Во Аргентина над половина од населението живее во сиромаштија, а инфлацијата е 200 отсто


 Стапката на сиромаштија во Аргентина во јануари достигна 57,4 отсто, што е највисоко ниво во последните 20 години, покажуваат резултатите од истражувањето на Католички универзитет.

Сиромаштијата се продлабочи откако новиот претседател Хавиер Милеи го девалвира пезосот веднаш по преземањето на функцијата на 10 декември, што дополнително го забрза растот на цените.

На крајот на 2023 година, стапката на сиромаштија беше 49,5 отсто.

Милеи вети дека ќе ја „доларизира“ економијата, ќе ја спречи инфлацијата која надмина 200 проценти, ќе го намали буџетскиот дефицит на нула и ќе укине бројни социјални програми.

Во декември, Владата започна серија економски реформи, девалвирање на курсот на пезосот во однос на доларот за 54 отсто, што ги намали приходите на луѓето и ги зголеми цените. Паралелно, Буенос Аирес ги намали субвенциите за енергија и транспорт и ги зголеми даноците.