма над Белград: Авионот за Дизелдорф полетал и веднаш се вратил. Еве зошто


Пилотот на авионот што вечерва полета за Дизелдорф од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ побарал да слета веднаш по полетувањето, што предизвикало мал застој во аеродромскиот сообраќај, дознава „Блиц“. „Ер Србија“ објави дека летот JU324 од Белград до Дизелдорф, со кој управува партнерска компанија, е вратен во Белград поради технички причини. Во соопштението „Ер Србија“ наведува […]

Хрватска итно повлече од пазарот женски мирис: Може да предизвика неплодност и проблеми во бременоста


Хрватскиот Државен инспекторат ги извести граѓаните во оваа земја да престанат да го користат производот што се повлекува од полиците поради хемиски ризик. Станува збор за тоалетна вода на брендот Lotus Valley Parfumes, произведена во Обединетите Арапски Емирати. Мирисот содржи содржина што може да претставува хемиски ризик. Спорната состојка е алергенот на мирисот бутилфенил метилпропион, […]

Ракометарите на Алкалоид го совлада тимот на Тиквеш во драматичен натпревар


Ракометарите на Алкалоид остварија втора победа во плеј-офот од Суперлигата, откако во драматичен натпревар го совладаа тимот на Тиквеш со 26:25 (14:12). Алкалоид и Тиквеш одиграа одличен натпревар, како што доликува на едно дерби, се играше гол за гол, но на крајот пресуди искуството и победник од оваа пресметка излезе македонскиот вицепрвак. Најпрецизен во таборот […]

Паспаљ ја напушти болницата по операција на срцето


Легендарниот кошаркар Жарко Паспаљ е отпуштен од болница по операција на срцето. По аблацијата, хируршката процедура на која беше подложен 57-годишниот Пљевљанец, лекувањето ќе продолжи дома. Трофејниот репрезентативец и воопшто еден од најпопуларните спортисти на овие простори неодамна беше во Шкотска, во Единбург и токму тогаш за прв пат почувствува непријатност и проблеми со срцето. […]

Вдовицата на Навални в понеделник ќе се сретне со министрите за надворешни работи на ЕУ


Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во петокот во руски затвор, в понеделник ќе се сретне со министрите за надворешни работи на ЕУ. Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Жосеп Борел, на платформата X, поранешен Твитер, рече дека Навална ќе биде на Советот за надворешни работи на ЕУ. „Министрите […]

Во Франција горат 900 тони литиумски батерии


Околу 900 тони литиумски батерии горат во фабрика за рециклирање батерии во јужна Франција, создавајќи облак од густ црн чад, соопштија денеска француските власти. Пожарот избувна синоќа во магацин во сопственост на француската група за рециклирање СНАМ во Вивиез, северно од Тулуз, изјави локалниот советник Паскал Мазе на платформата Х. Весникот „Монд“ објави дека околу […]

Синер го победи де Минор и триумфира во Ротердам


Носителот број 1 во главната ждрепка на турнирот во Ротердам, Јаник Синер ја освои титулата на натпреварувањето откако го совлада Алекс де Минор со 7:5, 6:4. За 22-годишниот Синер ова е втор трофеј во годината, откако го освои првиот Гренд слем турнир во 2024 година – Австралија Опен. Следниот турнир за Италијанецот е дури на […]

Воздухопловната база „Кучово” во Албанија во служба на НАТО


Воената база “Кучово” во истоименото албанско гратче е ставена во служба на НАТО, јави албанската телевизија Топ чанел. – Ова е база ќе создаде можности за одбранбените капацитети како и за градската економија, бидејќи ќе има нови работни места. Тоа е логистичка база која ќе продолжи да се развива. Ова е добра позиција не само […]

Царинската управа спречи шверц на стоматолошка опрема, цигари, икони и поголема количина шафран и маџун


Царинската управа спречи обиди за криумчарење на икони, цигари, стоматолошка опрема, 100 тегли маџун и 5 килограми зачин шафран чија цена е 1.500 евра од килограм, што во различни случаи лица се обиделе нелегално да ги внесат во државата. -На граничниот премин Богородица царинските службеници спречија обид за нелегално внесување на црковни предмети меѓу кои […]

На телото на Алексеј Навални се пронајдени модринки, се чека обдукција, објави Новаја Газета Европа


Телото на Алексеј Навални е во болница во северниот сибирски град Салехард, кој се наоѓа во Арктичкиот круг, објави денеска независниот весник на руски јазик Новаја Газета Европа. Од вчера не беше извршена обдукција, објави антивладиниот весник што моментално се печати во Летонија. „Обично телата на оние кои умираат во колониите се доставуваат директно до […]

Бразилскиот претседател Лула предизвика гнев кај Израел споредувајќи ја војната во Газа со Холокаустот


Израел го обвини бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва за тривијализирање на холокаустот и навреда на еврејскиот народ, откако ја спореди израелската војна против Хамас во Газа со нацистичкиот геноцид во Втората светска војна. „Она што се случува во Појасот Газа со палестинскиот народ нема споредба со другите историски моменти. Всушност, тоа постоело кога […]