8 декември во историјата – Убиен е Џон Ленон


  Џон Ленон, поранешен член на „Битлси“, рок групата што ја трансформираше популарната музика во 1960-тите, е застрелан и убиен од опседнат обожавател во Њујорк. 40-годишниот уметник влегуваше во својата луксузен апартман во зграда на Менхетен, кога Марк Дејвид Чепмен го застрела четири пати од непосредна близина со револвер со калибар 0,38. Ленон, обилно крвавејќи, […]

На 20 хрватски навивачи на Динамо Загреб ќе им се укине притворот во Атина и ќе бидат ослободени


По доставените барања за пуштање од притвор, 20 хрватски навивачи на Динамо Загреб ќе бидат ослободени, откако беа притворени за убиството на навивачот на АЕК на почетокот на август, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.  Според истите информации, навивачите ќе бидат пуштен на слобода со два рестриктивни услови: забрана за влез во […]

Почна судењето на Дритан Абазовиќ


Во Основниот суд во Улцињ продолжи судењето на поранешниот црногорски премиер и лидер на опозициската Ура Дритан Абазовиќ. Судењето се одвива врз основа на тужбата на поранешниот полицаец Зоран Лазовиќ. Адвокатот Зоран Пиперовиќ поднел шест тужби против Абазовиќ во име на Зоран Лазовиќ, бизнисменот Ранко Убовиќ, фирмата „Бемакс“ и бизнисменот Александар Мијајловиќ, објави порталот РТЦГ. […]

Триесет и две години од светската титула на Панчев и Најдоски со Црвена ѕвезда


 Пред 32 години на денешен ден легендите на македонскиот фудбал Дарко Панчев и Илија Најдоски ја освоија светската клупска титула триумфирајќи со белградска Црвена ѕвезда над чилеански Коло Коло во финалето на Интерконтиненталниот куп. Шест месеци по историскиот триумф над Олимпик Марсеј во Бари во финалето на Купот на европските шампиони, Црвена ѕвезда на 8 […]

Митреска: За финансирање на зелената транзиција потребно е вклучување на државата, приватниот сектор и меѓународните организации


Зелената транзиција бара значителни инвестиции, а за да се обезбедат доволно финансиски средства за целните резултати, потребен е холистички пристап, преку вклученост на владите, на приватниот сектор и силна поддршка од меѓународните институции. Потребна е многу поголема вклученост на приватниот сектор во зелените инвестиции во земјите во развој, којашто според анализите на ММФ, треба да […]

Филмот „М“ на Вардан Тозија доби награда за најдобар филм на фестивал во Њујорк


 Филмот „М“ на Вардан Тозија ја доби наградата за најдобар филм на њујоршкото издание на фестивалот „Dances with films“. -Одушевен сум што ја примам наградата за најдобар филм на годинашното издание на „Dances with films“ во Њујорк. Претставуваше голема чест и уникатно искуство да се биде дел од официјалната селекција на овој исклучителен фестивал, со […]

Амстердам воведува ограничување на брзината од 30 километри на час на повеќето градски улици


Амстердам од денеска ќе стане првиот град во Холандија што ќе воведе ограничување на брзината од 30 километри на час на повеќето улици, во обид градот да биде побезбеден и потивок, јави ДПА. Ова ограничување на брзината е неопходно поради зголемениот број на пешаци во градот, изјави Мелани ван дер Хорст, градска советничка задолжена за […]

Русија купува мигранти на границата со Финска и ги праќа во војна во Украина


Русија се обидува да регрутира странски мигранти што ги фатила на границата со Финска, пишува Би-би-си и додава дека видела докази за неколку случаи во кои странски државјани за краток временски период биле префрлени во воен камп на границата со Украина. Русија ги принудуваше луѓето во притворните центри да потпишуваат договори за воена служба во […]

Грчкиот Парламент го изгласа новиот закон за справување со затајувачите на данок


 Со 158 гласа „за“ – сите од пратениците од владејачката Нова демократија, грчкиот Парламент доцна синоќа го изгласа законот за измените во начинот на оданочување и справување со затајувањето на данок, јави дописничката на МИА од Атина.  Против беа 140 пратеници, сите од опозициските партии.  Предлог-законот на Министерството за национална економија и финансии „Мерки за […]

Свечена академија по повод Денот на св. Климент Охридски


Во пресрет на великиот црковен и државен празник – Денот на св. Климент Охридски, синоќа во „Музејот на македонската борба за самостојност“ се одржа свечена академија. На Академијата слова произнесоа поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р […]

Дојави за бомби во повеќе училишта во Белград


Утрово неколку училишта во Белград добиле дојава за бомба, дознава Телеграф. Извештајот дојде до основното училиште Франција Прешерн во Миљаковац и основното училиште „Иво Андриќ“. Според неофицијални информации на Телеграм, до неколку белградски училишта стигнале дојави. Учениците поради пријавите морале да ги напуштат училниците. Полицијата е на терен и ја проверува веродостојноста на пријавите.

Додик се пофали дека имал средба со Путин, на крај воопшто не отишол во Москва


Претседателот на  Република Српска Милорад Додик не отпатува за Москва на средба со рускиот лидер Владимир Путин во ноември, иако тој самиот најави дека средбата ќе се одржи. Со оглед на тоа дека веќе е 8 декември, порталот Klix.ba пишува дека е јасно дека планот на Додик, барем во планираниот период, пропаднал. „На почетокот на […]

Блинкен: Воената помош за Украина ќе создава раст и работни места во САД


 Соочени со големиот политички отпор за понатамошна помош за Украина, американската влада сега користи економски аргументи за кампања за понатамошна поддршка за Киев, јавува денеска германската новинска агенција ДПА. По вчерашниот состанок со неговиот британски колега Дејвид Камерон во Вашингтон во американскиот државен секретар Антони Блинкен рече: Ако ги погледнете инвестициите што ги направивме во […]

Шолц повика на солидарност со Евреите во Германија на почетокот на празникот Ханука


Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на солидарност и сочувство за Евреите во Германија додека ја палеше првата свеќа по повод почетокот на Ханука, еврејскиот празник на светлината, јави ДПА. – Ова е особено важно во овој момент, изјави Шолц синоќа во Берлин. – Значи, секој од нас може да им даде моќ на зборовите „Никогаш […]

Пендаровски: Со своето дело Св. Климент Охридски остави трајно наследство коешто изобилува со духовност и со мудрост


Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, господин господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православната вероисповед. -Дозволете ми да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски и […]

Си-Ен-Ен: Против Хантер Бајден се покренати нови обвиненија за даночни престапи


Американското Министерство за правда поднесе ново обвинение против синот на американскиот претседател Џо Бајден – Хантер Бајден, соопшти синоќа Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свои извори. Бајден вчера беше обвинет пред федералниот суд во Лос Анџелес за учество во четиригодишна шема за избегнување плаќање даноци во вредност од околу 1,4 милиони долари, соопшти Министерството за правда. […]

Конечно слободни – што раскажуваат ослободените израелски заложници


Повикот предизвика измешани чувства кај Јаир Мозес. Неговата мајка Маргалит се очекуваше да биде меѓу првите заложници што ќе бидат ослободени од Појасот Газа на 24 ноември, само неколку часа по стапувањето на сила на прекинот на огнот. Милитантната исламистичка терористичка организација Хамас ја одведе Маргалит Мозес во Газа на 7 октомври, откако беше киднапирана […]

Харков повторно цел на руско гранатирање


Источноукраинскиот град Харков беше погоден од неколку руски проектили, соопштија властите во текот на ноќта и информираа дека најмалку едно лице е повредено. „Окупаторите го погодија Харков шест пати“, напиша во Телеграм Олег Синегубов, шеф на регионалната воена администрација, посочувајќи дека на самото место му била укажана помош на повредено лице. Погодени се регионите Холоднохирски […]

Бела куќа: САД не му дадоа рок на Израел за запирање на операцијата во Газа


САД не му дадоа цврст рок до кој Израел треба да ги запре големите борбени операции против милитантната група Хамас во Појасот Газа, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Фајнер. Тој додаде дека ако војната заврши сега, исламистичката група ќе продолжи да претставува закана. Говорејќи на безбедносниот форум во Аспен, Фајнер истакна […]

Маричиќ на состанок на Одборот на Инвестициската рамка за Западниот Балкан


Вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач на земјава со ЕУ, Бојан Маричиќ денеска ќе присуствува на петтиот состанок на Стратешкиот одбор на Инвестициската рамка за Западниот Балкан (ВБИФ) заедно со генералниот директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија (НЕАР), Герт Јан Копман и со генералниот директор на Одделот […]