Главната вечер на фестивалот „Таксират“ ќе се одржи вечерва во арената „Борис Трајковски“


 Во Арената „Борис Трајковски“ вечерва ќе се одржи главната вечер на фестивалот „Таксират“, со што ќе биде затворено јубилејното 25-то издание на македонскиот алтернативен музички фестивал. Публиката ќе има прилика да ужива во повеќе од 10 концерти и настапи кои паралелно ќе се одвиваат на три бини, а на кои ќе се претстават скоро 20 […]

Полугодие стигна – дури сега се пријавиле рецензенти за учебникот по историја и општество за шесто


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува учениците наскоро да го добијат и учебникот по предметот историја и општество затоа што, по неколку обиди на МОН, се пријавиле кандидати за рецензија.  Посочи дека за учебниците што недостигаат учениците имаат материјали за учење подготвени од Бирото за развој на образованието и тие им се доставени […]

СДСМ и ДУИ не разговарале за името на техничкиот премиер, вели Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека за името на техничкиот премиер се уште не разговарале со раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ).  – Во однос на името на техничкиот премиер не сме разговарале, рече премиерот одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Фармацевтскиот факултет во Скопје.    За изборниот настап, Ковачевски вели дека СДСМ […]

ЦУК: Поради најава за снег да се избегнуваат планински превои


Поради најавата за снег и температури околу и под нулата, Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните доколку немаат неопходна потреба попладнево и вечер со своите возила да ги избегнуваат сите планински превои и други вообичаени критични точки при снежни врнежи.  Граѓаните доколку патуваат да користат (или со себе да носат) зимска опрема, […]

Спасовски: Да не се политизира двојното убиство, доколку Мицкоски има докази, да ги достави до надлежните органи


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска од Охрид уште еднаш испрати порака да не се политизираат убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски и повика на одговорно однесување од сите. – Политиканството или што било друго во вакви случаи на убиства мислам дека уште еднаш ги убива жртвите и тоа не е добро […]

Кочо Анѓушев веќе не е почесен конзул на Малта


  Откако поранешниот вицепремиер и истакнат бизнисмен, Кочо Анѓушев, беше ставен на црната листа на САД со забрана за влегување тој веќе не е почесен конзул на Малта. Во своето соопштение до медиумите Анѓушев вели дека без оглед што не се согласува со наводите на Стејт депертментот „ги ценам и прифаќам како одлука и сметам […]

Облачно со северен ветер за продолжениот викенд


Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен претпладне долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од минус шест до четири степени, а максималната од еден до 9 степени.  Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура […]

Градски паркинг-Скопје утре нема да наплаќа за паркирање во зоните А, Б, Ц и Д


ЈП „Градски паркинг“-Скопје соопшти дека утре, на празникот Свети Климент Охридски, нема да се наплаќа зонско паркирање на јавните површини со кои стопанисува ова јавно претпријатие односно на  зоните А, Б, Ц и Д.  Како што информира, редовна наплата ќе се врши на паркиралиштата:  Зона А0- Водно, катни гаражи „Беко“ и „26 Јули“ и јавните […]

Спасовски очекува денеска да биде испратена целосната документација на екстрадиција на Палевски


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува денеска да биде испратена во Турција целокупната потребна документација на екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.  – Започната е целосната постапка, доставени се сите материјали до Министерството за правда. Според моите информации и разговор со министерот уште вчера се работи на […]

Кривична пријава ќе има и за возачот што го носел Палевски до Турција


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека сѐ уште трае распитот на адвокатот Васко Стојков, со кого Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, замина во Белград. – Адвокатот е задржан на распит којшто сѐ уште трае во рамките на 24-часовното задржување и кога ќе заврши службите ќе одлучат […]

Град Скопје конечно ги доставил документите за Универзална сала до Министерството за култура


  Повеќе од една година помина откако министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, ненадејно отидоа кај градоначалничката Данела Арсовсска во Град Скопје, за да се договорат Министерството за култура да ја преземе реконструкцијата на Унивезалната сала.  Вчера, Владата на седница го задолжи Министерството за култура да ги разгледа документите […]

Обвинител ги заташкувал предметите, побарано негово разрешување


  Јавното обвинителство денеска соопшти дека е поднесен предлог за разрешување на јавен обвинител поради тоа што не постапувал по предмети во законски пропишаните рокови.  Во соопштението не се наведува за кој јавен обвинител станува збор, освен дека тој е од Основното јавно обвинителство Скопје. Според некои медиуми, наводно станува збор за Мартин Митревски, кој го […]

Целосно распаѓање на германската екстремна левица: Од групата пратеници во Бундестагот остана само „Error 404“


  Германската екстремна политичка левица (Die Linke) објави дека официјално ќе ја распушти својата парламентарна фракција откако една од најпознатите партиски функционери Захра Вагенкрехт формираше посебна политичка опција. Дитмар Барч, претставник на Левица, го коментираше овој потег на партијата и рече дека целата ситуација е горчлив пораз за нив. „Ова е секако историска пресвртница и […]

За Предлог – буџетот за 2024 година поднесени се 272 амандмани, 250 се од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата


Претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Бојан Стојаноски на прес-конференција информира дека од денеска почнува разгледувањето на амандмани за Буџетот за 2024-та година во матичното тело. Тој соопшти дека вкупно се поднесени 272 амандмани, од кои 250 се од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. -Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за овој Предлог […]

Зибери: Институциите не успеаја да овозможат соодветна и правична застапеност во јавниот сектор


Народниот правобранител Насер Зибери денеска го претстави Посебниот извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност во јавниот сектор и Посебниот извештај од анализата на податоците за полова и образовна застапеност за 2022 година. -Констатација на Народниот правобранител е дека скоро сите помалубројни заедници се застапени со скоро идентичен процент на […]

Принцот Константин од Лихтенштајн „неочекувано“ почина на 51 година


ЖЕНЕВА – Принцот Константин, најмладиот син на владејачкиот принц од Лихтенштајн Ханс-Адам Втори, ненадејно почина оваа недела, се вели во соопштението на кнежевството на 6 декември. Тој имаше 51 година. „Кнежевската куќа со жалење објави дека принцот Константин од Лихтенштајн неочекувано почина на 5 декември 2023 година“, се вели во соопштението. Константин беше седми во […]

СДСМ: Кај Мицкоски нема ни грам човечност


  Христијан Мицкоски вели дека има сериозни информации оти истрагата за грабнувањето на Вања Ѓорчевска почнала предоцна, а СДСМ го обвини дека во него нема ни грам човечност. За време на синоќешното интервју на ТВ Шења лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  фрли сомнежите и обвинувањата и како многу пати во слични ситуации рече дека за тоа не […]