Агелер: Членство на Македонија во ЕУ е клучно за реформите


  Членството на Македонија во Европската унија е клучно за спроведување на реформите, смета американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер. По посетата на американските војници, кои поддржани од Армијата изведуваат вежба на Криволак одговарајќи на новинарско прашање во врска со декемврискиот самит на ЕУ и неизвесноста околу добивање датум за преговори, поради неспроведените уставни измени, […]

Ердоган и Мицотакис потпишаа историска декларација за добри соседски односи


  Грција и Турција денеска потпишаа заедничка декларација за продолжување на добрососедските односи. Овој потег доаѓа за време на внимателно следената посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Атина. „Географијата и историјата диктираа да живееме во исто соседство. повремено во конфронтација. Но, чувствувам историска одговорност да ја искористам оваа можност да ги доведам двете […]

Амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2024: Се бара пониско ДДВ за огревното дрво, за струјата…


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почна разгледувањето на амандмани за Буџетот за 2024-та година, откако вчера заврши општиот претрес. За Предлог-буџетот поднесени се вкупно 272 амандмани од овластени предлагачи, од кои 250 се од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. На денешниот прв ден беа разгледани три амандмани и од страна на претставниците […]

Бектеши: Доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените


Мерките ги даваат своите резултати во делот на зачувување на животниот стандард. Во случај одредена мерка да се злоупотреби не само што ќе ја продолжиме, туку и ќе ги зајакнеме инспекциските капацитети, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Нагласи дека доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените на прехранбените производи […]

Рускиот нафтен гигант „Роснефт“ ја тужи германската влада


Руската нафтена компанија „Роснефт“ поднесе тужба во германскиот Уставен суд против владата, поради воведувањето државна администрација во нејзината подружница, соопштија денеска адвокатите на компанијата. Во септември минатата година, владата го презеде Роснефт Дојчланд, доверувајќи му го управувањето со своите рафинерии во Швед, Карлсруе и Вохбург на домашниот енергетски регулатор. Во октомври Роснефт поднесе тужба. „Роснефт […]

До средината на јануари се очекува да се донесат новите закони за администрацијата и за дигиталната безбедност


 Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу очекува до средината на јануари да бидат донесени петте закони за реформи во јавната администрација и дигитална трансформација на државата, што беа усвоени на вчерашната седница на Владата.  Станува збор за Законот за административни службеници, Закон за вработени во јавниот сектор, Законот за стручно усовршување и обука […]

Петнаесет илјади студенти седум месеци ќе добиваат ваучер за превоз од 600 до 1.200 денари


Во рамки на деветтиот пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, предвидено е во наредните седум месеци, 15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање, да добијат ваучер за превоз во износ од 600 до 1.200 денари, за што се предвидени два милиони евра, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски кој беше во […]

Истражување: Довербата е ниска, но на владата повеќе ѝ веруваат отколку на Собранието и партиите


  Довербата на граѓаните во институциите и натаму е долни нивоа и таа се движи од ниска кон умерена, при што нема институција во државата која ужива висока доверба. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење што Институтот за комуникациски студии го реализираше во текот на октомври и ноември оваа година. Во истражувањето што го […]

Во Прилеп „Отворен час“ по повод 30 години од смртта на великанот Блаже Конески


Со „Отворен час“ и со почит пред споменикот во центарот на Прилеп денеска беа одбележани 30 години од смртта на великанот, кодификаторот на македонскиот стандарден јазик, академикот и писател Блаже Конески. Во организација на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ и на прилепскиот Завод и музеј повеќе делегации од Прилеп и општина Долнени се поклонија и […]

Студентите ќе добијат и ваучери за посета на туристички места во земјава


За студентите ќе има ваучери за туризам како дополнителна мерка за подобрување на студентскиот стандард, покрај поддршката за превоз што е дел од пакетот антикризни мерки. Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека студентите ќе бидат поддржани со нова мерка –  ваучери за посета на туристички места во земјава. За тоа ќе бидат наменети 64 […]

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски


Министерството  за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски кое преку Министерството за надворешни работи ќе биде доставено по дипломатски пат до турските власти. Од Министерството за правда соопштуваат дека оригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до Интерпол.  – […]

Јавна дебата „Чебрен е наш ресурс и не е за раздавање“


Проектот за изградба на хидроцентралата Чебрен по пат на јавно – приватно партнерство е штетен и со него се нарушува електроенергетската независност на земјава, но и се дава на управување воден ресурс кој е веројатно најзначаен во овој век. Мора да останат во државна сопственост сите значајни енергетски капацитети и секое распродавање на блоковите во […]

Професорот Калајџиев предупредува на реториката во јавноста за Палевски


  Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, изјави дека првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски може лесно да тврди дека тука не може да добие фер судење поради реториката што се шири против него во јавноста, пропратена со термини како „монструм“, „психопат“, „свирепо убиство“. Во изјава за медиуми пред панел-дискусија за корупција […]

Лога: Денеска ќе биде пуштено барањето за екстрадација на Љупчо Палевски


Барањето за екстрадација на Љупчо Палевски – Палчо ќе биде пуштено денеска и преку електронска пошта и преку нашата Амбасада и верувам дека после добивање на нашето барање, ќе контактираме директно и со министерот за правда на Турција, изјави министерот за правда, Кренар Лога. Во изјава за медиумите пред панел-дискусијата за корупција во високото образование, […]

Над 22 години затвор може да добијат лицата кои ја проектираа зградата во Дијарбекир, што се урна во земјотресот во февруари


Анкара – Казна затвор од над 22 години може да добијат луѓето кои ја проектираа станбената зграда во градот Дијарбекир, што се урна за време на разорните земјотреси во југоисточна Турција во февруари, објави ТВ Си-Ен-Ен-Турк. Вкупно 77 лица загинаа, а 29 се повредени при уривање на зградата. Во истрагата спроведена по трагедијата било утврдено дека […]

Германската амбасадорка промовираше инклузивно катче во центарот за аутизам „Блу пазл“ во Гостивар


Германската амбасадорка во нашата земја Петра Дрекслер при работната посета на Гостивар го промовираше инклузивното катче за рекреација во центарот за аутизам „Blue Puzzle“. Набавката и монтирањето на опремата и реквизитите во дворот на центарот беше овозможено преку донацијата на германската амбасада. Амбасадорката Дрекслер искажа задоволство од соработката и го пофали ангажмaнот на раководството на […]

Ковачевски: Мицкоски се поставува како истражител и обвинител


  Премиерот Димитар Ковачевски не сака да навлегува во мотивите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ околу неговите изјави за страшната ликвидација на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, но го повика ако има докази да ги достави до МВР и Обвинителството. Ако ги прикрива тоа е исто така кривично дело. „Што се однесува на коментарите на лидерот […]

Заврши реставрирањето на иконите на Дичо Зограф кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тиранa


– Успешно е завршена реставрацијата на трите икони од познатиот македонски зограф Дичо Зограф, кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана, информираше Националниот институт за културно наследство на Албанија на  официјалната страна на Фејсбук. Станува збор за иконата „Свети Атанасиј“ и „Свети Харалампиј”,  двете изработени во 1855 година, како и „Свети Никола“ изработена […]