Се празнува Св. Климент Охридски – изворот на нашата духовност и образование


Со низа настани денеска во земјава ќе биде одбележан 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, и патронен празник на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Во Собранието на Република Северна Македонија ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“ за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето […]

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“


Во Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2023 година. Државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието ќе и биде доделена на проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор, а за остварување во областа на културата и уметноста на филмскиот режисер Антонио Митриќески. Државната награда „Св. […]

Оштетени корпи и отпад низ улиците на Скопје, казни има само од МВР, но сепак недоволни


Често се наоѓаме во ситуација да не можеме да најдеме корпа или канта каде да го фрлиме отпадот низ улиците на Скопје, или ги нема, или се премногу оштетени, а некогаш дури и се преполни. Од друга страна, пак, гледаме и премногу отпад низ улиците на главниот град, што укажува на недостиг на корпи за […]

Заврши скрининг процесот – заокружена првата фаза од целта за членство во ЕУ до 2030 година


Со затворање на билатералниот состанок за „Поглавјето 31 – Заедничката надворешна и безбедносна политика“ од Кластерот 6 вчера во Брисел официјално заврши скрининг процесот на Северна Македонија со ЕУ, со што земјата заокружи една есенцијална фаза што треба да ја воведе во следната фаза од преговорите, продолжување со реформите и завршување на обврските со цел […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен претпладне долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. […]

Битка меѓу Ковачевски и Мицкоски во Изборната единица 1


  Лидерите на двете најголеми партии, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, ќе се соочат во Изборната единица 1 чиј центар е Скопје. Ковачевски во вечерашново интервју за „360 степени“ на МРТ изјави дека е нормално и како лидери и како предводници на изборните листи да имаат предизборни соочувања. „Сметам дека сите носители на листи и […]

Ковачевски: Пендаровски влегува во профилот на потенцијалниот претседателски кандидат на СДСМ


СДСМ својот претседателски кандидат за изборите закажани на 24 април 2024 година ќе го бира преку дефинирана процедура, најдемократски. Актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски, ако го анализираме неговото работење во изминатите пет години, апсолутно влегува во профилот. Тој беше поддржан од коалиција која вклучуваше и албански партии, истакна премиерот Димитар Ковачевски, но не откри […]

Жирафата Флопи угинала како последица на малиген тумор на црниот дроб и метастази во белите дробови


Патохистолошкиот наод, микробиолошкиот и молекуларниот наод од Факултетот за ветеринарна медицина утврди дека угинувањето на жирафата Флопи се случило како последица на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови, соопшти ЗОО Скопје. -Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. […]

Малолетничка удрена од возило на булевар „Србија“, пренесена е во болница


Малолетно девојче е удрено вечерва од возило на булевар „Србија“, кај бензинската станица „Лукоил“, во Општина Аеродром. Девојчето е пренесена во болница, а екипи на МВР вршат увид на местото на несреќата. Од МВР за МИА велат дека увидот уште не е завршен и дека дополнителни информации ќе има по неговото завршување.

Забрана за тешки товарни возила на планинскиот превој „Ѓавато“


На магистралниот пат А-3, Битола-Ресен, на планинскиот превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег и задржување на истиот на коловозот, вечерва воведена е забрана за движење на товарни моторни возила. Како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, забраната почнува од 18:35 часот.

Американци купија 12,5 отсто акции во ПСЖ за четири милијарди евра


Американската приватна финансиска групација Арктос Партнерс стекна малцински удел во францускиот фудбалски првак ПСЖ, објави попладнево клубот од Париз. ПСЖ соопшти дека инвестицијата ќе биде искористена за поддршка на иницијатива за изградба на стадион и тренинг центар. Финансиските детали не се соопштени, но весникот „Фајненшл Тајмс објави дека Арктос ќе купи 12.5 отсто од акциите […]

Електронската трговија и дигитализацијата играат клучна улога во развојот на пазарот на ЦЕФТА


Конференцијата CEFTA Week 2023 наречена „e-CEFTA: Кликни, поврзи се и тргувај“, која собра околу 300 учесници и во живо и онлајн, се одржа денеска во Подгорица. Традиционалниот годишен собир на високи функционери од економиите на ЦЕФТА, Европската Унија и други регионални и меѓународни организации, заедно со претставници на бизнисот, даде можност да се истражи потенцијалот […]

Болна исповед на мајката на Вања: „Не можам да разберам зошто моето девојче е во гроб“


  Зорица Ѓорчевска, мајката на 14-годишната Вања Ѓорчевска, чие тело беше пронајдено во близина на Скопје, откако беше киднапирана и брутално убиена, даде ексклузивна изјава – прва откако е пронајдено телото на нејзината ќерка – за српска „Република“. „Не сум во можност да зборувам. Сѐ уште не знам зошто се случи ова. Сè уште го […]

Снег и магла во Крушево, Прилеп, Плетвар и Пресека


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Снег врне во Крушево, Прилеп, Плетвар и Пресека, каде што има и магла со видливост до 30 метри. Врнежи со послаб интезитет имаме на Попова Шапка, Маврово, Стража, Страцин, Македонски Брод, Буково и Ѓавато, соопшти ЈП Македонијапат. На одредени патни правци кои […]

Одреден 30-дневен притвор за возачот на Палевски


Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел до Србија до Турција, Љупчо Палевски – Палчо,  првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 73-годишниот велешенец Панче Жежовски, потврдија од Кривичен суд за МИА. Притворот му е одреден поради […]

На армискиот полигон „Криволак“ вежбовни активности „Храбар партнер 23“


Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со амбасадорката на САД, Анџела Агелер денеска ги посетија   американските војници кои со припадниците на  македонскатаа Армијата изведуваат вежба на „Криволак“. И министерката и амбасадорката кажаа дека вежбата ја гради заемната доверба, пријателство и партнерство. Припадниците на македонската армија имаа можност да се уверат во способностите на возилата […]

Јутјуберот Тревор Џејкоб мора да оди во затвор за намерно уривање на авион


Случајот со познатиот јутјубер Тревор Џејкоб заврши со пресуда според која тој треба да помине шест месеци во федерален затвор откако намерно урнал авион заради гледаност. Поранешниот олимпиец призна дека ги лажел инспекторите и отстранувал докази. Сега конечно треба да заврши долгата истрага, при што Џејкоб ја изгубил пилотската дозвола. Сè започна во декември 2021 […]

Стејт департмент: Договорот за НАТО стапи во сила за  Македонија


Вашингтон – Државниот секретар на САД Ентони Блинкен информираше денеска дека со депонирањето на инструментите за ратификација на Договорот за правната положба на НАТО, договорот стапил во сила за Северна Македонија.  -На 4 декември 2023 година Република Северна Македонија ги депонираше интрументите за ратификација на Договорот за статусот на Организацијата на Северноатлантскиот договор, националните претставници и […]

Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред


Поради државниот празник Св. Климент Охридски, јавниот превоз во Скопје утре, петок, 8 декември, ќе сообраќа по неделен возен ред, информираше денеска Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје). Дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, која утре ќе работи во периодот од 6 до 13 часот. Жичарницата, пак, утре ќе работи од 10 до 17 […]