Целосно распаѓање на германската екстремна левица: Од групата пратеници во Бундестагот остана само „Error 404“


 

Германската екстремна политичка левица (Die Linke) објави дека официјално ќе ја распушти својата парламентарна фракција откако една од најпознатите партиски функционери Захра Вагенкрехт формираше посебна политичка опција.

Дитмар Барч, претставник на Левица, го коментираше овој потег на партијата и рече дека целата ситуација е горчлив пораз за нив.

„Ова е секако историска пресвртница и горчлив пораз за сите нас“, рече Барч.

Претставниците на Левица ќе продолжат да бидат пратеници во германскиот Бундестаг, но повеќе нема да бидат дел од официјалниот клуб на претставници.

Распуштањето на парламентарната фракција значи и дека партијата ја губи финансиската поддршка и ќе биде принудена да отпушти одредени кадри и да ликвидира имот.

Распуштањето на Левицата доаѓа откако Вагенкнехт поднесе оставка и основа нова партија, земајќи ги со себе деветте парламентарци од левицата.

„Вагенкнехт ја критикуваше воената поддршка на Германија за Украина и повика на обновување на односите со Москва. Нејзините политички ставови за Русија, исто така, создадоа длабоки поделби во партијата“.

Иако најавија дека на следните избори ќе ја обноват фракцијата на партијата, Левица се соочува со голем пад на популарноста. Според последните анкети, партијата ужива само три отсто поддршка, што е далеку под прагот потребен за влез во парламентот.

За да може една партија да формира клуб на претставници во Бундестагот, потребни се најмалку 37 пратеници. Откако многу членови ја напуштија партијата, Левица сега има 28 претставници.

По сите настани, веб-страницата на Бундестагот беше ажурирана многу брзо и сега на местото каде што се наоѓаа информациите за Левица има само „Error 404“, како знак дека страницата, односно информацијата веќе не постои. (Политико)