Вдовицата на Навални в понеделник ќе се сретне со министрите за надворешни работи на ЕУ

ЕУ ќе обезбеди платформа за Јулија Навалнаја да го критикува рускиот претседател Владимир Путин и да го поттикне противењето на неговиот режим


Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во петокот во руски затвор, в понеделник ќе се сретне со министрите за надворешни работи на ЕУ.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Жосеп Борел, на платформата X, поранешен Твитер, рече дека Навална ќе биде на Советот за надворешни работи на ЕУ.

„Министрите на ЕУ ќе испратат силна порака за поддршка на борците за слобода во Русија и ќе го почитуваат споменот на Алексј Навални“, објави Борел.

Навална е активна од смртта на нејзиниот сопруг, за која многу западни лидери тврдат дека била оркестрирана од режимот на Владминир Путин – обвинение што Русија го негира.

Говорејќи на Минхенската безбедносна конференција во петокот – истиот ден кога беше објавена смртта на нејзиниот сопруг – Навална рече: „Сакам Путин, неговите пријатели и владата да знаат дека ќе одговараат за она што и го направија на нашата земја, нашата семејството и мојот сопруг“.