Агелер: Членство на Македонија во ЕУ е клучно за реформите
Членството на Македонија во Европската унија е клучно за спроведување на реформите, смета американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.
По посетата на американските војници, кои поддржани од Армијата изведуваат вежба на Криволак одговарајќи на новинарско прашање во врска со декемврискиот самит на ЕУ и неизвесноста околу добивање датум за преговори, поради неспроведените уставни измени, Агелер уште еднаш повтори дека ставовите на САД се јасни во однос евроинтегративниот процес во земјата.
„Во секој случај нашите ставови се јасни. САД не се членка на ЕУ, меѓутоа се надеваме дека во најбрз можен рок вие ќе станете членка во ЕУ, затоа што сметаме дека вашето членство во Унијата е клучно за спроведувањето на реформите и во исто време сметаме дека со можните направени промени ќе станете полноправна членка на ЕУ што е можно поскоро“, изјави Агелер одговарајќи на новинарско прашање.
Таа не сакаше да го коментира ставот на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан за опозицијата, кој во интервју за „360 степени“ во однос на ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да поддржат уставни измени под бугарски диктат.